Што би направиле за да ви се врати партнерот?

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
морам да си признаам но во принцип сум голем папучар, има трчано дури и за типки што не ми значеле многу па дури и кога сум знаел дека нема шанси да ми се вратат по ниедна цена... Таков тип сум што немам искуство за разделби.

Еве последнава ми значи и тоа многу иако веке 2-3 месеци сум сигурен дека можам да најдам и подобра од неа, едноставно нешто ме тера по неа да трчам сеуште... И навистина незнам што сеуште не сум направил само за да ми се врати... ми преостана да се откажам од неа и да и недостигам или да си го одземам животот и да и недостигам... :(
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Кога ке ја изгубам таа што ме исполнувала , ке размислам 2пати дали да ја вратам ??? и ке пишам како ке го сторам тоа:smir:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Што би напрвила? паа би се борела до некоја граница на умереност да не претерам да бидам досадна и кога видам дека не се враќа чао пријатно и толку. Лесно заборавам и во принцип не се враќам често на она што било туку гледам што ќе биде. Сум се вратила еднаш но без борба зашто не бев ја таа која погреши.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во принцип сум многу горда и ако врската завршила не би правела ништо за да го вратам.Едноставно ќе плачам дома,ќе се нервирам,но сепак нема да завртам телефон и нема да му праќам пораки.Ова делумно од гордост,делумно од срам.
Пропаднатата врска ќе ми биде искуство повеќе и памет за другпат.
 

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Би направила нешто само ако знам дека вреди и дека стварно ми значи личноста. Ќе правам муабет со него, ќе се извинила, ќе му кажам што и како мислам али убаво без лигавење и плачење( никогаш не би си дозволила да ме види како плачам колку и да ми е тешко ), па сега негово е дали ќе сака да ми се врати или не.Не сакам да напињам и да умарам, зашто така ама баш ништо нема да постигнам освен да му станам досадна и тогаш уште ми се помали шансите да го вратам. Ќе пробам еднаш, два пати максимум ако видам дека нема надеж и дека мали се шансите ќе се откажам, а ако гледам дека има некаков ефект би продолжила понатака, со мали чекори да се трудам.
 
N

n/a

Гостин
Nishto. :toe:
Dva posto ne davam za takvi sto si otisle ili me ostavile po patot na zivotot!
Bonus auspecis! :pos2:
See you in the next life...
no time...no sorrow...no bullshit.
Get lost!
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Ќе се запишам на балет

Што сакаш прави ако таа не сака џабе ти е .... со сила убајна не биват
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Да ми се врати-не би молела никој.

Кога веќе еднаш е готово, значи е готово. Ако јас сум била виновна за раскинувањето, значи сум го заслужила, ако тој бил-значи не ме сака повеќе и нема потреба да му се мешам во одлуката.
 

ANDZI

Fashion is my opsession
Член од
5 февруари 2007
Мислења
833
Поени од реакции
6
Па што знам....Не сум била у таква ситуација,ако нешто јас сум заебала ќе се извинам и ќе покажам дека ми е жал,а ако јас не сум направила ништо за да го загубам партнерот,нема што да се понижавам и дда го молам,он губи....
 
Член од
29 август 2007
Мислења
1
Поени од реакции
0
pa vaka... jas ednas go izgubiv najsakanata licnost pa so toa storiv se sto mozev.priznavam jas bev kriva.Pa zatoa mu se javiv 1 jas i go pokaniv na kafe vo edno kafule taka sednavme zaedno i mu se izviniv i mu rekov deka jas navistina go sakam i deka drugo momce nema da poglednam.taka jas i toj se uste sme zaedno eve do denes 9 meseca i 14 dena.NAVISTINA GO SAKAM VERUVAJTE MI
 

Smasher

Професионален молер
Член од
27 јуни 2007
Мислења
811
Поени од реакции
9
Па, како прво нема ни да ја изгубам партнерката за да ми се враќа (ако стварно сме еден за друг), а ако треба да ми се врати ќе појдам и ќе направам еден муабет со неа во 4 очи и толку.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Десет дена би растоварала стаклена волна. :pos:
Интерна шега, де. :icon_lol:

Што би направила за да ми се врати? Би му дала шанса да се покае што ме напуштил. :wink:
Еден и единствен да е на светов, ако решил да ме остава, среќен му пат. Нема ни да плачам, ни да го молам да остане со мене, ни да правам нешта што не сакам да ги правам... Само ќе го пуштам да си оди, и по извесно време ќе му дозволам да се покае за постапката. :icon_lol:
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
Sto bi napravile za da si go vratite partnerot koj vi znaci? Osven vetuvanje deka ke se popravite (valjda), sto drugo bi storile za nego/nea? Ajde da vidime koj do kade odi, i do kade vi e gordosta koga se raboti za ljubov :wink:
...sve, samo da bide pak so mene, i posle pak po staro si teram rabota...a stalno se vrakaat posle...zasho ustvari ja sekogash sum u pravo, znam da si gi postavam rabotite od pochetok kako sto treba, celata finta e rezervnata guma...:pos2::pos2::pos2:

..."se sheknuvam i kleknuvam na kolena bez sram...tra-la-la...a posle toa ja si znam...tra-la-la"...:baeh:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Ако некогаш се случи поради нешто да го изгубам Дафи,кратко и јасно би направила СЕ!
Колку и да звучи глупаво,никогаш не би се откажала веднаш поради гордоста,и покрај тоа што можам крајно да се изрезилам и останатите да ме сметаат за глупача.Ама еден живот имам и не ме интересира што другите би мислеле,а и нема што они да се замараат.
Која и да е причината за раскинување,пак би пробала да ги решиме работите,секако,ако има повратни позитивни реакции од негова страна,ако не...тогаш би се повлекла.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom