Убава е урдата на Здравје Радово.
Наоѓам маани на секакви производи и ќе треба цел ден да пишувам што повторно не би пробал/купил.
На оние проиводи од прва страна да ги додадам и овие:
Се од Суташ, козјо млеко, козјо и Фета сирење, готово тесто за пица и соја. Мисиркино и пилешко мелено месо, замрзнати ќебапи и плескавици, посебни салами, паштети и виршли.
Растителни урда, маргарин, мајонез и кашкавал. Зелени маслинки, замрзнат помфит, готово пире, супи од оние бистрите, кефир.
Синалко и Сано газирани сокови, Гуте Фрухте, сок од јагода, житни плочки, милка со карамела, крем бананки (оние во Кам што ги има), чипсови со кечап и со сирење,....
До толку сум голем маанџија што кога купувам ги бирам и црвениот мелен пипер и вегатата.