Што кога не сте прифатени од страна на родителите на партнерот?

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Чекај малце... Anco велиш дека имаш имот, не си финансиски лош, и дека ти им носиш јадење а и како што прочитав можеби грешно сватив ти им даде кола...

Добро што чекаш ? Не ми си јасен бе човече...
А по твое што треба да направам,како сакаш да кажеш земи си ја назад....
Јас со голем мерак го прифатив зетот за зет(кога и видов од каков живот доаѓа-и какаов имал)
Таму сум бил не повеќе од неколку пати додека беше жив сватот.Почина набрзо.
Беа мизерија.Ни стакла немаа на прозорците,а под теписите гола земја.
А кај мене што да кажам и тогаш и сега немам ништо од порцелан или џинг, се е 18/10.
Се сам сум спечалил.По мојата свадба веднаш отидов под кирија на ул „Гемиџиска“.
Немав ни шише стаклено за вода или пиво а тогаш се враќаше амбалажата.За брзо време си купив стан,ќерките уште не беа за во школо.Но многу работев.Мислев на нив и за нив.Од работа,на пазар,од пазар на работа или за странство по роба.Купив уште еден стан,да има за двете. Сега се вселив во нов стан,купив се ново внатре и еден душек и останато се сам си направив:дневна,кујна и спална.Купив и нова кола.
Јас значи од што многу работам имам. И сега само да напишам ова и одам во гаража да работам сам правам некој алати и машини.
-------------------------------- Ова колку да ја знаете ситуацијата и за мене.
Јас сакам да му помогнам на зетот,тој сега ми е син од кога е со ќерка ми а неговите деца се мој внуци.Но сакам тој да ја бутка колата а јас да му помогнам,ама тој сите 12 години седи и ме остава сам ја да ја влечам колата.
Тој се разбира дека е многу и „прост“ поточно и од такво „неписмено“ семејство е, и е необразован за денешницава но како мене КВ работник, ама НЕработник,не сака или така го учи мајка му да не работи. Крфта веќе ни ја испија,не финансиски тука не се плашам се уште можам да створувам од едно три,туку здравствено сме веќе пропаднати и јас и жената,а не само ќерката. Сега бар не ја тепаат,нема модрици и не сум чул да ми кажале таму имаше полиција како што беше првите 7-8 години.
А не ја тепаат и ја чуваат само поради парите. И сите се за нив. По една недела ќе почне да бара,дај за карта,за памперс,за млеко,за школо, а јадење ние и купуваме.
Планот е на свекрвата да ги сосем избрка од тој двор зошто има мажена ќерка во далечно село и сака да ги донесе тука а и повеќе се тука,тука им учат децата.
----------------
Од сабајле бев на пазар до 2 часот,а сум излегол во 5 од дома. Се што ќе извадам пак е за нив,купив баскет за внукот и патики но и зетот не го оставам гол.
Секој ден ми е таков,а одам и на работа, а сега одам пак во гаража и се исклучувам.
 
gata salvaje

matufa
Член од
2 декември 2011
Мислења
6.882
Поени од реакции
10.440
Ahh be cicko Anco ....se arno ,ti rabotis i za vas i za niv , ubavo koga mozes da pomognes , ali rabotata ne e vo toa da im pomognes denes..sto koga utre tebe ke te nema , ili soprugata , sto togas?od kogo ke cekaat?
Ne treba da gi naucis da cekaat od drug, koga zdravi pravi mozat sami da rabotat i zarabotuvaat ...so toa ic ne im pomagas , mu odmagas:)
Zapni go tamu zetot neka raboti ....ako neke, kerkata , vnucite so tebe i ottrgni gi od tamu .I ako zetot ja maltretira kerkata ili uste poloso dozvoluva pred negovi oci toa da se pravi i ne prevzema nisto ..pa da se mocam vo nego (se izvinuvam na izraz), zosto ti e , ni ime da mu spomnes. Zdravjeto i srekata na vasata kerka, vnucite , a i vasite ne se za frlanje , za nekoj da gazi po niv.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
А по твое што треба да направам,како сакаш да кажеш земи си ја назад....
Јас со голем мерак го прифатив зетот за зет(кога и видов од каков живот доаѓа-и какаов имал)
Таму сум бил не повеќе од неколку пати додека беше жив сватот.Почина набрзо.
Беа мизерија.Ни стакла немаа на прозорците,а под теписите гола земја.
А кај мене што да кажам и тогаш и сега немам ништо од порцелан или џинг, се е 18/10.
Се сам сум спечалил.По мојата свадба веднаш отидов под кирија на ул „Гемиџиска“.
Немав ни шише стаклено за вода или пиво а тогаш се враќаше амбалажата.За брзо време си купив стан,ќерките уште не беа за во школо.Но многу работев.Мислев на нив и за нив.Од работа,на пазар,од пазар на работа или за странство по роба.Купив уште еден стан,да има за двете. Сега се вселив во нов стан,купив се ново внатре и еден душек и останато се сам си направив:дневна,кујна и спална.Купив и нова кола.
Јас значи од што многу работам имам. И сега само да напишам ова и одам во гаража да работам сам правам некој алати и машини.
-------------------------------- Ова колку да ја знаете ситуацијата и за мене.
Јас сакам да му помогнам на зетот,тој сега ми е син од кога е со ќерка ми а неговите деца се мој внуци.Но сакам тој да ја бутка колата а јас да му помогнам,ама тој сите 12 години седи и ме остава сам ја да ја влечам колата.
Тој се разбира дека е многу и „прост“ поточно и од такво „неписмено“ семејство е, и е необразован за денешницава но како мене КВ работник, ама НЕработник,не сака или така го учи мајка му да не работи. Крфта веќе ни ја испија,не финансиски тука не се плашам се уште можам да створувам од едно три,туку здравствено сме веќе пропаднати и јас и жената,а не само ќерката. Сега бар не ја тепаат,нема модрици и не сум чул да ми кажале таму имаше полиција како што беше првите 7-8 години.
А не ја тепаат и ја чуваат само поради парите. И сите се за нив. По една недела ќе почне да бара,дај за карта,за памперс,за млеко,за школо, а јадење ние и купуваме.
Планот е на свекрвата да ги сосем избрка од тој двор зошто има мажена ќерка во далечно село и сака да ги донесе тука а и повеќе се тука,тука им учат децата.
----------------
Од сабајле бев на пазар до 2 часот,а сум излегол во 5 од дома. Се што ќе извадам пак е за нив,купив баскет за внукот и патики но и зетот не го оставам гол.
Секој ден ми е таков,а одам и на работа, а сега одам пак во гаража и се исклучувам.
Анчо, не можам да кажам дека сосема те разбирам, затоа што како прво не сум родител и не ја знам таа болка.
Ама објективно, како човек на ова општество, како иден човек кој ќе се занимава со проблеми на живеењето и на крајот само како еден член на форум кој те почитува, те советувам да престанеш со тоа што го правиш.
Не си ти вечен и нема да можеш вечно да работиш.
Што ќе прави таа без тебе?

Ај ќе речеш, и свекрвава не е вечна. Не е таа проблемот.
Туку маж и со кој треба цел живот да живее.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Анчо, не можам да кажам дека сосема те разбирам, затоа што како прво не сум родител и не ја знам таа болка.
Ама објективно, како човек на ова општество, како иден човек кој ќе се занимава со проблеми на живеењето и на крајот само како еден член на форум кој те почитува, те советувам да престанеш со тоа што го правиш.
Не си ти вечен и нема да можеш вечно да работиш.
Што ќе прави таа без тебе?

