Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.409
А по твое што треба да направам,како сакаш да кажеш земи си ја назад....Чекај малце... Anco велиш дека имаш имот, не си финансиски лош, и дека ти им носиш јадење а и како што прочитав можеби грешно сватив ти им даде кола...
Добро што чекаш ? Не ми си јасен бе човече...
Јас со голем мерак го прифатив зетот за зет(кога и видов од каков живот доаѓа-и какаов имал)
Таму сум бил не повеќе од неколку пати додека беше жив сватот.Почина набрзо.
Беа мизерија.Ни стакла немаа на прозорците,а под теписите гола земја.
А кај мене што да кажам и тогаш и сега немам ништо од порцелан или џинг, се е 18/10.
Се сам сум спечалил.По мојата свадба веднаш отидов под кирија на ул „Гемиџиска“.
Немав ни шише стаклено за вода или пиво а тогаш се враќаше амбалажата.За брзо време си купив стан,ќерките уште не беа за во школо.Но многу работев.Мислев на нив и за нив.Од работа,на пазар,од пазар на работа или за странство по роба.Купив уште еден стан,да има за двете. Сега се вселив во нов стан,купив се ново внатре и еден душек и останато се сам си направив:дневна,кујна и спална.Купив и нова кола.
Јас значи од што многу работам имам. И сега само да напишам ова и одам во гаража да работам сам правам некој алати и машини.
-------------------------------- Ова колку да ја знаете ситуацијата и за мене.
Јас сакам да му помогнам на зетот,тој сега ми е син од кога е со ќерка ми а неговите деца се мој внуци.Но сакам тој да ја бутка колата а јас да му помогнам,ама тој сите 12 години седи и ме остава сам ја да ја влечам колата.
Тој се разбира дека е многу и „прост“ поточно и од такво „неписмено“ семејство е, и е необразован за денешницава но како мене КВ работник, ама НЕработник,не сака или така го учи мајка му да не работи. Крфта веќе ни ја испија,не финансиски тука не се плашам се уште можам да створувам од едно три,туку здравствено сме веќе пропаднати и јас и жената,а не само ќерката. Сега бар не ја тепаат,нема модрици и не сум чул да ми кажале таму имаше полиција како што беше првите 7-8 години.
А не ја тепаат и ја чуваат само поради парите. И сите се за нив. По една недела ќе почне да бара,дај за карта,за памперс,за млеко,за школо, а јадење ние и купуваме.
Планот е на свекрвата да ги сосем избрка од тој двор зошто има мажена ќерка во далечно село и сака да ги донесе тука а и повеќе се тука,тука им учат децата.
----------------
Од сабајле бев на пазар до 2 часот,а сум излегол во 5 од дома. Се што ќе извадам пак е за нив,купив баскет за внукот и патики но и зетот не го оставам гол.
Секој ден ми е таков,а одам и на работа, а сега одам пак во гаража и се исклучувам.