Ова ми промакнало неодговорено
Те разбирам, ама ми раскажуваш детски прикаски. Тебе стално ти се мешаат старите во изборот на дечко?
Ако е така, веројатно си помала или си многу разгалена. Зборуваме за случај каде си во сериозна врска, или брак. И тоа од мој агол како личност: Што ако мене не ме прифаќаат?
Значи ако сум јас со девојката подолго време, веќе се знаеме доволно и знаеме на што сме. Нема потреба јас ништо да им докажувам на нејзините. Од мене ќе го добијат целиот респект како родители на мојата избраничка, ама се заебале за други метании или миросувања, уште помалку да им се докажувам некако. На крај, со мене или во мојата куќа ќе живее, не кај нив.
Тие шо не знаат што сакаат па треба мама или тато да им каже некоја мудрост да се свестат припаѓаат во категорија: со пречки во развојот или недоделкани. Од такви бегај.
Зрели партнери се обидуваат да започнат свој живот независно од родителите, живеат за себе не за нив и не ги тангира ако на некои од старците им текнало нешто да мудруваат за зетот/снаата или пак за неговото семејство.
Ако ти немаш личност и интегритет за да одговараш за своите постапки и избори тогаш барај од родителите да ти најдат маж/жена.