Што со плаќањето? Кој би требало да плаќа?

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.796
Поени од реакции
24.663
А муш ми едвај чека јас да заработувам доволно, за тој да може да седи дома и да ги извршува домашните обврски. :D Ако ова навистина биде така, јас збор нема да речам за парите! Значи да бидеш невработен не значи исто што и да бидеш легач.
Уствари веќе сме биле во ситуација кога само јас сум имала примања, па збор не сум рекла. Ама затоа пак муш ми не е типичен балканец и не се срами да ги извршува „женските работи“. Парите, сите на куп, ни биле достапни и на двајцата без разлика кој ги носи.
Што значи ова? Дека генерализирате и дека муабетиве од поназад ви држат вода само ако мажот што не е вработен лежи дома и чека жената да се врати од работа за да зготви и исчисти.
Во таков случај секој нормален ќе се буни и ќе избега.
Не знам, можеби и нашата идеологија ни влијае доста во размислиувањата, за среќа!
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.348
Поени од реакции
108.688
Да не слушнам уште некој да и се обратил на Џесика со погрдни зборови. Девојчето е потполно во право, и наместо да кажува фрази и општи места од типот сакам да направам кариера и да заработам пари, оти ако седам дома ќе умрам, си ја кажува вистината.

Повеќето од вас имаат толку извртени и плитки сфаќања за машко женските односи, што да не бев добронамерен ќе ве наречев не многу бистри, но ајде ќе кажам дека сте биле подложени на ефтина пропаганда.

Работата за пари никого не направила подобар човек. Никого. Рабоата по дифолт е деградирачка. Во Библијата е опишана како казна од Бог. Ќе го заработуваш лебот низ потта своја, така му рекол Бог на Адам. Работата оплеменува само ако работиш нешто што ти е интересно, но тука веќе паричната награда не игра никаква улога. Колку од вас ќе имаат кариера во таков вид на работа? Веднаш ќе ви кажам. Помалку од 1%. Без разлика дали ќе се образувате или не, најчесто ќе работите работи што не ги сакате, ќе трпите луѓе кои не ги сакате, и ќе го нарекувате тоа кариера, и ќе бидете среќни што можете влошки да си купите. Јака работа.

Мислам дека имам пишувано за овој пример на една друга тема. Еднаш во емисија кај Опра се појави жена на некој богат Арап. Накитена со накит, дотерана, нашминкана, преубава. Споредена со дебелите Американки во студииото, изгледаше како од друг свет да е дојдена. Се обиде Опра надмено нешто да и каже дека таа не работела, немала некои права, а оваа само надмено ја погледна и и се насмее во сурат. Мислам дека и Опра сфати колку е саатот.

Една работа сфатив на темата, полошо од феминстка е само машки феминист. Бог да чува и да брани. :neetaka:[DOUBLEPOST=1426324000][/DOUBLEPOST]

Подобро така да трипаат, отколку да трипаат дека ќе направат нали кариера и ќе го сменат светот. Ништо полошо од self-righteous bitch. Всушност, напишав погоре, полошо е машки феминист.
Аналогно на ова и јас можам да кажам дека ти имаш плитки сфаќања. На што се однесува твојов заклучок, на пишаните зборови од Џесика? За што е во право Џесика? Тоа што не и се рмба за 400 евра?? :pos: За 400 евра еј, а некој во земјава толку пари никогаш во животот нема видено, а не пак месечно да заработува по толку. Што она постигнала во животот за да не и се рмба за 400 евра? Завршила факултет? Докторат има? Ја откри Америка? Што бе Ставро?
Јас ваквиот тим на размислувања го категоризирам во типот снобовски размислувања, типични за луѓе кои никогаш во животот се немаат помачено и немаат пролеано капка пот во животот, па макар тоа било за положување изборен предмет на факултет.

Не можам да си објаснам во себе како може некој човек, без разлика дали е женско или машко, да го каже тоа што го кажа Џесика. Не можам најискрено ти викам, и црева ми се преплетоа кога го прочитав.

Баш Крејзи ин лав убаво напиша во нејзиниот пост, за амбициозноста на жените, а и Емка има убаво објаснето. Не знам зошто ги потценуваш жените, односно зошто ги категоризираш луѓето на тој начин... За мене сите се исти, нормално ко што рече Роџер Бејкон жените се жени, мажите се мажи, едните имаат вагина, другите пенис, ама дека жена не може да биде филозоф или дека маж не може да направи ручек тоа не ми е баш исправно. Јас многу почитувам амбициозни жени, а и општо луѓе, што имаат цел во животот, а не што плачат да им плаќаат пијачки и дека испод чест им е да “рмбаат“ за 400 евра.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Голем дел од вас сте многу млади и многу неискусни, затоа работите ги гледате црно бело: или си со некој заради парите или сама си го плаќаш кафето и го сакаш.

Не е битно кагет, да му се сневиди! Битна е машкоста. Речиси 10 години живеам надвор од Македонија, во средини каде секој си го плаќа своето и не сум сретнала жена што е имуна на таков гест. Напротив, како да им растат крила, погледот им се менува, за првпат се чувствуваат како полнокрвни жени, за првпат чувствуваат што значи да се биде со маж.
Сите ние прво се раѓаме како машки или женски, после доаѓа се друго.
Kavalerstvoto e mrtvo,da zivee zapadnata civilizacijaa!(y)
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.200
Поени од реакции
14.512
Што она постигнала во животот за да не и се рмба за 400 евра? Завршила факултет? Докторат има? Ја откри Америка? Што бе Ставро?
Јас ваквиот тим на размислувања го категоризирам во типот снобовски размислувања, типични за луѓе кои никогаш во животот се немаат помачено и немаат пролеано капка пот во животот, па макар тоа било за положување изборен предмет на факултет.
Абе има вагина, ако е good-looking со таа вагина може да "заработува" баеги повеќе од 400 евра :D
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
А муш ми едвај чека јас да заработувам доволно, за тој да може да седи дома и да ги извршува домашните обврски. :D Ако ова навистина биде така, јас збор нема да речам за парите! Значи да бидеш невработен не значи исто што и да бидеш легач.
Уствари веќе сме биле во ситуација кога само јас сум имала примања, па збор не сум рекла. Ама затоа пак муш ми не е типичен балканец и не се срами да ги извршува „женските работи“. Парите, сите на куп, ни биле достапни и на двајцата без разлика кој ги носи.
Што значи ова? Дека генерализирате и дека муабетиве од поназад ви држат вода само ако мажот што не е вработен лежи дома и чека жената да се врати од работа за да зготви и исчисти.
Во таков случај секој нормален ќе се буни и ќе избега.
Не знам, можеби и нашата идеологија ни влијае доста во размислиувањата, за среќа!
Многу, многу битен момент :)
Него, исто како што ако си невработен, не значи и дека си легаш, така и ако си вработен, не значи и дека не си легач :)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.796
Поени од реакции
24.663
Многу, многу битен момент :)
Него, исто како што ако си невработен, не значи и дека си легаш, така и ако си вработен, не значи и дека не си легач :)
Знам каде лежи зајакот во муабетите поназад де. И на некоја друга тема го правев муабетов... Замисли доаѓаш дома од работа мртов гладен, куќата хаос, ручек нема, а жена ти си седи на компјутер и игра Дота. Налет и љубов и сѐ, на клоци ќе ја избркаш, нели? Истата ситуација.

П.С. Модератори, мислам дека треба да смените наслов. Фокусот на темава одамна не е насочен на плаќањето само во почетокот на врската.
 
C

Castiel

Гостин
А муш ми едвај чека јас да заработувам доволно, за тој да може да седи дома и да ги извршува домашните обврски. :D Ако ова навистина биде така, јас збор нема да речам за парите! Значи да бидеш невработен не значи исто што и да бидеш легач.
Уствари веќе сме биле во ситуација кога само јас сум имала примања, па збор не сум рекла. Ама затоа пак муш ми не е типичен балканец и не се срами да ги извршува „женските работи“. Парите, сите на куп, ни биле достапни и на двајцата без разлика кој ги носи.
Што значи ова? Дека генерализирате и дека муабетиве од поназад ви држат вода само ако мажот што не е вработен лежи дома и чека жената да се врати од работа за да зготви и исчисти.
Во таков случај секој нормален ќе се буни и ќе избега.
Не знам, можеби и нашата идеологија ни влијае доста во размислиувањата, за среќа!
Многу убаво кажано. А не по дефолт демек ако жената повеќе заработувала ќе имало проблеми и немало да трае. И бракот ќе траел само ако мажот заработувал повеќе. Од тоа многу ми се повраќа тој типичен балкански селски менталитет. Нема ништо срамно ниту па лошо ако жената заработува повеќе од мажот. Едноставно повеќе ја бива и поубаво се снаоѓа. Нема тука зашто мажот да се чуствува помал или несигурен ниту па да има проблеми во бракот. Башка лично мене попривлечни ми се жени кој се паметни и интелегентни и кој се способни во случај некогаш да останат сингл од недај боже икс причини можат сами да се издржуваат. И да пред да рипате не значи дека ја очекувам мене некоја да ме издржува или нешто такво. Нормално е дека и јас работам и ќе работам и заработувам и ќе трошам пари на нејзе пошто ми е мерак, но сепак убаво е чуството да се има една таква жена поред себе.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Мислам дека има разлика за момент да заработува помалку и постојано да заработува помалку :)
 
