По природа јас сум борбена личност.
Секогаш давам се од себе да ја исправам грешката, некој проблем или некоја комплицирана ситуација без разлика кој е виновен.
Сакам разговор, ги правам сите напори да дојдам до компромис но...
Ако гледам дека нема повратен резултат, полека се повлекувам, ставам крај колку и да ми е тешко.
Гордост кај мене ретко кога постои, па дури ја имам прегазувано јер не сакам да глумам некоја која сака да ја молат, да и одат по ќеиф.
Ако ништо друго ќе знам дека сум пробала се што е до мене да ги средам работите.