Што кога не сте прифатени од страна на родителите на партнерот?

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Мене во целата оваа приказна најмногу ми е жал за внуците на Анчо.
Нив никој не ги прашал ништо, едноставно по игра на судбината се родиле во такво семејство и што е уште потрагично, немаат никаква моќ да променат нешто.
Од друга страна нивната мајка имала можност сама да си одбере партнер, односно татко на нејзините деца и очигледно дебело потфрлила во тоа, но сепак се` уште има можност да ја поправи таа грешка, ама за жал упорно не го прави тоа иако ги има сите можности, односно има и морална и финансиска поддршка од родителите, барем колку што разбрав.

Не би сакала да ја обвинувам ќерката на Анчо, но мислам дека е крајно време да сфати дека кога веќе донела деца на овој свет, тие треба да и бидат на прво место и треба да се потруди истите да имаат што побезгрижно детство и подобри услови за живот. Со други зборови треба што побрзо да ги тргне од таа нездрава средина во која живеат. Претпоставувам дека таа мисли дека им прави некаква услуга на децата со тоа што не се разведува, односно дека се жртвува за тие да растат покрај двајцата родители, но е во огромна заблуда. Не само што не им прави никаква услуга, туку им го упропастува детството, а можеби и целиот живот.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.700
Поени од реакции
11.818
мислам дека ја претеравме и верувам дека се покаја Anco што си ја отвори душата... мислам доволно му насоливме памет, се се врти у круг горе-доле сите истото го кажавме па време е да се прекине :)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
мислам дека ја претеравме и верувам дека се покаја Anco што си ја отвори душата... мислам доволно му насоливме памет, се се врти у круг горе-доле сите истото го кажавме па време е да се прекине :)
Повеќе би рекол дека гласно размислуваме, отколку што му солиме памет.
Вака мене ми е лесно од страна да пресечам за некого, но кога би се нашол во слична ситуација кој знае како би изреагирал.
Сум направил толку ирационални работи кога ми заиграле емоциите што не ми паѓа на крај памет да го осудувам Анчо или пак неговото семејство.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Ќерката на Анчо може ќе собере сила да замине од таа куќа и да го остави човекот кога ќе и пораснат децата доволно големи за да сфатат што се случувало/случува и да сакаат и самите да побегнат од таму-секако ако развијат чувство за тоа како треба да функционира едно нормално семејство (гледајќи ги семејствата на другарчињата). Мислам дека свекрва и и другите „членови“ и ја имаат наполнето главата со глупости дека децата ако си замине нема да имаат двајца родители или и се закануваат со нешто и дека поради тоа таа нема сила... Има се и сешто. Треба да се сакаш себеси повеќе од тој што е со тебе за да не дозволиш да те малтретира на повеќе нивоа-
„Волим тебе, али више волим себе“ (y)
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Ќерката на Анчо може ќе собере сила да замине од таа куќа и да го остави човекот кога ќе и пораснат децата доволно големи за да сфатат што се случувало/случува и да сакаат и самите да побегнат од таму-секако ако развијат чувство за тоа како треба да функционира едно нормално семејство (гледајќи ги семејствата на другарчињата). Мислам дека свекрва и и другите „членови“ и ја имаат наполнето главата со глупости дека децата ако си замине нема да имаат двајца родители или и се закануваат со нешто и дека поради тоа таа нема сила...
Додека е порано ке биде подобро...Не треба да чека повеке...Треба да мисли на себе на децата...
А не да помине време...Да се делува бргу.И постојат судови,тие ке одлучат како што...Кај кого ке бидат децата...
Се останато е само изговор.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Додека е порано ке биде подобро...Не треба да чека повеке...Треба да мисли на себе на децата...
А не да помине време...Да се делува бргу.И постојат судови,тие ке одлучат како што...Кај кого ке бидат децата...
Се останато е само изговор.
И јас мислам така, ама за жал, некогаш негативното влијание и притисокот се премногу силни за да може некој со мала самодоверба (за што мислам дека е случај кај ќерка му) да преземе радикални мерки какви би презеле жени со посилна волја и самодоверба.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858

Jас мислам дека жената после 12 години заробеништво и тортура, заборавила дека има ,,јас,, .
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.104
Jас мислам дека жената после 12 години заробеништво и тортура, заборавила дека има ,,јас,, .
Незнам зошто, ама мислам дека се’ ќе си продолжи по старо... џабе пишувањето во темава, делење совети, мудрување...
Прогнозирам дека нема ама баш ништо на подобро да се промени во иднина за таа жена и децата... за жал :(
 