Ај ќе речеш, и свекрвава не е вечна. Не е таа проблемот.
Туку маж и со кој треба цел живот да живее.
По описот на Анчо тој нема ни М од маж.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
По описот на Анчо тој нема ни М од маж.
А по она што го искусив и доживеав изминативе години институциите на Македонија,
немаат ни М ....од Македонија
поточно ни Д...од Држава, или ни П..од полиција.
Само си гледат сеир,(друг пат ќе го продолжам муабетот, за оваа ќерка за која прв пат сега нешто напишав во оваа тема.
Повеќе сум пишувал за другата, и таа не работи ни зетот,но убаво живеат со хармоничен брак и со добро одгледувани и напредни деца,а во меѓувреме и сами куќа си направија од 150 кв.Но тој зетот е вреден-место не го држи шти се вели,а и сватовите се добри луѓе иако стечајци а сега ситни земјоделци со 1 декар бавча.
Но шансата да се запосли некогаш ќерка ми го гледам во тоа да се јас преселам во Кочани или Прилеп,друго не гледам,затоа што веќе 10 години по дипломирањето и магистратурата и тоа како најдобар студент од 2005 г,се уште е без работа. М А К И.
--------------
ова го наведов само како споредба колку е важно да си прифатен од фамилијата,ама и од сопругот се разбира,а во едни две фамилии (од исто село-пардон сега населба.)
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Се согласувам, тоа и ми е поентата.
Е ова не го разбирам.
Значи мора јас да решавам за „животот“ на тие деца. Односно вашето-не помагај .
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Е ова не го разбирам.
Значи мора јас да решавам за „животот“ на тие деца. Односно вашето-не помагај .
Ако можеш само да помислиш во какви луѓе ќе ти израснат внуците и што ќе прави ќерка ти кога ти нема да бидеш способен да заработиш, ќе ме разбереш.
Пази пред тој ,,зетот,, да добие се што имаш.

Паразит. Ништо повеќе.
--- надополнето: 24 април 2013 во 05:37 ---
И Анчо, сега мене душава ме боли за твоите ќерки, а посебно за тебе.
Татко ми не верувам да е мн. помлад од тебе, можам да замислам како ќе реагира некој мене ова да ми го прави што и се случува на ќерка ти.
Посебно ако јас сама не си помагам.
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
А по она што го искусив и доживеав изминативе години институциите на Македонија,
немаат ни М ....од Македонија
поточно ни Д...од Држава, или ни П..од полиција.
Само си гледат сеир,(друг пат ќе го продолжам муабетот, за оваа ќерка за која прв пат сега нешто напишав во оваа тема.
Незнам колку е способна твојата ќерка да почне нов живот, или колку вие ја подржувате во тоа, но како и да е она е веќе до врат во срање, ако не и помогнете вие, нервното не и е далеку...ама ако вие со невестата речете стоп, вака повеќе не оди со нашето дете, како и самиот рече нема никаква полиција нит закони превземи ти во твои раце се.
Пример ти давам од многу блиска роднина, ја чуваа како роб дома, не смееше да мрдне, никакви јавувања, на лекар со свекрвата одеше, имаа дуќан и кога се враќаше од работа и ја проверуваа чантата, тепање, малтертирање, буквално беше на работ на нервен слом...и да не набројувам дека нема крај а оваа што го набројав е само мал дел од сите огромни маки...
Е сега, татко и ја убедуваше со години, да си дојде со детето, да го остави, и даваа голема подршка, ама нејзе и беше страв, ја беа исплашиле за детето ќе и го земат, ќе ја направат луда итн..и никако да се одлучи! Се додека еден ден татко и не му пукна филм (ја има видено поплавено у дуќан како работи) му отиде со бејзбол палка, буквално го посра од ќотек, три месеци беше у болница „зетот„ си ја пикна ќерката со се дете у кола и никогаш не ја пушти таму...
Се оправи чупето, ене ја си најде нова среќа, ја носат в раце, и плус детето си е со неа, од неа посреќна нема...
Јас слично, ако не и полошо би реагирала, за нешто што го имам гледано од парче месо, и ми значи се во животот...ако нејзе и е страв, мене нема да ми е.
 
L

Luki Junior

Гостин
Е ова не го разбирам.
Значи мора јас да решавам за „животот“ на тие деца. Односно вашето-не помагај .
Нема кој друг. Ќе решаваш, коа некој друг не може да реше и не може да помогне. :)
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Мони, јас те разбирам како човек прво.
Меѓутоа, свесна си дека законски не можеш да се одбраниш од нив се додека физички не те нападнат или не почнат да ти се закануваат.
Едноставно на суд не можеш да добиеш за гаснење на бојлер или немање на прашак.
Колку и да е тоа морално неправедно.
Законски не ни барам да се одбранам или да тужам, темава е
Што кога не сте прифатени од страна на родителите на партнерот?

Е сега што да се направи за да се живее добро и нормално во ситуација кога не сме прифатени не се поднесуваме а мораме да сме заедно.

Ме мрзеше да читам се во темава, ама кон Anco неколку совети, а и за сите во иста ситуација:
Мое решение на проблемот:

1. Никако не враќај со лошо - еден мора да биде разумен, патетично е да се влегува во детски расправии и инаети

2. Таквите луѓе кога ќе им возвратиш со ист акт не се тажни ни лути - се радуваат - си ја прифатил/а нивната игра - нема нешто што повеќе ќе им го направи ќефот

3. На таквите луѓе ти си им занимација.
Знаете ли колку труд ќе вложат да ви го расипат животот? Најсилен удар е кога ќе им покажиш дека не успеале.

4. Стајте им на знаење дека не се важни, тоа себичните најмногу ги боли. Значи ќе им даде на знаење дека не и е гајле што мислат, дека не и е гајле што ќе направат и дека не и е гајле ако викаат. И кога викаат нека не им вика нека ги остави еден со друг да си се изедат. Ако дојде до ќотек ќе имаш право на полиција и на суд.

5. И ќе си живееш, ќе си најдеш занимација, ќе си следиш некој филм, ќе си читаш некоја книга. Ќе се спријателиш со луѓе. Ќе си потрошиш некој денар и на себе. Кој сака што сака да каже и да стори ќе си свиркаш и ќе си тераш.

И што е најважно оваа тактика, прво ги криеш чувствата од нив, се преправаш дека не ти е гајле, после некое време те презема и вистина не ти е гајле - полесно се дише.

Постов е долг се надевам на кој му треба ќе го прочита.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Што ќе докажат? Оваа е себична? Ајде од твое искуство, кој случај сте го добиле само со психичко насилство и што се содржело во тоа психичко насилство? Дали сте добиле случај за недавање на машина (и сл.)?
Ќе докажат дека психичката состојба на личноста која е малтретирана, е последица од тоа малтретирање.
И најчесто ако не дава машина за да переш алишта, има и многу други работи кои секојдневно ги вршат врз жртвата. За некоја од тие други работи, ќе се добие случајот. И без да има модринки.
Ама пак ќе кажам, се зависи од жртвата на насилството и колку храброст ќе покаже, и подршка ќе има од најблиските како прво, а после и од институциите.
--- надополнето: 24 април 2013 во 14:48 ---
Е ова не го разбирам.
Значи мора јас да решавам за „животот“ на тие деца. Односно вашето-не помагај .
Анчо никој не ти рече да не помагаш. Ама ти во случајов помагаш на погрешен начин, а со твоето помагање проблемот не се решава. Знам дека ова е болен дел од твојот живот, ама мора нешто да се направи за да прекине болката. За да престане сево ова, ти треба да им помогнеш, внуците и ќерка ти да бидат што подалеку од ваквото опкружување. Земи ги кај тебе прво на една недела, нека ви дојдат на гости, па ќе видиш како подруго ќе биде се. Само за таа недела дена, не врши директен притисок врз ќерка ти, може да постигнеш обратен ефект кај неа, од тоа што сакаш да го постигнеш. И додека се кај вас, убедија со убаво ќерка ти да отиде таму кај што ти кажав. Двајцата одете, биди и подршка. Или ти или сопругата твоја. Нека види она дека има подршка за било што и да одлучи да прави од ваша страна. Не и пререкувајте ништо на неа директно околу нејзината ситуација, нека донесува сама одлуки без било каков притисок. Едноставно нека се одмори од се, нека поразговара со некое стручно лице и нека размисли што точно сака самата таа. На крај што и да одлучи, тоа ќе биде само нејзина одлука, а ќе знае дека ја има вашата безрезервна подршка...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Ќе докажат дека психичката состојба на личноста која е малтретирана, е последица од тоа малтретирање.
И најчесто ако не дава машина за да переш алишта, има и многу други работи кои секојдневно ги вршат врз жртвата. За некоја од тие други работи, ќе се добие случајот. И без да има модринки.
Ама пак ќе кажам, се зависи од жртвата на насилството и колку храброст ќе покаже, и подршка ќе има од најблиските како прво, а после и од институциите.
.
Добро бубамарке, ама сега дадов хипотетички случај и тој го разгледуваме, не одиме во ,,што ако,,.
Значи ништо не и прават освен што не и даваат да ги користи нивните апарати за домаќинство.
Како може тоа да го опишеме како малтретирање?
Што и е гајле на свекрвата дал оваа има или нема?

Значи нема ни комуникација меѓу нив две, старава не и дава на младава ништо. Тоа е проблемот.
Знаеме дека младава е малтретирана психички поради тоа, знаеме дека и е тешко, знаеме се.
Ама не можеме да ја обвиниме старата за психичко насилство - таа не ни комуницира со младата.
Не може сестра ми да е психички малтретирана зашто не и го давам таблетот.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Добро бубамарке, ама сега дадов хипотетички случај и тој го разгледуваме, не одиме во ,,што ако,,.
Значи ништо не и прават освен што не и даваат да ги користи нивните апарати за домаќинство.
Како може тоа да го опишеме како малтретирање?
Што и е гајле на свекрвата дал оваа има или нема?

Значи нема ни комуникација меѓу нив две, старава не и дава на младава ништо. Тоа е проблемот.
Знаеме дека младава е малтретирана психички поради тоа, знаеме дека и е тешко, знаеме се.
Ама не можеме да ја обвиниме старата за психичко насилство - таа не ни комуницира со младата.
Не може сестра ми да е психички малтретирана зашто не и го давам таблетот.
Ама јас тоа сакам да ти го кажам, дека кога не дава да користи апарати за домаќинство, најчесто во 99 посто од случаите не е само недавањето. Има и многу други работи овде.
Пример
Не смеат гости да и доаѓаат поради старава. Ова сега прво ми дојде на памет. Ама има вакви уште многу работи.
Не е се така едноставно како што изгледа.
Едното секогаш води кон друго. Се ти е поврзано во ланец. Јас тоа сакам да ти го кажам.
Колку и да тврди некој дека само ова недавањето е проблем, во пракса не е така. Има позадина друга целиот проблем.
Нормално дека не можеш со сила да принудиш некој да ти дава да користиш негови работи.
Ама и некомуникацијата една со друга (претпоставувам овде мислиш на зборување) може пак да придонесе кон малтретирање. Да ти заклучуваат влезна врата, да не ти даваат да користиш wc, за основни потреби, да не можеш да седнеш да јадеш ко човек кога ти се јаде. Се ова ти е малтретирање.

А за таблетот и за сестра ти, е друга приказна тоа. И јас имам сестра знам како е. :)
 
Види, старата има законско право и синот и снаата да ги пресели на улица.
Затоа, не можам сосема младава да ја жалам. Не можам од причина што е кај некој друг дома.
Тоа место кај што живее, не е ниту нејзино, ниту на маж и.
Решение? Оди си. Под кирија. За психичко насилство во овој случај, признавам само вербални напади.
Освен тоа, младава за да докаже дека нешто што и следува не и е дадено, во најмала рака, и треба доказ дека барем сметки плаќала :)
Се додека сметката е платена од страна на бабава, бабата има секакво право да им оневозможи користење на домот и нештата во него - што се нејзини.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom