Што кога не сте прифатени од страна на родителите на партнерот?

Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
не е само недавањето. Има и многу други работи овде.

....за основни потреби, да не можеш да седнеш да јадеш ко човек кога ти се јаде. Се ова ти е малтретирање.
Ова е се точно, ама не се решава оваа работа институционално. Касно е кога ќе се изгуби психичкото здравје, што ќе помогне тужбата?
Тоа би биле уште поголеми стресови
А целта не е да се казни некој, целта е да се ослободиме од малтретирањето. Животов е краток за да се помине така. Целта е да ги надмудриме некако. А тоа се може само со ладна глава.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Види, старата има законско право и синот и снаата да ги пресели на улица.
Затоа, не можам сосема младава да ја жалам. Не можам од причина што е кај некој друг дома.
Тоа место кај што живее, не е ниту нејзино, ниту на маж и.
Решение? Оди си. Под кирија. За психичко насилство во овој случај, признавам само вербални напади.
Освен тоа, младава за да докаже дека нешто што и следува не и е дадено, во најмала рака, и треба доказ дека барем сметки плаќала :)
Се додека сметката е платена од страна на бабава, бабата има секакво право да им оневозможи користење на домот и нештата во него - што се нејзини.
Да ама во случајов, младата работи и само она зема плата во домот. И кој плаќа сметки овде?
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Имам слушнато за едни познати синот неженет им викнал полиција на старите за малтретирање веројатно психичко расправии по дома, полицаецот му рекол - полнолетен си ако те малтретира некој никој не те тера во таа куќа да живееш оди си. И не направиле ни пријава.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ова е се точно, ама не се решава оваа работа институционално. Касно е кога ќе се изгуби психичкото здравје, што ќе помогне тужбата?
Тоа би биле уште поголеми стресови
А целта не е да се казни некој, целта е да се ослободиме од малтретирањето. Животов е краток за да се помине така. Целта е да ги надмудриме некако. А тоа се може само со ладна глава.
А бе Мони, во вакви ситуации каде ти си директно засегнат, не можеш да размислуваш со ладна глава. Инаку да се согласувам со тебе за ова.
Одењето на суд не е само за да се казни некој, туку и за да се сменат работите, па ако треба и преку казна нека бидат. Важно ќе се сменат. Има механизми како некој да се натера да го смени своето однесување. Само штета кај нас многу, многу ретко функционираат.
--- надополнето: 24 април 2013 во 15:42 ---
Еве во контекст на муабетот прочитајте, случајно налетав сега на ова:
http://www.undp.org.mk/Default.aspx?LCID=35&NewsID=480
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Да ама во случајов, младата работи и само она зема плата во домот. И кој плаќа сметки овде?
Не зборуваме за младата на Анчо.
Во хипотетичкиот случај младата не беше ќерка му на Анчо.
Ќерка му на Анчо не е само психички, туку и физички малтретирана.
--- надополнето: 24 април 2013 во 15:46 ---
Имам слушнато за едни познати синот неженет им викнал полиција на старите за малтретирање веројатно психичко расправии по дома, полицаецот му рекол - полнолетен си ако те малтретира некој никој не те тера во таа куќа да живееш оди си. И не направиле ни пријава.
Па според законите и така е.
Имотот на твоите родители не е и твој имот, ако си полнолетен.
Слободно оди си, и ако после тоа те малтретираат, имаш основа за пријава.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Ама еве сум
машините по дома се купени од нас, не можеме да ги користиме - не ни рекол никој да не ги користиме едноставно ако направам ручек таа ќе направи нешто попримамливо и моето ќе остане за фрлање, ако сакам да се бањам недај Боже да кажам на глас некој или шампонот ќе го истури или водата ќе ја потроши
Ако си купам нешто ново утре ќе го најдам исечено со ножици не можам да се израдувам на ништо ни за нас ни за децата
Пред месец дена купив 12 пара исти машки чорапи денес имаше само 1 во фиоката и тоа чорап а не пар :)