Подобро е да се обидеме и да не успееме, него воопшто да не се обидеме.
Таман работа докторите на секој тежок случај да дигаа раце ;)
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
Jас мислам дека жената после 12 години заробеништво и тортура, заборавила дека има ,,јас,, .
И јас мислам така, таа е веќе претворена во друг човек,(или не човек),изгубена е од едно гнездо каде беше сигурна во една затворена трнлива пустина без излез,
поточно таа е само машина за секс и автомат за вадење пари,друго ништо во неа (нема) не гледаат.
Незнам зошто, ама мислам дека се’ ќе си продолжи по старо... џабе пишувањето во темава, делење совети, мудрување...
Прогнозирам дека нема ама баш ништо на подобро да се промени во иднина за таа жена и децата... за жал :(
И јас мислам така, нешто пробував овие денови но еве немам поткрепа од жената и од другата ќерка.Изгледа ќе остане цел живот таму а тоа значи дека никогаш нема да отиде на годишен одмор,освен ако јас решам да ги земам некогаш со мене,па и со ризик тоа да биде и без мајка и.
--- надополнето: 5 мај 2013 во 09:02 ---
Додека е порано ке биде подобро...Не треба да чека повеке...Треба да мисли на себе на децата...
А не да помине време...Да се делува бргу.И постојат судови,тие ке одлучат како што...Кај кого ке бидат децата...
Се останато е само изговор.
Да,ама тоа требаше порано,бар кога беше со едно дете.Ние никогаш не и помогнавме начисто да се разиде со тој човек,поточно не сме и го рекле тоа„барај развод“ иако претежно само јас сум ги чувал. Институциите ништо не помогнаа и покрај големата тортура,а кога би дале предлог за развод дури тогаш тие ќе докажат зошто земаат плата - нема да дозволуваат-ќе ги помируваат-ќе ги викаат во советувалиште.
Само тој предлог треба таа да го даде,можеби не ја знае ни таа опција,не чула за тоа, толку е таму затворена,а баш поради децата седи таму.
--- надополнето: 5 мај 2013 во 09:16 ---
Повеќе би рекол дека гласно размислуваме, отколку што му солиме памет.
Вака мене ми е лесно од страна да пресечам за некого, но кога би се нашол во слична ситуација кој знае како би изреагирал.
Сум направил толку ирационални работи кога ми заиграле емоциите што не ми паѓа на крај памет да го осудувам Анчо или пак неговото семејство.
Мене и ми помага баш ова ваше размислување и совети и што понатаму да преземам:
За ова пишување не знае изгледа жена ми и другата ќерка,која сега а и секоја недела е овде со нас.Јас и спомнав пред малку „треба да ја однесам сестрати да живее во некој стан, да ја спасиме од таму “ - еве го одговорот
-„ А таа ти рекла дека не сака да живее таму - таа не оди никаде без него“
Инаку и тие две не се посетуваат и не се многу гледаат(таму не не пуштаат)
( што е и вистина до некаде и така е )
бев почесто овие денови вообичаено до порти(женами не оди ич)
И и спомнав на ќерками дека треба да се реши ова,само да заврши школово.
Таа и не збори,а нема ни со кого,нема пријателки,(а не пак пријател) но ми вели глеј чудо невидено од 18-19 век наваму. „ има вода и тоа каква. Сега „зетот“ставил една канта во собата која ја полни со вода,закачена на ѕидот а под неа една вангла.
(како во шаторите на офицерите на двете војски на Солунскиот фронт во 1 С.В.)
„Сиромашката“ сега снаа има вода дома. (каква што нема ни по запустените села во Мариово,каде бар Црна им е пред врата), како ли растат тие деца.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
И јас мислам така, таа е веќе претворена во друг човек,(или не човек),изгубена е од едно гнездо каде беше сигурна во една затворена трнлива пустина без излез,
поточно таа е само машина за секс и автомат за вадење пари,друго ништо во неа (нема) не гледаат.

И јас мислам така, нешто пробував овие денови но еве немам поткрепа од жената и од другата ќерка.Изгледа ќе остане цел живот таму а тоа значи дека никогаш нема да отиде на годишен одмор,освен ако јас решам да ги земам некогаш со мене,па и со ризик тоа да биде и без мајка и.

Да,ама тоа требаше порано,бар кога беше со едно дете.Ние никогаш не и помогнавме начисто да се разиде со тој човек,поточно не сме и го рекле тоа„барај развод“ иако претежно само јас сум ги чувал. Институциите ништо не помогнаа и покрај големата тортура,а кога би дале предлог за развод дури тогаш тие ќе докажат зошто земаат плата - нема да дозволуваат-ќе ги помируваат-ќе ги викаат во советувалиште.
Само тој предлог треба таа да го даде,можеби не ја знае ни таа опција,не чула за тоа, толку е таму затворена,а баш поради децата седи таму.
Машина за секс,и банкомат...Друго твојот зет и да сакал подобро нема да можел ни на Google да бара...Нема достоинство,свое јас...Алал да му е...Ја цеди ко лимон вашата керка...
Еден ден ке се кае за сето тоа што го трпела а не заминала на време...Самата треба да мисли...
Земај ги внуците,носи ги далеку ако навистина сакаш да имаат добро детство без трауми...
Колку и да се деца...Едно три или пет не е важно...Најважно е тие да бидаат добро,тие и вашата керка...Мислам дека е време да и ја споменеш опцијата за развод и никакво советувалиште бре...Дали твојата керка е партал најдена на патот да ги трпи овие тортури?Не барај изговори што ке рекла што ке помислат нејзините и околината...Гледај да ја спасиш керка ти и внуците...Чекајки вака ке се каеш и ти што не си реагирал на време...
Овде се вртиме во круг,сите ти кажуваме а ми се чини мене дека ти е страв и затоа се уште чекаш...
Не тие потребна ничија подршка ни од жена ни од другата керка...Знам дека можеш сам...Ни си глуп ниту пак туп за да не успееш...Потребни се само неколку чекори и колку да ти изгледа тешко ти мораш да се потрудиш.
 
T

Tamora

Гостин
Жал ми е ептен за чупево кутрата таму само маки трга како и во повеќето од браковите кај нас жените се слугинки мора да работат како на работа така и дома па уште и ќотек да јадат Знам за еден случај каде жената беше жртва на семејно насилство денес ако не стигнеше мажот да ја претепа свекрвата ќе ја истепаше таја кутрата 9 месец бремена,едвај се разведија по 10 години брак зошто ? Оти нејзините родители не дозволува развод да не им падни рејтингот кај комшиите и роднините . Нејзиниот син растеше во таква да речам нездрава околина и е сега тежок зависник од хероин од својата 13 година. Едно е криза во бракот друго е да не си во најдобри односи со свекрвата а сосем трето да се изживува некој врз тебе а жените од икс причини остануваат и понатаму во заедница .Да не осудуваме можеби мажот и се заканува дека ќе ја убие ако го напушти или ќе и ги земи децата секој си знај неблагодарно е да се кажва од страна

Анчо ретки се таквите родители и дедовци како тебе алал да ти е , колку помош им нудиш и поддршка друг некој да беше ќе му речеше седи и трпи сама си го одбра или пак срамота е да се разведиш . Кој си го учи детето да му биди несреќно секој родител го воспитува онака како што мисли дека е најдобро Најбитно е ќерка ти да знај дека во секој момент можи да рачуна на тебе шо и да си одлучи самата дали ќе се разведат или ќе се тргнат оттаму , иначе трето нема , да не биди послем ти си виновен шо децата немаат татко. Иначе конкретно за условите во кои живеат без вода и струја ( до пред некое време )комотно можи да се обрати во социјалните служби веќе се работи за ускратвање на основни права за живот .Вода да не му дајш на чоек и леб аман бре шо душа носат во нив тие луѓе............
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Мислам дека ќерка му на Анчо, од причини разбирливи само за неа, не сака да си отиде од тој брак, исто како жената што ја споменав во мојот претходен пост.

Еден друг пример: жена од село и тоа затутулено село (во Македонија има многу разлика од село до село) се омажи за еден во уште позатутулено село. Жената има завршено осмо одделение. Одима две деца. Е сега, не ја знам точно приказната, ама мислам дека не и давале да работи, не и давале тракторот да го вози, веројатно имало и насилство и жената ни 5 ни 6, поднесе тужба за развод.
Не верувам дека поминало лесно, зашто таа нема НИКАКВА поддршка од дома, ниту има школо ниту има каде да живее.

Си извади бугарски пасош за себе и за децата и замина за Словенија. Знам дека уредуваше дворови, оти жената не е образована, ама за работа е змеј.

Ако таа жена, која нема ни школо ни пари ни поддршка, има две мали деца, ако таква можела да се снајде, не верувам дека на Анчо ќерката не би можела.
Значи, НЕ САКА. Е сега човекот ќе и помага колку што може, ама не може тој да одлучи дали таа ќе живее во тој брак или не. ОДлуката е нејзина.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.700
Поени од реакции
11.818
Ако не ме прифатат и не ме ценат не гледам причина зашто јас би ги ценел, би бил дрзок и би трескал у очи.
не би молчел, веднаш би знаеле како стојат работите :)
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Жал ми е ептен за чупево кутрата таму само маки трга како и во повеќето од браковите кај нас жените се слугинки мора да работат како на работа така и дома па уште и ќотек да јадат Знам за еден случај каде жената беше жртва на семејно насилство денес ако не стигнеше мажот да ја претепа свекрвата ќе ја истепаше таја кутрата 9 месец бремена,едвај се разведија по 10 години брак зошто ? Оти нејзините родители не дозволува развод да не им падни рејтингот кај комшиите и роднините . Нејзиниот син растеше во таква да речам нездрава околина и е сега тежок зависник од хероин од својата 13 година. Едно е криза во бракот друго е да не си во најдобри односи со свекрвата а сосем трето да се изживува некој врз тебе а жените од икс причини остануваат и понатаму во заедница .Да не осудуваме можеби мажот и се заканува дека ќе ја убие ако го напушти или ќе и ги земи децата секој си знај неблагодарно е да се кажва од страна.
За ова мене најмногу ми е жал. Децата на дисфункционални фамилии, не може да израснат во нормални луѓе. Ќе стане од него некој сериски убиец.
--- надополнето: 5 мај 2013 во 18:03 ---
Ако не ме прифатат и не ме ценат не гледам причина зашто јас би ги ценел, би бил дрзок и би трескал у очи.
не би молчел, веднаш би знаеле како стојат работите :)
Па многу нормално. Треба човек да биде фин, ама некој ако цело време ме понижува и мисли дека ќе му траам, абе се зезнал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom