Што кога не сте прифатени од страна на родителите на партнерот?

Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Лесно е од страна да се соли памет, ама ќе ти кажам: прибери си го детето додека не ја разболат од нервоза.
Што живот е тоа? Млада, здрава, права, работи и парите и ги земаат?!?!?
Анчо, не живееме у 19. век!
Мојата прабаба била различна вера со прадедо ми и му рекла: ќе се земеме, ако ја прифатиш мојата вера. Ако не, шетај!
Пази, тоа се случува пред 100 години во македонско село!!!
У 21. век една жена не смее да си дозволи да ја третираат како робинка.
Зетот каков лангидар! Маж, да чека жена му да го издржува?! Маж може секаде да работи. Ќе растовара цемент ако треба. Дете има, невеста има, он седи дома?!

Пак ќе ти кажам: прибери си го детето дома. Кај има за вас, и за неа и за детенцето ќе има.

Мене не ми е чудно затоа што и свекрва ми имаше такви идеи во глава. Демек не требало ние башка да живееме, (сме оделе по одмори, секој ден ни доаѓало друштво, сме излагале често на кафе, сме јаделе по ресторани (а двајцата имаме прилично добри плати)) СМЕ ТРЕБАЛЕ ВО ЗАЕДНИЦА, ПАРИТЕ НА КУП И ОНА КЕ ОДЛУЧУВАЛА НА КОГО ЗА ШТО МУ ТРЕБА. Алооо бре, арна ли си за улошки и кафе од тебе да барам?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
да одговорам на сите. Прво да пишам маки,тешки маки.
Пред 5 години јас го направив тоа што вие го мислите и ми го кажувате.
Ја земав ќерката со внукот и ги однесов сами да си живеат во мој стан во центар.
Но јас секој ден бев таму со нив.Вложив се за нив.Го носев и земав внукот од градинка и го шетав секојдневно во парк со обавезна банана и кивла во џебот.Но тој скришум понекогаш навечер доаѓал таму, јас си одев дома или на работа.Резултатот беше, мораше да ја носиме ќерката на абортус,така решивме поради наведената состојба.
Потоа кога требаше да почне во школо внукот се врати таму,таму и се води жител.
Јас не бев законски старател, а ниту сега не сум, а се би дал да сум. Но веќе и внукот подиве,не зборува не одговара во школо едвај поминува со по неколку1.
Потоа дојде и друго дете кое многу слабо напредува. Тоа не го чуваме,не го земаме, но помагаме со се, (ако тоа е помош и носење по лекари и купување таблети)
Еве мислам ова лето ќе мора да се реши ситуацијата на подобро, ќе разговарам и со нив и со некој стручни лица,па и да не сака жената јас ќе ги земам и однесам во автокоманда и ќе живеам со нив, (затоа што жената виде големи маки овие години и не сака со нив да живее) Може и зетот да дојде ама ако почне да работи. Но дали ќерката ќе сака да се отргне од таму сега кога веќе имат некој мизерни услови веќе,струја и колку толку за јадење минимално. Но ако вода не и дадат или не стават до есен на овој план сум.
И дали немањето-НЕ давањето вода спаѓа во семејно насилство.
Анчо, за жал, а се надевам и правниците ќе одговорат, нејзината свекрва не е должна ништо да и дава.
Мислам дека може да се ,,добие,, нешто со тоа што ќерка ти има жителство таму, па само таа е вработена, според тоа таа плаќа сметки итн.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Anco, те читам наназад низ темава и стварно не можам да ти се доначудам. Од една страна ми навистина многу жал за ќерка ти, ама пак од друга страна и не ми е, бидејќи и не е во безизлезна ситуација. Да речеше дека е болна од нешто неизлечиво (скраја да е), ќе сфатев... ама во вашиов случај има многу решенија, а ти конкретно како татко ништо не си превзел до сега. Седиш само мирно и се нервираш дури детето и внуците ти патат. Затоа постои таа изреката: „Злото преовладува тогаш кога добрите луѓе не превземаат ништо“.
Нешто спрема кое се водам низ животов е: „Немој да судиш за нешто што не си го доживеал или искусил“. Не сум бил родител до сега и да го искусам тоа, ама во твојов случај, од досега прочитаново, ќе направам исклучок и ќе заклучам дека ти и твојата жена сте потфрлиле во воспитувањето на твојата ќерка. (За таа што е магистерот нема да коментирам, сепак не е во таква каша како другава... финансиите се далеку помал проблем отколку малтретирањето).
Очигледно сте направиле грешка во воспитувањето штом не сте ја научиле какви луѓе треба да одбира за да се дружи и што е најважно, каков тип на човек да одбери за брачен сопатник. Извини, ама профилот на човек што го опиша (нејзиниот маж) е тип на човек што заслужува да дочека старост и да умри осамен, а не да оформува фамилија. Уште помалку да помислам детето да го предадам во таква фамилија да живее и деца да гледа. Тука ви е една од најголемите грешки. И втора работа, возраста. Мажење на 20 години според мене е крајно несериозна работа. Никој не е доволно созреан и искусен за да на 20 години може зрело да размислува за оформување фамилија како и последиците од таквиот чекор при избор на погрешен партнер. Па уште и кога прочитав дека стапиле во брак после само 1-2 месеци познанство, уште повеќе ми стана јасна ситуацијата...
И вие како родители наместо да превземите нешто, вие само ја одржувате таа ситуација (неподнослива) и понатаму. Исто како жар што тлее, ти да го чепкаш со машата...
Знаеш многу добро дека институциите, системот, полицијата кај нас не функционираат. Не се надевај на нив! Земај колата, земи си ја ќерка ти заедно со внуците и носи ги кај тебе дома и најбрзо што можи потегнувајте бракоразводна парница. Сите карти се на ваша страна на суд.
Ќе речиш дека не е така лесно, нема да сака ќерка ти... да, сфаќам. Затоа ќе се потрудиш ти како родител, грешката што си ја направил во изминатите 2-30 години сега да ја исправиш и да и објасниш убаво шо ја чека понатаму во таква фамилија. Во такви услови јас се сомневам дека ќе доживее 60 години и внуци да види ќерка ти. Да не зборувам за твоите внуци... обично од такви фамилии потекнува деликвенцијата. Сите предуслови за тоа ги имаат. Па сега размислете дали сакате внуците да ви израснат во нормални луѓе, магистри... или да ги гледаш еднаш неделно во Идризово.
Подобро да раснат тие деца без татко, ама со нормална мајка, баба и дедо... отколку во таа мизерија таму.
Не можам никако да ве разберам како така рамнодушно поднесувате вакви ситуации и се правите немоќни?! Секогаш има решение и излез од ситуацијата... Ама не секој има храброст да направи промени во животот, дури и кога се на подобро тие промени.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Strider
------------------
Јас да го прочитав ова од некој СвНикола (мислам мојов случај) ама баш истото ќе му го напишев вашето,море дури и ќе му предложев дај уште вечер да одиме да ја земаме.
Но знам нешто морам да сторам,иако знам порано требаше и ќе поминеше полесно.
Јас несакав да се мешав во бракот со зборовите, Остави го, иако таа помина и сама подолго време,а тој ни да го види синот не доаѓаше(освен за она што напишав).
Но знам многу долго ја оставивме кај тие зверови. А сега ако ја потегнеме посилно работава мислам ќе има отпор,па дури и вода можеби и ќе пуштат-дадат.
Но сејакао и ќе и запретат ако напушти ( готова си, ќе те убиемео и слично)
Кога зема севте плата ќерката ај што и ја земал,него истата вечер го нема дома туку одам го наоѓам во блиската кафана седнал пие пиво со некој како него.
Јас културно му викам,дека има и син дека и за него треба нешто, ато ј ми вика:
-„ Ај излегувај да не ти го удрам шишево од глава“
---------------------
сега како да го продолжиме муабетов откога и ова го разбравте.
Требаше кога беше со и кај мене,пред 4-5,да го решам случајот па макар и донел некој од работа од оние добри деца со над 35 год, т.с. врсници. но не се одлучив ете сакав внукот кој многу го сакам и на грб сум го носел секоја вечер на плоштад,да не расне без татко,ете само порадо тоа,ама ако не ја бива ќе мора и тоа да биде.
 
Но сеј=као и ќе и запретат ако напушти ( готова си, ќе те убиемео и слично)
Кога земе севте плата ќерката ај што и ја земал,него истата вечер го нема дома туку одам го наоѓам во блиската кафана седнал пие пиво со некој како него.
Јас културно му викам,дека има и син дека и за него треба нешто, ато ј ми вика:
-„ Ај излегувај да не ти го удрам шишево од глава“
---------------------
сега како да го продолжиме муабетов откога и ова го разбравте.
Требаше кога беше со и кај мене,пред 4-5,да го решам случајот па макар и донел некој од работа од оние добри деца со над 35 год, т.с. врсници. но не се одлучив ете сакав внукот кој многу го сакам и на грб сум го носел секоја вечер на плоштад,да не расне без татко,ете само порадо тоа,ама ако не ја бива ќе мора и тоа да биде.
Анчо, гледам дека го сфаќаш проблемот, сфаќаш дека нема излез, се е тоа во ред. Сфаќам и дека бараш начин да си го извадиш детето од таа каша.
Само, се додека мислиш дека тој вол му е татко на детето, нема да можеш да ја извадиш.
Не му е татко. Тоа што го направил не е нешто посебно во животот.
И самиот знаеш дека да се биде татко е многу повеќе од само правење на дете.

Што и да одлучиш, ние сме со тебе, колку знаеме и умееме - ќе помогнеме :)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Strider
------------------
Јас да го прочитав ова од некој СвНикола (мислам мојов случај) ама баш истото ќе му го напишев вашето,море дури и ќе му предложев дај уште вечер да одиме да ја земаме.
Но знам нешто морам да сторам,иако знам порано требаше и ќе поминеше полесно.
Јас несакав да се мешав во бракот со зборовите, Остави го, иако таа помина и сама подолго време,а тој ни да го види синот не доаѓаше(освен за она што напишав).
Но знам многу долго ја оставивме кај тие зверови. А сега ако ја потегнеме посилно работава мислам ќе има отпор,па дури и вода можеби и ќе пуштат-дадат.
Но сејакао и ќе и запретат ако напушти ( готова си, ќе те убиемео и слично)
Кога зема севте плата ќерката ај што и ја земал,него истата вечер го нема дома туку одам го наоѓам во блиската кафана седнал пие пиво со некој како него.
Јас културно му викам,дека има и син дека и за него треба нешто, ато ј ми вика:
-„ Ај излегувај да не ти го удрам шишево од глава“
---------------------
сега како да го продолжиме муабетов откога и ова го разбравте.
Требаше кога беше со и кај мене,пред 4-5,да го решам случајот па макар и донел некој од работа од оние добри деца со над 35 год, т.с. врсници. но не се одлучив ете сакав внукот кој многу го сакам и на грб сум го носел секоја вечер на плоштад,да не расне без татко,ете само порадо тоа,ама ако не ја бива ќе мора и тоа да биде.
Анчо јас сум таа возраст, или малку помал од зет ти. И јас сум родител на мало дете. И ова што го кажуваш не можам да го сварам, дека е можно, дек апостои таков идиот, извини на израз, ама така го перцепирам зетов твој од муабетов.

Мислам дека прашањето е дали ќерка ти сака да биде со него? Ако нејќе, ти немаш повеќе проблем, во спротивно, Господ напомош нека е.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Анчо јас сум таа возраст, или малку помал од зет ти. И јас сум родител на мало дете. И ова што го кажуваш не можам да го сварам, дека е можно, дек апостои таков идиот, извини на израз, ама така го перцепирам зетов твој од муабетов.

Мислам дека прашањето е дали ќерка ти сака да биде со него? Ако нејќе, ти немаш повеќе проблем, во спротивно, Господ напомош нека е.
Точно си погодил, А ќерка ми е поголем идиот и од него штом дозволува уште да ја е......таму а никаквии услови немаат,и ја држат само уште за парите.
Таа ќерками да каже сакам ова или она се ќе и удоволам,а пак да каже или реши да си дојде може да бира и во кој стан (наместен )да ја однесам,ама таа не кажала такво нешто.Можеби веќе и несмее или е веќе навикната на таков живот.
Пред некој ден зема плата, а денес ми е животов пекол. Се јави бара 5000 денари за да оди внукот на екскурзија завршува 4 оделение,женава не сака да даде (а имаме).
Инаку секој ден и дава за јадење,работи во нејзина близина (и таму ја срами)
Еве ни мојот живот не е како што треба,мислам бракот е веќе нарушен,тоа во друга тема ќе го продолжам,секојдневни расправии и во нашето семејство од 2 члена поради некое друго семејство,каде ние да се жалиме за насилство од нивна страна,секојдневно дај пари,сега некое време да го ова заборавиме па од есен да продолжиме со муабетов,јас ќе се јавам и ќе ве обавестам каква е состојбата.
Јас еве над 1,5 год. сум со вас а ова не сум го до сега спомнал. Сега бар малку ми олесни со муабетов со вас,инаку знам дека сме ја заглавиле до гуша во каша поради едни „селски“ мераклии на биртии.Тие и само на таков живот научиле не му ја мислат за утре,мислам и Ромине подобро т.с.посреќно живеат(оние под мостот)
Сум гледал таткото што збира пластични чаши,ќе купи пиво ама и за детето сокче.
Тоа не се случило до сега кај мојон зет.Да има сто ден.прво цигари ќе купи обавезно.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Аман бе чичко Анчо.
До толку ли го скака ќерка ти сопругот па да дозволи да ја прават помалку од...........
 
Член од
23 април 2013
Мислења
37
Поени од реакции
17
епа кур ме боли ако не сум прифатен
битно ќерка му го прифаќа
и тоа
со двете раце
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Требаше кога беше со и кај мене,пред 4-5,да го решам случајот па макар и донел некој од работа од оние добри деца со над 35 год, т.с. врсници. но не се одлучив ете сакав внукот кој многу го сакам и на грб сум го носел секоја вечер на плоштад,да не расне без татко,ете само порадо тоа,ама ако не ја бива ќе мора и тоа да биде.
Ти го пишав тоа во претходниот пост. Стави ги двете работи на кантар и самиот пресуди која опција е подобра (и онака имаш години и искуство и памет за да процениш ваљда и самиот): Да расти БЕЗ или СО таков татко. Размисли која би била последицата од едниот, која од другиот случај.
На твојот внук не му треба татко. Нему РОДИТЕЛ му треба!
Оти за да стани татко, секој идиот го можи тоа... ама малкумина знаат да бидат родители. Прочитај на таа другата тема „вашиот татко“ колкумина пишале дека останале без татко, израснале само со еден родител, или ги напуштил таткото уште како мали... ама пак на крајот останале и израснале на правиот пат.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Anco Strider e целосно во право...Мислам дека е време нешто конечно да направиш.Вака чекајки ништо нема да направиш туку ситуацијата може да се влоши повеке...Веке ти кажаа претходно дека треба да реагираш.Зошто се уште чекаш?Која е причината?Не знаеш како да постапиш?Страв ти е?Внук ти страда...Керка ти страда...Наместо овде да седиш реши се да направиш еден чекор.Каков и да е.

И прашањето на Fringe ме заинтересира.

До толку ли го сака ќерка ти сопругот па да дозволи да ја прават помалку од...........
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Anco Прво мое сочуство за ситуацијата што ја преживува целото твое семејство....
Не ми го земај за зло ова што ти го пишувам, во најдобра намера е.
Секоја ситуација има повеќе страни на гледање. Таа на семејството на зет ти не ја знаеме, ама веројатно и тие си тераат некој филм (средновековен, селски - така мене ми изгледа по твојот опис)......малку ми е нејасен изборот на ќерка ти за таков човек и нејзиното трпење на се' што и се случува, ама ете, го прескокнувам тој дел....

Големи рани кога се лечат и болките се големи - ако брзо влегла во брак ќерка ти и ако тогаш тоа ти било изненаден и екстремен потег ќе мора и со некој екстремни мерки да се исправи целата ситуација - не можам и не сакам да ти кажам како, но сакам да ти дадам поддршка ако веќе се двоумиш нешто такво да превземеш.

Нешто што е исто важно, а сигурен сум дека го занемаруваш - твоето здравје. Во моето пошироко семејство имаше случај, (добро со поинакви причини), но неприфатена снаа (своеглава, некомуникативна...каква и да била), која воопшто не покажуваше и не покажува никаков респект кон семејството (зборам за најосновно почитување) да биде еден проблем со кој сите беа опседнати и нервозни....за на крај од стрес и нервози кај чичко ми се развиваа болести од што дојде до таму тој да почине (на мое големо жалење) и што е најтрагично од сите нервози и расправии единствен реален резултат е што тој почина.....и ништо друго....јас секогаш се противев кога се разговараше против оваа личност, не од што имав разбирање за нејзе, туку сите односи во семејството беа разнишани и испревртени и тоа само дополнително лоши ситуации предизвикуваше....

Поентата ми е - или отфрли го проблемот (што е потешка и помалку веројатна варијанта) или решавај го со конкретни потези, колку и да биле болни (а во ситуација со дечиња се невидено тешки)....колку можам да разберам, нивото на комуникација и разбирање со личностите од другата страна нема никогаш да ви се доближи - заеднички јазик тешко дека ќе најдете...

Се надевам дека нема како злонамерен да ми го разбереш постов....поздрав!
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас не сум мало дете па „бато“ да ме брани :) а и не барам да ме брани. Јас терам по свое, неговите по свое. Не очекувам да се откаже од родителите, впрочем, ни јас не би се откажала од моите поради него, така? Си балансираш и се трудиш да не те погодува и да нема проблеми меѓу нас поради нив. Друг лек нема. Ако си во заедница тоа се многу покомплексни ситуации-не дај боже.
Како бе не? И кое е решението, ќе чекате да умрат? Не можам да ве разберам. Не можел да се откаже од родителите мажов. Да се нормални луѓе, ќе разберам да не може да се откаже од нив. Ама во вакви случаи...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom