Anco, те читам наназад низ темава и стварно не можам да ти се доначудам. Од една страна ми навистина многу жал за ќерка ти, ама пак од друга страна и не ми е, бидејќи и не е во безизлезна ситуација. Да речеше дека е болна од нешто неизлечиво (скраја да е), ќе сфатев...
ама во вашиов случај има многу решенија, а ти конкретно како татко ништо не си превзел до сега. Седиш само мирно и се нервираш дури детето и внуците ти патат. Затоа постои таа изреката: „Злото преовладува тогаш кога добрите луѓе не превземаат ништо“.
Нешто спрема кое се водам низ животов е: „Немој да судиш за нешто што не си го доживеал или искусил“. Не сум бил родител до сега и да го искусам тоа, ама во твојов случај, од досега прочитаново, ќе направам исклучок и ќе заклучам дека
ти и твојата жена сте потфрлиле во воспитувањето на твојата ќерка. (За таа што е магистерот нема да коментирам, сепак не е во таква каша како другава... финансиите се далеку помал проблем отколку малтретирањето).
Очигледно сте направиле грешка во воспитувањето штом не сте ја научиле какви луѓе треба да одбира за да се дружи и што е најважно, каков тип на човек да одбери за брачен сопатник. Извини, ама профилот на човек што го опиша (нејзиниот маж) е тип на човек што заслужува да дочека старост и да умри осамен, а не да оформува фамилија. Уште помалку да помислам детето да го предадам во таква фамилија да живее и деца да гледа. Тука ви е една од најголемите грешки. И втора работа, возраста. Мажење на 20 години според мене е крајно несериозна работа. Никој не е доволно созреан и искусен за да на 20 години може зрело да размислува за оформување фамилија како и последиците од таквиот чекор при избор на погрешен партнер. Па уште и кога прочитав дека стапиле во брак после само 1-2 месеци познанство, уште повеќе ми стана јасна ситуацијата...
И вие како родители наместо да превземите нешто, вие само ја одржувате таа ситуација (неподнослива) и понатаму. Исто како жар што тлее, ти да го чепкаш со машата...
Знаеш многу добро дека институциите, системот, полицијата кај нас не функционираат.
Не се надевај на нив! Земај колата, земи си ја ќерка ти заедно со внуците и носи ги кај тебе дома и најбрзо што можи потегнувајте бракоразводна парница. Сите карти се на ваша страна на суд.
Ќе речиш дека не е така лесно, нема да сака ќерка ти... да, сфаќам. Затоа ќе се потрудиш ти како родител, грешката што си ја направил во изминатите 2-30 години сега да ја исправиш и да и објасниш убаво шо ја чека понатаму во таква фамилија. Во такви услови јас се сомневам дека ќе доживее 60 години и внуци да види ќерка ти. Да не зборувам за твоите внуци... обично од такви фамилии потекнува деликвенцијата. Сите предуслови за тоа ги имаат. Па сега размислете дали сакате внуците да ви израснат во нормални луѓе, магистри... или да ги гледаш еднаш неделно во Идризово.
Подобро да раснат тие деца без татко, ама со нормална мајка, баба и дедо... отколку во таа мизерија таму.
Не можам никако да ве разберам како така рамнодушно поднесувате вакви ситуации и се правите немоќни?! Секогаш има решение и излез од ситуацијата... Ама не секој има храброст да направи промени во животот, дури и кога се на подобро тие промени.