Прво што направив - се обидов им вратив. Ништо само полошо беше.
Потоа почнав да си ги пазам стварите, не можеш да се допазиш појди до продавница нешто ново настрадало дома. Се нервирав
Многу размислување, многу време, многу нешта во загуба си ја почнав мојата тактика.
Е кога немав гајле тие се нервираа. Ако работам јас за плата (имам работено) цела плата ќе ми оди за нивниот инает. Ќе си седам, како фрилансер ќе си работам по интернет нема да знаат ни дека заработувам.
Значи ладна глава.
Прво нешто што ми помогна е што го сватив следното: здравјето е важно не се важни парите и не се важни материјалните нешта. Се откажав сама од материјалното за сопственото здравје да го зачувам. И сега не можам да се наречам себе си жртва зошто не се чувствувам така. Се чувствувам дека не ми можат ништо. Кај нас дома не е сменето ништо освен моето размислување, ама не знаете колку ми е мене подобро од тоа.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
I'm with you bro. Крај на крај не се мажиш/жениш за неговотo семејство, туку за него/неа
Ауу луѓе колку сте грешка... И тоа како „кога се мажиш/жениш за некого се мажиш/жениш со цела фамилија“. Комшии , роднини и родители не се бираат. Можеш да се дистанцираш, но не можеш да ги избришеш. „Моиве“ (на маж ми) ги знам малтене цела вечност. Ми сметаа некои работи додека бевме во врска, ама си викав де бе што најлошо може да биде (епа можело :confused: ) И сега откако сме во брак веќе неколку години и да врне надвор ЈАС сум крива, и да нема дожд два месеци, ЈАС сум крива, абе буквално дури се прашував да не се на некои дроги по дома пошто тоа не е нормално до толку некој друг да ти е крив за се, а не ти е ни дома...И игорираш. Не одиш на гости, не се јавуваш на тел. Како да не постојат се додека не почнат да се жалат како сум била од големото „добро утро“, не сум се јавувала, не сум одела на гости, сум била арогантна... бла бла, па тој ќе ми пренесе мене што ме лаеле по дома и по роднини и ете ти ланец на проблеми. Затоа очи у глава со кого во брак. :unsure:
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Браво Мони, ти си една од ретките кои успеале сами да се справат со вакви работи.
Секоја ти чест, вистина!(y)
Да си продолжиш да си тераш по свое и да не се замараш многу, многу.
Ти посакувам со тек на време и да можеш да сис е тргнеш настрана од нив, така најубаво би ви било на сите. Поздрав
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Ауу луѓе колку сте грешка... И тоа како „кога се мажиш/жениш за некого се мажиш/жениш со цела фамилија“. Комшии , роднини и родители не се бираат. Можеш да се дистанцираш, но не можеш да ги избришеш. „Моиве“ (на маж ми) ги знам малтене цела вечност. Ми сметаа некои работи додека бевме во врска, ама си викав де бе што најлошо може да биде (епа можело :confused: ) И сега откако сме во брак веќе неколку години и да врне надвор ЈАС сум крива, и да нема дожд два месеци, ЈАС сум крива, абе буквално дури се прашував да не се на некои дроги по дома пошто тоа не е нормално до толку некој друг да ти е крив за се, а не ти е ни дома...И игорираш. Не одиш на гости, не се јавуваш на тел. Како да не постојат се додека не почнат да се жалат како сум била од големото „добро утро“, не сум се јавувала, не сум одела на гости, сум била арогантна... бла бла, па тој ќе ми пренесе мене што ме лаеле по дома и по роднини и ете ти ланец на проблеми. Затоа очи у глава со кого во брак. :unsure:
Добро, а маж ти не те брани од нив?
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Се надевам дека ќе заработам за одвојување ама треба да работам а не да киснам на кајгана :) И во потпис си го напишав да ме потсетува ... Отидов :rolleyes:
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Јас не сум мало дете па „бато“ да ме брани :) а и не барам да ме брани. Јас терам по свое, неговите по свое. Не очекувам да се откаже од родителите, впрочем, ни јас не би се откажала од моите поради него, така? Си балансираш и се трудиш да не те погодува и да нема проблеми меѓу нас поради нив. Друг лек нема. Ако си во заедница тоа се многу покомплексни ситуации-не дај боже.
--- надополнето: 24 април 2013 во 16:09 ---

24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Никој не е должен да трпи нечие малтретирање,да дозволува некој да лечи комплекси врз друг...Нека помислат малку родителите на сопругот доколку имаат уште едно дете односно керка како ке и биде нејзе да и го праваат истото ко тие на нивната снаа кога ке отиде во друга кука...Нема да е убаво нели?E нема...За своето чедо ке ги боли...

И кога зборуваме за имотот на твоите родители...Лесно е во теорија да се каже Оди си...оди направи го во пракса...Според вас кај ке оди ? Ако нема работа?Под кој покрив ке спие?Кај другарот?Кај девојката?На клупа?Каде?Пред да замине од дома мора добро да се обезбеди ако сака да успее.
 
Изгледа не се разбираме.
Не викам јас да ги убие нив или да заборави дека постојат, туку да застане на твоја страна, да се конфронтира со нив кога лаат без потреба.
Искрено, моите дома за дечко ми да пролаат нешто неосновано, партали ќе се направам, а не па да ми е маж и да имам деца со него.
--- надополнето: 24 април 2013 во 16:11 ---

Саншајн, тоа е морално прашање, а законски, ако немаш кај да живееш, никој од семејството не е должен и нема обврска да ти обезбеди.
Добра волја е да те прими дома.
 
Знаеш како е, ќе им каже еднаш, два пати, пет пати, сто пати и кога ќе видиш дека џабе муабет, џабе кавги, џабе објаснувања и нервози, бараш друг начин. Затоа ти реков дека нема потреба од бранење кога ќе видиш дека се е џабе си тераш и сфаќаш дека утре пак од тебе ќе бараат помош кога нема да можат вода да си земат сами, кога ќе нема кој на лекар да ги однесе... Па ќе видиме тогаш што ќе биде...
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
да одговорам на сите. Прво да пишам маки,тешки маки.
Пред 5 години јас го направив тоа што вие го мислите и ми го кажувате.
Ја земав ќерката со внукот и ги однесов сами да си живеат во мој стан во центар.
Но јас секој ден бев таму со нив.Вложив се за нив.Го носев и земав внукот од градинка и го шетав секојдневно во парк со обавезна банана и кивла во џебот.Но тој скришум понекогаш навечер доаѓал таму, јас си одев дома или на работа.Резултатот беше, мораше да ја носиме ќерката на абортус,така решивме поради наведената состојба.
Потоа кога требаше да почне во школо внукот се врати таму,таму и се води жител.
Јас не бев законски старател, а ниту сега не сум, а се би дал да сум. Но веќе и внукот подиве,не зборува не одговара во школо едвај поминува со по неколку1.
Потоа дојде и друго дете кое многу слабо напредува. Тоа не го чуваме,не го земаме, но помагаме со се, (ако тоа е помош и носење по лекари и купување таблети)
Еве мислам ова лето ќе мора да се реши ситуацијата на подобро, ќе разговарам и со нив и со некој стручни лица,па и да не сака жената јас ќе ги земам и однесам во автокоманда и ќе живеам со нив, (затоа што жената виде големи маки овие години и не сака со нив да живее) Може и зетот да дојде ама ако почне да работи. Но дали ќерката ќе сака да се отргне од таму сега кога веќе имат некој мизерни услови веќе,струја и колку толку за јадење минимално. Но ако вода не и дадат или не стават до есен на овој план сум.
И дали немањето-НЕ давањето вода спаѓа во семејно насилство.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom