Keepitreal
И сега ?....
- Член од
- 18 септември 2012
- Мислења
- 386
- Поени од реакции
- 371
Луѓе немојте да давате вакви изјави, ова е тежок чекор. Треба многу подршка и знаење, како и што точно да се направи. Анчо не е единствениот во нашава држава со ваков проблем. Охрабрувајте ги ваквите луѓе да си го решат проблемот, не осудувајте, зашто, како, што чекаат до сега. Сепак конечниот избор е на тој што директно е засегнат од проблемот. Со сила убавина не бидува.Чекај малце... Anco велиш дека имаш имот, не си финансиски лош, и дека ти им носиш јадење а и како што прочитав можеби грешно сватив ти им даде кола...
Добро што чекаш ? Не ми си јасен бе човече...
Види, не е секој случај случај на насилство.Да Пумо и јас тоа го викам. Ама кај нас системот ретко на кој му помага. не знам кој треба да си и чиј да си за да ти помогне, или едноставно да имаш пари па да потплатиш некој за таа помош.
јас имам запознаено многу вакви случаи, дури и со модрици ми доаѓале на работа. и многу е тешко да се одлучиш да пријавиш такво нешто.
ти еве ќе бидиш еден ден психолог, ќе имаш моќ и знаење на ваквите малтретирани личности да им помагаш да соберат храброст за да донесат вистинска одлука.
не го употребувај терминот оштетена личност, не е коректен и навредлив е. подобро кажи жртва на насилство...
А за тебе ова не е психичко насилство? Пумо немој вака, ако некои работи не ги знаеш, не ги тврди.Види, не е секој случај случај на насилство.
Да го расчистиме тоа.
Замисли ситуација - свекрвава не и дава на снаата да пере алишта во нејзината машина, да чува храна во нејзиниот фрижидер, не и дава да користи струја итн.
Значи, ова не можеме да го карактеризираме како психичко или физичко насилство.
Од причина што снаата е таа која не е дома. Колку и ние да сме свесни дека таа фактички е дома, документите поинаку зборуваат.
Ако јас, полнолетна, дозволам мајка ми да се изживува психички врз мене, е мој проблем, можам било кога да го напуштам нејзинот имот.
Затоа за овие случаеви не можам да користам термин ,,жртва,,. Не си жртва ако сам себе се донесеш во таква ситуација.
За мене е психичко насилство.А за тебе ова не е психичко насилство? Пумо немој вака, ако некои работи не ги знаеш, не ги тврди.
Разгледај си го ова и ќе ти стане јасно што е психичко насилство.
Не е секогаш до тебе, некогаш самата ситуација те прави жртва, без да сакаш.
Пристојно?Најдобро да се оделите од родителите да се гледате еднаш у три месеци, тогаш сите ќе се однесуваат пристојно.
Пумице и ти си контрадикторна сега сама на себе. Еднаш викаш не е насилство, друг пат викаш насилство е.За мене е психичко насилство.
Само што со самото останување таму, по своја желба, јас практично се согласувам со тоа насилство.
Не може некој да ми дојде дома и да живее онака како што тој/таа сака.
Свекрвата и снаата не се во брак.
Може таа да биде жртва на нејзиниот сопруг, но не и на нејзината свекрва.
Не е поентата што јас знам од книга или што сум видела.
Реалноста е дека сопругот во горенаведениот пример и неговата сопруга, се тупнале на некој дома да му живеат. Никој не е должен на нив да им пружа услови за живот.
Значи строго се држам до мојот пример, не онаму каде што има закани, уцени, и останати работи кои се наменети за да повредат некого.
Ако јас на мојот имот не сакам да делам ништо со никого, нема закон што може да ме натера.
Се надевам дека анчо ме сваќа... Јас најмногу сакам да се среди ситуацијата на анчо .. Со сумбилинална порака му давам до знаење на анчо „ Ајде ти тоа можеш, направи го најдоброто за твојата ќерка „ Нити малце јас не го осудувам, туку го охрабрувам да не чека да превземи во свои раце ситуација..Луѓе немојте да давате вакви изјави, ова е тежок чекор. Треба многу подршка и знаење, како и што точно да се направи. Анчо не е единствениот во нашава држава со ваков проблем. Охрабрувајте ги ваквите луѓе да си го решат проблемот, не осудувајте, зашто, како, што чекаат до сега. Сепак конечниот избор е на тој што директно е засегнат од проблемот. Со сила убавина не бидува.
