- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.231
- Поени од реакции
- 4.104
Тој а зинал, а скинал...

Проблем на тоа ’рзаците е што си мислат дека целиот останат свет е на пониско или исто интелектуално ниво како самите нив, а тие се’ знаат и најпаметни се.
Си мислел кутриот така ќе појди и ќе ги заеби...

--- надополнето: 29 април 2013 во 23:29 ---
Не мислев дека ги воспитал лошо, скраја да е. Можеби не се изразив добро, или грубо.Ќе пробам постов да не биде многу груб, и тоа од две причини - според претходните твои постови си ми ОК форумџија, а и генерално се согласувам со твојот став по оваа тема. Ама со акцент на „генерално„ затоа што брате постов, а посебно болдираниов дел се тотално промашени.
Прво и основно, за првите три-четири болда. Од каде заклучокот како човекот си ги воспитувал децата? Верувам дека ги воспитал добро, а можеби и ти со во право, ама не е поентата во тоа. Поентата е дека проблемот нема врска со воспитувањето туку со нешто друго -некои ќе ти речат судбина, некои ќе ти речат љубов. Не ме терај да го објаснувам ова зошто не сум правиот човек за тоа - не верувам слепо ни во едното ни во другото, а и не верувам дека постои логично објаснување. Само ќе те прашам и тебе и другите што те лајкнале за овој став - Сте биле ли во ситуација некогаш да делите пар во љубовна караница? Ама мислам баш караница, да мораш да го зашлапаш фино мажето за да ги одделиш. Ако сте, да споредиме искуства во друга прилика.
И ние не можиме точно да „поставиме дијагноза“ кога не ги познаваме лично луѓето, туку си нагаѓаме.
Во судбини и слични срања не верувам. Секој си ја креира сопствената среќа и животен пат. Од Анчо ќерката одбрала дека сака да има таков тип на маж. За неа љубовта била замислена со таков човек... за жал.
И не верувам дека лошо ги воспитал ќерките Анчо (со нагласок на таа ќерка од случајов), туку во некои фази очигледно има потфрлено. Зошто иначе, на пример, ќеркава би одбрала да се мажи на 20 години за последниот човек во радиус од 50 километри. „Последниот“ се мисли на хиерархиската скала на општеството, гледано културно, социјално па и материјално (мада првите две ги сметам за најважни).
Можеби неговата ќерка е воспитана многу добро... културна, фина, знае да почитува. Ама кога станува збор за избор на брачен партнер, јас тука гледам проблем. Не ми штима девојче од таква добра фамилија, да заврши со последниот ропак од цел град. Да, „ропак“ се изразив, затоа што реално и тоа е. Ако го наречам типот од прикаскава „господин“, тоа е крајно несоодветно.