Што кога не сте прифатени од страна на родителите на партнерот?

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ова ако не е директна инсуинација за да си најде некој друг, тогаш мене ми се перцепциите изместени.

Како и да е еве погрешно сум разбрал, мислам дека за било каква социјализација потребни се минимални финансиски средства, што во случајот е навистина тешко од причина што едвај се прерануваат.
Од друга страна пак не мислам дека проблемот е што таа заборавила како изгледа функционална фамилија од причина што пораснала во една таква.
Ако мислеше пак да се јави на оние СОС телефони каде што би и помогнал психолог со групни сесии за луѓе со слични проблеми тогаш можеби би и помогнало да го донесе побрзо решението.
Само не знам дали воопшто постојат такви сесии кај нас во Македонија.
Групни не постојат, само индивидуални. А има и две СОС линии, каде можеш да пријавиш насилство. Жените кои волонтираат на линиите се добро обучени и знаат што прават.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Доволнa ке ми биде неговaтa подршкa, љубов и внимaние.. не е тој виновен што имa тaкви родители. Во тој случaј тие би имaле проблем со мене.. a не јaс со нив.. тaкa дa.. грижaтa не е мојa ;) лицемерно почитувaње не ми е потребно!
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154

Не секој сопруг застанува на страна на сопругата...Тие се според мене таканаречени мамини синчиња.Ги слушаат родителите,им прават кеифот зошто нели може да се случи свекрвата да падне во кревет "тешко болна" .:rolleyes:Па после тој ке се чувствува виновен.
Почнувам да се плашам дека langelina e во право...Кога жената од нејзините примери сакала и можела да побара развод може и керката на Анчо...Таа има подршка која е најважна во тие моменти,но кога не го побарала до сега мислам дека ке остане таму до крајот на животот.
Не знам што друго да кажам.Веке се е кажано.Останува се на нејзе...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Саншајн. Онаа првата жена од примерите, се разведе зашто мажот и си нашол друга у Германија. ТОЈ поднесе тужба за развод, не таа. Да беше до неа, уште ќе си трпеше. Таа до денес нема кажано еден лош збор ни за него, ни за неговите, ниту се има пожалено од него, или од нив. Муабетот за неа е од други луѓе, комшии, пријатели, кои биле сведоци на тоа како жената доаѓа од работа, уште несобуена, ја тераат да меси леб, оти многу им се јаде домашен леб. А таа насмеана, одма зема брашното.И свекрвата и комшиката да ја гледат како меси, а свекрва и ја прави бербат дека не знае да меси! Комшиката ја брани, незгодно и е на жената, која снаа денес меси леб, а после се јавува на мајка и: Златна ќерка имате! Земете си ја, ќе ја умрат овие! Јас и ги познавам родителите - прекрасни луѓе. Таа ја имаше целата поддршка од нив и од сестрите. И морална и материјална. Но ете, да беше до неа, таа ќе си останеше таму. Мене не ме чудат свекорот и свекрвата. Тие се ненормални. Мене ме чуди таа што беше решена да си го помине животот како да слугинка во некоја арапска земја.
 
A

andrea85

Гостин
А бе Anco ај доста пишуваш по форуми и бараш совети, дај ен губи време и фати среди си го сопствениот живот и животот на најблиските, ко што гледам во незавидна ситуација се. Најдобронамерно, заангажирај се малце, никој од тука од форумов нема да дојде и да ти го среди,сам треба!!!
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Саншајн. Онаа првата жена од примерите, се разведе зашто мажот и си нашол друга у Германија. ТОЈ поднесе тужба за развод, не таа. Да беше до неа, уште ќе си трпеше. Таа до денес нема кажано еден лош збор ни за него, ни за неговите, ниту се има пожалено од него, или од нив. Муабетот за неа е од други луѓе, комшии, пријатели, кои биле сведоци на тоа како жената доаѓа од работа, уште несобуена, ја тераат да меси леб, оти многу им се јаде домашен леб. А таа насмеана, одма зема брашното.И свекрвата и комшиката да ја гледат како меси, а свекрва и ја прави бербат дека не знае да меси! Комшиката ја брани, незгодно и е на жената, која снаа денес меси леб, а после се јавува на мајка и: Златна ќерка имате! Земете си ја, ќе ја умрат овие! Јас и ги познавам родителите - прекрасни луѓе. Таа ја имаше целата поддршка од нив и од сестрите. И морална и материјална. Но ете, да беше до неа, таа ќе си останеше таму. Мене не ме чудат свекорот и свекрвата. Тие се ненормални. Мене ме чуди таа што беше решена да си го помине животот како да слугинка во некоја арапска земја.

Мене ми е прашањето, како многу фини родители (оние, на жената од примеров) можеле да одгледаат жена со толку очајно ниска самопочит?

Не ми е јасно, како секогаш, без многу размислување, делиме на добри родители и лоши родители-во случајов лоши родители се родителите на мажот. Ја би рекла дека не се лоши туку се многу прости. Во нивната простотија себеси се пронашла и жената од примеров. Тука го нашла своето место кое, всушност, и' ја доловува (или дава) смислата на постоењето-а тоа е да биде нечија жртва, да издржува некој вид казна (за која, кој знае зошто, е убедена дека ја заслужува); таа ја наоѓа својата смисла во жртвувањето и тортурата на околината, и за жал, не би можела да живее поинаку. Мислиш ли дека за ваквата себе-перцепција немаат вина нејзините многу добри и прекрасни родители?

Или е тоа, или пак мажот и е многу јак е*ач...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Lady.Q

Ги познавам луѓето и тврдам дека се добри луѓе.
Какви родиели се, тоа не знам и не си давам за право да судам.

Родителите на бившиот и маж се садисти, исто како и свекрвата на ќерката на Анчо. Да не му даваш на човек вода, на трудна жена да не и даваш да јаде, да се изживуваш пред комшиите и да ја понижуваш снаата, toa нормален човек не го прави.

Родителите може да ги обвинуваш додека си малолетен и додека си финансиски зависен. Кога си возрасен, ред е да се справиш со животот.

Јас и мојата другарка (која е нејзина роднина) сме уште позачудени, зашто го знаеме маж и’.
Бар да беше некој фраер, некој е_ач, некој шармер.
Тој е нула! Нула! Зеро! Клапчо! :facepalm:
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
langelina a зошто јас мислам дека е сопругата онаа која побарала прва развод?
Е сега, не ја знам точно приказната, ама мислам дека не и давале да работи, не и давале тракторот да го вози, веројатно имало и насилство и жената ни 5 ни 6, поднесе тужба за развод.
Или јас сум погрешно сфатила или си кажала други примери кои не сум ги забележала...
Но не е важно.Си направиле еден на друг услуга со разводот.
Лично знам една жена изневерена многу пати од својот сопруг...Која побара развод после неколку години од бракот...Ми е криво што и се случи ова на така успешна жена.
Некои сакаат да си го живеат на мира животот...што е должна таа да ги трпи малтретирањата на останатите психопати во куката?
Набиени комплекси?Нарушено здравје?
И да прекинам да нарекувам маж.Тоа за мене не е ниту маж,ниту просто суштество туку кукавица и п*чка од човек кој не знае да биде човек од пример за своите деца...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Саншајн.

Се работи за две жени. И двете се разведени.

Еве овде почнува муабетот за образованата што ја ебеа у мозок. Нејзиниот маж дувна за Германија, си најде една, а уште една и на крај поднесе барање за развод.

Оваа другата е од село - таа сама поведе постапка, и си живее во Словенија, се снајде, работи на уредување на дворовите, можеби во меѓувреме и нешто друго направила.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Не секој сопруг застанува на страна на сопругата...Тие се според мене таканаречени мамини синчиња.Ги слушаат родителите,им прават кеифот зошто нели може да се случи свекрвата да падне во кревет "тешко болна" .:rolleyes:Па после тој ке се чувствува виновен.
Почнувам да се плашам дека langelina e во право...Кога жената од нејзините примери сакала и можела да побара развод може и керката на Анчо...Таа има подршка која е најважна во тие моменти,но кога не го побарала до сега мислам дека ке остане таму до крајот на животот.
Не знам што друго да кажам.Веке се е кажано.Останува се на нејзе...
Во случaј aко тој оди против нивните желби зa дa биде со мене, и јaс сум спремнa нa тоa. Доколку е мaминa мaзa, неодлучен, не ми е ни потребен тaков. Јaс не читaв зa керкa му нa Анчо. Но кaко и дa е, секојa прикaзнa си е сaмa зa себе. Дa се рaзбереме, под мaминa мaзa не мислaм нa личност којa си јa сaкa мaјкaтa и си јa почитувa. Јaс не би му зaбрaнилa дa контaктирa со неговите во тaков случaј. Доволно е ко вистински мaж дa зaстaни до мене, и дa ги смири тензиите. Кaко што кaжaв, не е потребно дa имaм некaков однос со свекрвa ми ( во случaј нa брaк) a во врскa.. воопшто не е битен односот мој со нив.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Мене ми е прашањето, како многу фини родители (оние, на жената од примеров) можеле да одгледаат жена со толку очајно ниска самопочит?
Абе не е до нив. На човека можеш на сила да му земеш, не можеш да му дадеш. Колку сака нека е добро воспитувањето на родителите, треба и самиот човек да има карактер.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Абе не е до нив. На човека можеш на сила да му земеш, не можеш да му дадеш. Колку сака нека е добро воспитувањето на родителите, треба и самиот човек да има карактер.

До некаде се сложувам и со ова - но сепак сметам дека најголемата штета во тоа како гледаме на себе, ја прават токму родителите.

Има и нешто друго; знаеш како иде онаа-женско дете, туѓа брига?

Нашето сфаќање за жената и нејзината улога главно се сведува на тоа дека свака џевојка мора да се омажи (пошо у спротивно е нереализирано створење и уседелица); у најкраток рок (отприлика после една година) мора да го избаци првото дете (кое мора да биде машко за да ја продужи лозата на мажот-која никако не смее да се доведе на раб на постоење) и да ја прифати среќната околност (за себе) дека ќе раѓа док може-пошто да станеш мајка е единствено нешто заради кое постоиш (тешко неја ако само помисли на можноста наречена абортус-зашто абортусот те прави убица на ембриони и придонесувач за демографската катастрофа во мк т.е НЕжена или монструм).

Малце се расприкажав и отидов на друга страна но, сакам да кажам дека општоприфатеното сфаќање за жената, нас жените, не прогонува уште во родителскиот дом (пази, све ова некаде посуптилно, некаде брутално ти се сервира цел живот).

На пример, твојата мама, ќе ти ја набаци идејата дека мајката на мажот треба да ја викаш МАМО, а коа ти онака наивно ќе прашаш ЗОШТО, она исто онака наиво ќе ти каже-ЗОШТО ТАКА ТРЕБА. Тоа е пример за блага индоктринација во пообразуваните македонски семејства. Во попростите средини (а овие на жалост се у јако мнозинство)-женското дете ко ќе се омажи навистина станува брига на новото семејство - пази таа е ќерка за родителите на мажот, а они автоматски и стануваат нејзини мајка и татко. Со тоа се урива секаква надеж за враќање назад-тоа е она главното што жените ги држи во место. Немаат кај да одат на друго место, кај да се вратат. На ова додади го и ниското себевреднување-поттикнувано со идеите (претходно спомнати) за тоа што се очекува од тебе, каква треба да бидеш за да бидеш фина и добиваш ПЕКОЛ. Да не почнувам со тоа како СИТЕ ОСТАНАТИ НАОКОЛУ гледаат на бунтовничките.

Се надевам дека ме разбираш што сакам да кажам-грешката во програмата, во поголема или помала мера, за жал, ја прават родителите. Можеби во голем дел ненамерно, но тоа е шемата што ја знаат, што ја живеат, што ја прифатиле за единствено исправна.

И најискрено ми е жал за жени кои се во ситуација на безизлезност. И нека не ве лажат американците дека све на светот зависи само од личноста-личноста сама може да ублажи или влоши некоја ситуација-но драстичните животни промени се ретко остварливи ако си сам и без поддршка и најчесто се поврзани со среќни околности.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Лејди убаво го објаснила влијанието на околината врз одлуките и размислувањата на една жена. Иако според лично убедување сметам дека станува збор за опис на необразовани жени или недоволно образовани али силно задоени со патријахални убедувања каде да не пукне срамот ќе се трпи се у најголем случај ради децата.
Мислам дека сме 21 век и жената е доволно созреана да сфати дека улогите во едно семејство се тотално рамноправни. Ако нештото наречено брак не функционира, веднаш ама без размислување треба да се премине во развод. Потоа треба да се донесе закон за казна на родители кои женските чела ги воспитуваат во духот треба да молчиш, маж ти е или во најлошиот случај те удрил те удрил не си ни прва ни последна, наведни ја главата и молчи. Најстрого треба да се казнат овие родители кои шират ваков вид на воспитување со кое нашироко ги отвараат вратите на семејното насилство. Имаш еден живот, ако дозволиш да го проживееш во пекол скрати си ги маките предвреме. Онаа која на оваа денешница ќе дозволи да и се изврши семејно насилство или во поблага форма тортура од свекор и свекрва навистина и заслужила квалитетен ќотек за освестување. При толку врати отворени, при таква заштита од полициски органи и одлуки, при толку можности за самохран родител да дозволиш децата да ги растеш во пекол треба да си малоумна. Така да не ми држи никоја приказна од типот мора да трпи. Ништо не мора никој да трпи.
Прашањево што кога не сте прифатени од страна на родителите на партнерот е широка тема. Иако од мој аспект јас никогаш сум немала некој близок контакт со родители на партнер, само едно поштовање и културно однесување кон постари. Можеби оти не градам апсолутно никаков однос со нив, за да се почувствуваат слободни и да си дадат за право нешто да ми речат. Строго одмерен муабет, без никакви навлагања во детали. Мислам дека советот од татко ми е најдобар за овој тип на релации, како ќе се поставиш така ќе те третираат.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
До некаде се сложувам и со ова - но сепак сметам дека најголемата штета во тоа како гледаме на себе, ја прават токму родителите.

Има и нешто друго; знаеш како иде онаа-женско дете, туѓа брига?

Нашето сфаќање за жената и нејзината улога главно се сведува на тоа дека свака џевојка мора да се омажи (пошо у спротивно е нереализирано створење и уседелица); у најкраток рок (отприлика после една година) мора да го избаци првото дете (кое мора да биде машко за да ја продужи лозата на мажот-која никако не смее да се доведе на раб на постоење) и да ја прифати среќната околност (за себе) дека ќе раѓа док може-пошто да станеш мајка е единствено нешто заради кое постоиш (тешко неја ако само помисли на можноста наречена абортус-зашто абортусот те прави убица на ембриони и придонесувач за демографската катастрофа во мк т.е НЕжена или монструм).

Малце се расприкажав и отидов на друга страна но, сакам да кажам дека општоприфатеното сфаќање за жената, нас жените, не прогонува уште во родителскиот дом (пази, све ова некаде посуптилно, некаде брутално ти се сервира цел живот).

На пример, твојата мама, ќе ти ја набаци идејата дека мајката на мажот треба да ја викаш МАМО, а коа ти онака наивно ќе прашаш ЗОШТО, она исто онака наиво ќе ти каже-ЗОШТО ТАКА ТРЕБА. Тоа е пример за блага индоктринација во пообразуваните македонски семејства. Во попростите средини (а овие на жалост се у јако мнозинство)-женското дете ко ќе се омажи навистина станува брига на новото семејство - пази таа е ќерка за родителите на мажот, а они автоматски и стануваат нејзини мајка и татко. Со тоа се урива секаква надеж за враќање назад-тоа е она главното што жените ги држи во место. Немаат кај да одат на друго место, кај да се вратат. На ова додади го и ниското себевреднување-поттикнувано со идеите (претходно спомнати) за тоа што се очекува од тебе, каква треба да бидеш за да бидеш фина и добиваш ПЕКОЛ. Да не почнувам со тоа како СИТЕ ОСТАНАТИ НАОКОЛУ гледаат на бунтовничките.

Се надевам дека ме разбираш што сакам да кажам-грешката во програмата, во поголема или помала мера, за жал, ја прават родителите. Можеби во голем дел ненамерно, но тоа е шемата што ја знаат, што ја живеат, што ја прифатиле за единствено исправна.

И најискрено ми е жал за жени кои се во ситуација на безизлезност. И нека не ве лажат американците дека све на светот зависи само од личноста-личноста сама може да ублажи или влоши некоја ситуација-но драстичните животни промени се ретко остварливи ако си сам и без поддршка и најчесто се поврзани со среќни околности.

За некого да викаш МАМО или ТАТО, а при тоа не ти се родители, треба да заслужат. Со станување на снаа не им стануваш ќерќа исто како што и тие не ти стануваат родители. Тоа нашиот народ само така сака да си го зборува (како попот во црква, демек чувајте ја снаата ко ќерка, а ти сакај ги ко родители). Абе ајде...
Јас мојата ја викам по име и така ќе остане, а свекор ми ме персира - чисто да ми даде до знаење дека сум јабанџија, а се знаеме 15 години.
 
Член од
11 мај 2013
Мислења
576
Поени од реакции
731
Сметам дека има влијание тоа дали е прифатена или не,доколку понатаму ако планираат да се земат живеат под ист покрив со нив.Меѓутоа доколку понатаму треба да се дели ист покрив со нив,со тек на време ќе пукне.Исто така сметам дека партнерот,од чии родители не сте прифатени,мора многу добро да постапи за да проба да ја смири ситуацијата
 
Kajgana Shop

На врв Bottom