Ваквите случаи треба да се упатат на вистинско место, кај вистински луѓе кои знаат како да постапат во вакви ситуации. Секое осудување и солење памет, само обесхрабрува повеќе, прави да го одвратат од решението. Давајте подршка, не осудувајте.
Наместо да кажете, што чекаш, кажете ајде ти тоа можеш да го направиш...
Нема врска бе Луки, мајка ми тие што ги ареса, јас бегам од нив....викам, земи го ти ако толку ти се свиѓа
Бог да чува ако родителите треба да ми одредуваат со кој ќе бидам.
Јас мислам дека напоменав, ние сме свесни дека е насилство, но е најлесно нели да се спасиш од насилство од свекори и свекрви. Оди си. Кој те тера таму да живееш? Ако дојдам јас кај тебе дома, и не ми одговараш, а и понатаму останувам, кој е крив? Јас или ти?Пумице и ти си контрадикторна сега сама на себе. Еднаш викаш не е насилство, друг пат викаш насилство е.
Може да бидеш жртва и на комшиите, не само на домашните.
А кога веќе си влегол во брак со некој, кај нас се знае, најчесто со свекор и свекрва одиш да живееш. Тоа станува твој дом, од кога ќе влезеш да живееш во таа куќа. Без разлика на чие име се води. И сите треба да бидат рамноправни, и во права и во обврски. Никој на никого не му се тупнал и не му отишол да му живее во туѓа куќа. По овој твојот муабет, значи голем дел од нас сме му се тупнале на некој, само за да имаме покрив над глава. Оти нема секој имот на свое име денес.
Кога некој твој близок би имал ваков проблем, не знам дали би размислувала вака.
А бе ти ко што не сакаш деца, не ќе ни имаш со кој да го делиш својот имот. Не се навредувај сега, јас само констатирам факти кои се веќе кажани од тебе.
На пример, женските как шо опишува Суссаро са доста прагматични и пресметливи коа иде прашање за женачка. Едноставно, ништо не се остава на случајо и целата работа се гледа како една инвестиција.
Ако бабата не го ареса зето, на сите можни прикриени начини ќе се замеша за да ја расипе работата.
И да, ного од момите ќе ми кажете оти не е така, иако на сите до една мајките ви са флезени длабоко у потсвеста.
А бре кај ќе одиш со 2 или 3 деца, а немаш родители, ти починале, или не те сакаат назад да им се вратиш? Не е така едноставно ко што мислиш. Знаеш бар и сама, како влијае психичкото малтретирање врз било кој, бар го учиш тоа, како се манифестира и на кои начини.Јас мислам дека напоменав, ние сме свесни дека е насилство, но е најлесно нели да се спасиш од насилство од свекори и свекрви. Оди си. Кој те тера таму да живееш? Ако дојдам јас кај тебе дома, и не ми одговараш, а и понатаму останувам, кој е крив? Јас или ти?
Остај што треба, а што не треба. На мој имот јас одлучувам. Не зборуваме за морал, зборуваме за нешто со што ќе го теретиме кривично сторителот. Недавање на струја и машина за перење, е морално, а не законско прашање.
Јас се обидувам да бидам објективна, а не субјективно да ги доживувам нештата. Некаде во втора година студии, почнав да отрпнувам на се и сешто. Ако секој свој пациент го гледам како брат, сестра, никогаш нема да успеам да му помогнам.
И на крајот, со ад хоминем, посебно со извртени муабети, не можеме да дискутираме.
Тоа што во моментов не сакам да имам деца, не значи дека никогаш нема да сакам и никогаш нема да имам.
Или ќе дискутираме на ниво, или подобро ич да не дискутираме.
