Шах

Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Според мене треба да јаде бан, и да му се забрани да игра на фиде евенти засекогаш! Ама кој сум јас? И дали има докази? За жал на презумпции не можеме ништо...
Јал дечкито банови на chess.com ама после се навртел накај Магнус и Хикару и ги тужел за $100 милиони. Може затоа FIDE не смее да го банира, ќе ги тужи и нив за клевета.
Не следам шах но откако почна аферата со Ханс, сѐ стана доста интересно. На Јутуб излегоа видеа од специјалисти по применета статистика кои анализираа совпаѓање на потезите на Ханс на сите мечеви одиграни онлајн и лице в лице со потезите кои вештачката интелигенција би ги повлекла и нашле тесно совпаѓање во 200 мечеви. 19-годишниот Ханс на меч со 12-годишник од Индија, му заборавив име, е најден со потези кои тесно следат потези кои вештачката интелигенција би ги повлекла. Значи морал да вара против… дете?! Е кај ќе ти иде душата Ханс…
Накаде иде вештачката интелигенција во шахот пак е приказна за себе, АлфаЗеро има ЕЛО од 3000 ако не се лажам, недостижно за човечки шахист.
Врвните шахисти имале свои Јутуб канали и стримови, коментирале партии и си се дружеле што беше забавно да се гледа, гикчиња си играат шах и си се дружат. Хикару предничи во тој поглед, забавно е да се гледаат неговите коментари, стримовите траат со саати, изгледа како отворен човек и позитивна личност. За разлика од Ханс… мрак… игра партија шах со една од сестрите Ботез за да ја одведе на дејт. Еј загрозена личност ‍♂ и толку од него до јавноста. “Моите потези зборуваат сами за себе “ и џом да го нема, неќе ни сопствените партии да ги коментира.
 
Член од
10 мај 2020
Мислења
56
Поени од реакции
69
Затоа и реков дека да беше до мене, ќе јадеше бан, така да сигурно би било "клевета" било каков бан од фиде моментално. Инаку фино што си се заинтересирал за шах, што повеќе играчи и следачи тоа подобро за играта. AlphaZero е многу појак од 3000 ело, а дали тоа е недостижен рејтинг за човек останува да видиме со оглед на тоа што секоја декада се поместуваат границите, па и Магнус беше доста блиску до 2900ело. Ханс и самиот е исклучително јак играч без никаква помош од компјутер, меѓутоа според мене не заслужува да биде таму каде што е моментално. И последна поента на која што сакам да прокоментирам е за децата во шахот,односно дека ова е еден од ретките спортови каде ако си дете не ти се попушта против повозрасен. Кога веќе се вратив да коментирам на форумов, а и на играта по подолго време, да не има заинтересирани за кајгана шах турнир в2? :)
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.480
Поени од реакции
9.032
Една многу интересна психолошка партија се разбира со моја победа.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Од нигде никаде и бот Danny со 2500 рејтинг падна, уште Danya 2650 ми остана од бесплатните за комплетна колекција. И баш на анализава гледам b4 great move на 27ми потег, ми текна на една легендарна изјава на Agadmator "b4 is winning move in almost every position" :D 2 топа > кралица

 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.556
Поени од реакции
8.386
Јака партија од страна на Динг и типично ноншалантно од страна на Јан.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.598
Поени од реакции
5.102

Не сум знаел за ова :) Иначе ќе навивав за него.
Бев за Непо и лани и годинава, имаше поише шанси за победа воопшто, а Динг од постојано во дефанзива, неколкуте шанси што ги имаше ги искористи.

Иначе финалето годинава требаше да биде Руско, Карјакин поради подршката на Путин и војната во Украина го суспендираа куртоните од ФИДЕ.. сегде политика се умешува више у пм.
Динг искористи во последен момент пласман во финале, го порази Хикару, Магнус Карлсен доброволно се повлече, Карјакин го суспендираа. И на крај си освои, прв кинез у историја светски шампион у шах (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom