Мачорка
Shining Star of Paektu Mountain
- Член од
- 25 февруари 2011
- Мислења
- 1.955
- Поени од реакции
- 12.543
Мене во целата оваа приказна најмногу ми е жал за внуците на Анчо.
Нив никој не ги прашал ништо, едноставно по игра на судбината се родиле во такво семејство и што е уште потрагично, немаат никаква моќ да променат нешто.
Од друга страна нивната мајка имала можност сама да си одбере партнер, односно татко на нејзините деца и очигледно дебело потфрлила во тоа, но сепак се` уште има можност да ја поправи таа грешка, ама за жал упорно не го прави тоа иако ги има сите можности, односно има и морална и финансиска поддршка од родителите, барем колку што разбрав.
Не би сакала да ја обвинувам ќерката на Анчо, но мислам дека е крајно време да сфати дека кога веќе донела деца на овој свет, тие треба да и бидат на прво место и треба да се потруди истите да имаат што побезгрижно детство и подобри услови за живот. Со други зборови треба што побрзо да ги тргне од таа нездрава средина во која живеат. Претпоставувам дека таа мисли дека им прави некаква услуга на децата со тоа што не се разведува, односно дека се жртвува за тие да растат покрај двајцата родители, но е во огромна заблуда. Не само што не им прави никаква услуга, туку им го упропастува детството, а можеби и целиот живот.