Сина бубамарке, некако не се разбирамеА бре кај ќе одиш со 2 или 3 деца, а немаш родители, ти починале, или не те сакаат назад да им се вратиш? Не е така едноставно ко што мислиш. Знаеш бар и сама, како влијае психичкото малтретирање врз било кој, бар го учиш тоа, како се манифестира и на кои начини.
Ако ја укривуваш жртвата, ништо не си направила. Таа и така има изгубена самодоверба во себе, па уште да и речеш дека она е крива за тоа што и се случува, ептен ќе ја дотепаш, ќе ја најдеш утредента мртва, како се самоубила.
Јас сум објективна, верувај ми. По такво работно искуство станав премногу објективна за вакви работи. Ама и сензитивна кога станува збор за вакви прашања. Нешто што гледам дека ти уште го немаш стекнато.
Не се лути одма де, си дикутираме, а по некоја шала на твоја или на моја сметка понекогаш не е ништо страшно да уфрлиме. А ако си таква лутка, кажи си веќе нема да се шалам со тебе.
Мони, јас те разбирам како човек прво.Пристојно?
Во мојов случај има да плачат по мене Само да се стабилизирам со пари
PurplePuma
не само што е насилство туку на таквите не можеш да им докажеш дека нешто направиле, будала ќе те направат во очи, крајот не им се наоѓа.
Ајде моите, една комшивка што имам свекрва е, синот и снаата се отепуваат од работа таа раздава се што ќе купат како црвен крст. Со слаби финансии ќе преќутиме се и сешто ама ќе биде подобро.
Туку јас луѓе станав за да работам демек ....
1 болдСина бубамарке, некако не се разбираме
За да обвиниш некого дека те малтретира, мора да немаш друг избор, или законски да имаш основа.
Значи - мене ми е јасно дека таа нема каде да оди, нема што да прави, арно ама тебе јасно ли ти е дека непоканета отишла кај некого дома?
Не зборуваме за морално исправно или неисправно, зборуваме од законски аспект - како ќе докажеш дека свекрвата ја малтретира снаата, ако 1. не ја ни допрела физички и 2. не ни допрела нејзини работи
Значи, имотот е на свекрвата, не на мажот на невестава. Да е на мажот на невестата, свекрвата е дојденецот.
Јас нема сигурно да и речам на жртвата - ти си крива. Зборуваме јас и ти, како личности кои треба да работат со овие жртви. Жртвата сама себе се става во таа ситуација, ние треба да ја извадиме. Законски не може да добие имот кој не припаѓа ниту на сопругот, значи нејзиното чаре е или да си оди, или да трпи.
Без оглед што нема кај да оди - за тоа постојат центрите за згрижување (кои патем, секако не функционираат).
Значи, на која основа некого ќе гониме кривично? За што ќе ја обвиниме свекрвата? Како ќе го дефинираме во овој случај психичкото насилство? Со кои аргументи ќе победиме на суд?
Не знам што си по професија, меѓутоа цело мое друштво сме психолози, педагози, социјални работници и дефектолози, па знам од прилика како се одивива ситуацијата, затоа што социјалниот работник е првиот на ,,местото на злосторството,,. Тој треба да даде основа за случајот, врз што адвокатот ќе ја брани жртвата.
Со недавање на машина за перење не можеме да добиеме на суд.
И можеме да се шалиме, секако, но не и да пласираме шпекулации за некој друг
1. Непоканета - имотот не е на нејзиниот сопруг. Имотот е на неговите родители.1 болд
Како тоа непоканета отишла кај некого дома, кога се омажила за нејзин син и живеат заедно? Не те разбирам што ти е поентата на ова?
2 и 4 болд
Ќе оди на психолог или на психијатар ќе и направат проценка и тоа ти доста релевантен доказ пред суд. Кај нас има обвинение и само за психичко насилство.
3 болд
Ете гледаш знаеш дека не функционираат, само да се фалат повеќе постојат овие засолништа, а внатре нема ни една жена сместено.
5 болд
Мојата професија е во доменот на професиите во твоето друштво
6 болд
Шпекулациите некогаш се користат како шали.