C

Castiel

Гостин
Мислам дека има разлика за момент да заработува помалку и постојано да заработува помалку :)
Aко е поспособна од тебе зашто да ти пречи постојано да заработува повеќе пари од тебе?
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Девојчево шо се глеам има 17 години и за викенд има 2500 денари џепарац,ја за цела недела у Скопје добивам 1000 денари.Треба да умрам за да и плаќам се :D


btw првото кафе коа ќе го пиеме ќе го платам,секако :)
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Значи ова за мене е тежок булшит. Губиш допир со реалноста во постов. Дозволи да објаснам.
Јас и ти теоретски се сложуваме потполно, нели во онаа смисла на тоа што е идеал за жена а што за маж и зошто е така, од природни причини.
Значи, сеа ја и ти сме ставени на тест да бираме помеѓу две женски илузии, едната е трипот дека на неа нешо и припаѓа, а другата е трипот дека она сака да работи и тера кариера. И сеа ти тука со цел памет натежнуваш кон првиот трип. И не само што натежнуваш туку и на еден начин го реафирмираш и подржуваш со тоа што и самиот мислиш дека ти е Должност да плаќаш. Не знам, ова за мене е тежок нонсенс и е надвор од реалноста.
Јас натежнувам кон втората женска илузија затоа што кога веќе сум ставен во позиција да бирам меѓу две илузии ќе ја изберам онаа која што е општествено прагматична.
Денес, во ова време, да веруваш дека тебе како Жена нешто ти Припаѓа е малиген став. Еквивалент на општествено/социјално самоубиство. Еден вид слободен скок во амбисот на судбината. Јас дури би одел до таму да аргументирам дека не само што е прагматична катаклизма ставов, туку дека е и теоретски, идеолошки неточен.
Машко-женската социјална динамика е денеска далеку по блиска до дипломатијата во меѓународните односи одколку до некаков си 'природен закон'. Дипломатијата, особено во преговарачките односи, е еден вид бон-тон, или ако сакаш непишан преседан, конвенција. За самите односи постои еден протокол кој е со времето менуван и уредуван на начин кој што најдобро го одсликува тоа време и е од прагматична смисла нај исплатлив. И сега имаме тука два поларитета. Едниот се идиотите со ставот "Haha dabeda uzivaj ke i plakam jas kafina nemam druga rabota", што во мојов случај е еквивалент на "Nigde nepisuva deka ne treba da si go cepkam nosot na sostanok vo ovalnata soba." И онаа другата страна, твојата, која што верува дека и е Должност ова да го прави и заборава дека дипломатијата е само Игра конституирана на bona fides договор кој што во правото може да се нарече Закон колку што мојот прдеж може да се нарече Фактор во глобалното затоплување. Сметам дека она што не смее во ниеден момент да ни избега од глава е дека сме секој од нас заменливи. Expendable. Нај обична потрошна роба на пазарот на сексот. Затоа кожата ми се ежи од Qрвиња шо се трипаат дека нешто им Припаѓа. No bitch, плаќам сашо сакам. Зашо ми е мерак. Плаќам in good faith во нашите идни билатерални односи. Не затоа шо морам. И во првата секунда кога ќе помисли дека ја нешо морам, the game is fucking over. Можам во секој момент да станам, да си отидам и да ја остаам да трипка дека е посебна и дека о, не, не постојат други жени на светов, и о, ич, ама ич не им гори пичката за кур. Жена која верува дека нешо по дифолт и припаѓа пошо е жена е вечно незадоволна жена. А тоа, неќеш. Од другата страна пак имаш девојки што идат во другата крајност, нели, нешто независност, афтономија, работа, пари, кариера филмови бутур.. Иако исконски длабоко во себе се свесни дека утре да им дојде Бекам и да им каже "Биди ми машина за раѓање деца" прво ќе shart-не од возбуда а после ќе праша кај да потпише. Само шо за оние кои што ги гаат овие илузии имам далеку поголем респект, затоа што истите знаат дека Курац не им припаѓа, и дека за се во животот треба да се работи, затоа шо се свесни дека треба да Работат на себе и да го чекаат Бекам со заштитна мрежа доле, со план Б, зашо може и да не се појави. Свесни се за сите механизми на економиката на сексот, од опортунитетен трошок до девалвација. Затоа Оваа илузија далеку повеќе кореспондира со реалноста. Единствен проблем во неа е што си се лажат самите себе си дека тоа го сакаат. Се лаже дека Сака да работи, а не дека Мора. Шо и не е толку страшно, мора и она од нешо да живее. И верувам дека на Вакво девојче, ако здравје боже си доволно голем мангуп да можеш да си дозволиш да ја ослободиш од работа и остали пикантерии шо за неа се онтолошка тривиа, ќе добиеш вистински Мед. Сонот на секој маж. Наравно, ако ова бива изведено правилно, тактички, ригорозно.
Па добро, не сум јас малоумен да не препознаам дали жената го цени мојот став дека јас треба да плаќам, или сум банкомат. Јас имам исклучително низок праг на толеранција во врските. Може само да си замислиш колку можам да поднесам незадоволна жена. :)

Дали е подобро да се инвестира во првиот или вториот тип на жени, сепак мислам дека е субјективна проценка. Мене лично до сега многу ми биле понапорни амбициозните.

Кога ќе почне, јас ова, јас она. Ти жиме Миле...
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Јас имам подобра литература од ова. Книгата се вика, 9 начини како секогаш да бидеш во право. :pos:
Ти кажав јас што мислам за твоите ставови и начини да бидеш во право. Нема да навлегувам пак во тоа. :D
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.522
Поени од реакции
33.704
Арно спомена Пеџа во некој пост наназад, појдовното размислување на темава се менува од старт во разликата на генерациите.

Емка вика дека уште е далеку да размислува за брак ама од друга страна кажува дека не може да си дозволи во брак да бара пари за влошки. Вие имате претстава како би требало да изгледа нешто кое е форма на брак/заедничко живеење? Не би ни требало еден од друг пари да барате, парите се користат без приложување на фискални сметки за секоја купена лижалка.

Затоа и настана покољ во темава, едно е врска и гледање 2-3 неделно, друго е заедничко создавање. Едно е со памет на 20 години, друго е со набилдано искуство од животот.
Баш! Само што има една сива зона, тоа каде работите магично не се мењаат после потпишување, таа ирелевантност во плаќањето се стекнува во должината на врската. И тука настанува конфилктот, кој да плаќа во врската. Еве агда за среќа го имаат тоа и го практикуваат тоа. Е сеа што нивното искочило од сасвим други причини - јбг. Најчестите проблеми се девојките конкретно како Емка. Кои во некои подоцнежни адолесцентни години доживуваат преголема еманципација и нив никој нема да им купува влошки. Во тие години заработуваат некои смешни 11.000 денари па мислат дека еднаш месечно ако си дозволат капут измеѓу студентските трошоци тие никогаш од никого нема да се зависни. Проблемот во тоа е што таквите луѓе се тешки за во заедничко живеење. Ако заработуваат малку, секако мажот ќе ги плаќа сметките ама тие уште сами ќе си купуваат влошки и се самостални! Или и во обратна ситуација, ваквите луѓе тоа што заработуваат трикратно повеќе ќе им го држи над главата на мажот. Оти нивната самостојност мора да испливува на површина и пред луѓето.

Да се надоврзам на муабетот во редакција, не дека нема и исфрустрирани мажи кои по (дури и по било која) ретардирана логика им пречи ако жената заработува повеќе од него. Луѓето се идиоти, без разлика на полот. Не гледам како претставува проблем ако некој заработува доволно за удобен живот поготово во оваа банана држава. Ама исто, не гледам зашто би било проблем купување влошки. Абе ја дома и имам носено, шо требаше сеа 45 денара да и барам да ми наброи? Да завршам.. 2 пати гледање у недела и све тоа тинејџ врски треба ако не увек СКОРО увек машкото да плаќа. Тука нема простор за дискусија. У посериозна врска (за брак е апсурдно да пишам) културно е пак машкото ама УОПШТЕ не е битно, се прави прво што се сака, свирки, искачања, шетање... после се глеа за пари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom