Би направила повеќе работи, што се во граници на нормала...
Ќе пробам со муабет, најпрво. Џабе ќе биде јас и Господ да го симнам, ако не му објаснам прво со муабет што и како сакам, и секако да се извинам ако сум крива за нашето раскинување.
Секогаш ми давале совети од типот
- Не му се јавувај
-Не му пишувај
-Игнорирај го кај и да го видиш
-Не искачај кај што оди он
-Глуми му пичка
бла бла...знаете веќе натаму какви се другите совети...
Никогаш не сум сакала да му глумам нешто што не сум, уостало као можам да му глумам јас на него пичка и недостижна, кога веќе бил со мене и знае каква сум и што сум...
И ако јас не му се јавам а сум крива, он да не ќе се јави случајно? Па никој не е будала да се јави и извини за туѓа грешка. Ако веќе си заебал работа, а сега сакаш да ја поправиш грешката ќе треба гордоста малку да ја оставиш на страна и да кажеш извини. Следно...немам зашто да го игнорирам. Побогу, го сакам типот зашто да не му кажам здраво и 2-3 реда муабет? Зашто да не искачам кај што оди он? Демек јас ради него ќе одам на тоа место? Значи јас автоматски ќе треба да избришам 20 кафичи и дискотеки, само затоа што он оди таму? И да демек, он ќе видел дека ме нема и ќе се загрижел, ха ха ха глупости...
Ако се јавам и го викнам на кафе и бидам искрена со него, и секако ако има уште шанси да се поправат грешките ќе бидеме пак заедно.
Ако не, животот иде понатаму. Не е ни прв, а уште помалку последен.
И секако, гледам ако ништо повеќе да останеме во пријателски односи:wink: