Порано користев Аваст, ама се деси пред 7-8 години преку УСБ од лаптоп на професор (по информатика!) да закачам руткит на компјутеров, кој Аваст не го детектираше. Тогаш инсталирав Авира, која го на најде и го исчисти. Секако требаше формат тогаш да се прави, ама од тогаш наваму цело време Авира користам и сум немал никави проблеми освен некои ситни инфекции. На моменти ми сметаше тоа што користи многу РАМ Авирата и некогаш кога се апдејтуваше знаеше да го закочи компјутерот, ама во поглед на заштита сум задоволен. Па еве сега пред некое време лапнав од едно место гага лиценца од 1 година за Авира Про.
Деновиве од МСЕ преминав на АВГ, со период од 30 дена за купување на лиценцата(нормално нема да ја купам). АВГ-то најде некои работи кои ни антималварето ни МСЕ не најдоја, ама за скенирање дополнително нема појако нешто од combofix. Незнам зошто некои ме советуваа да не го користам. Сум слушал дека го зголемува оној фиксниот сектор на Ц дискот....ама појна немам дали е така или како е всушност
Кога го купив писито пред 5 години(актуелниов), другарите ми уградија Нортон, и многу работи закачив со него. Откако го сменив тргна работата на подобро. Но можеби денес е рабптата различна
Bit defender internet security 2016. Лапнав 6 месеци лиценца. Најдобар антивирус што досега сум го користел, а верувајте сум користел и Аваст, Авира, Панда Секјурити, Ашампоо, Њиндовс дефендер итн. итн.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.