Шах

Член од
10 мај 2020
Мислења
56
Поени од реакции
69
Малку драма...


По поразот, со белите фигури од Хас, Карлсен се повлече од St. Lous, што е преседан за него затоа што прв пат во кариерата се повлекува од турнир. Се дигна прашина околу легитимноста на самиот успех на Хас, кој навистина последнава година игра фантастично, па дури и за неговиот рејтинг кој од 2500 се качи на 2700 за една година.

Проблемот е во тоа што Хас има историја на мамење, иако како дете, што во два наврати бил баниран од chess.com. Од друга страна доста несмасно се брани од овие напади.
Колку повеќе драма, толку повеќе публицитет, тоа е веројатно добро за играта. Што се однесува до партијата, доколку не постои вистински доказ дека Ханс мамел, тогаш без разлика на неговото минато, секој муабет од типот "рекла казала" паѓа во вода. Ако јас се прашувам, доколку Магнус нема да приложи никаков доказ, тогаш само неговата репутација ќе биде нарушена. За по casual следачите на играта Ханс и не беше некој познат играч, со оглед на тоа дека пред неколку години уште беше IM. Мислам дека цела оваа ситуација само му ја зголеми популарноста. :)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.084
Поени од реакции
13.066
Ме потсети целава драма на нешто што се случува често во рап индустријата, кога намерно ќе пуштат дисови еден за друг некои рапови, за да се дигне фама и да се помогне да се создаде име на некој од инволвираните рапери, а во позадина се во супер односи двајцата рапери. Мене многу појјака партија на Ханс ми беше таа против Мамедаров отколку таа против Магнус, ако е леџит типов, муда до колена има.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.112
Поени од реакции
11.145
Пичка.
Тој треба да игра. Дали бил читер или не има кој да кажи/докажи.
Делегатите или како и да се викаат, рекоа дека нема ништо сомнително.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.084
Поени од реакции
13.066
Игра ли некој Puzzle rush, ова е моето на survival. Последно време тие ми се омилени. 3 и 5 минутните сум послаб(24 и 20), дека сакам убаво да си размислам дур ги решавам, а не на памет механички :D

1663950174634.png
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Малку е долго, но тука е реакцијата на Магнус Карлсен во врска со случувањата поврзани со Ханс.

Што е поинтересно, и менторот на Ханс, во чија академија учел, е баниран од chess.com!
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.084
Поени од реакции
13.066
Да не гледате 30 мин, нема никакви докази дека Ханс мамел против Карлсен.
Искрено мачно беше да се гледа и слуша, можеби единствено досадно видео на каналов. Разбирам драма носи кликови, актуелно е, ама читање пола саат теории и веројатности претставено како видео е стварно напорно да се прати, вишок видео малку.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.084
Поени од реакции
13.066
Највисоко рангиран бот кој што сум го победил засега, Ноа 2200. Скоро почнав со ботовиве да играм, интересни ми се, целта ми е сите што се бесплатни да ги победам (2650 е највисокиот). Рака на срце, до кај 1500-1600 ги победувам константно, над 1600 почесто губам, над 2000 веќе вака само една ако победам во 15 изиграни :D

Имам мал апдејт да се пофалам. Паднаа и Holly 2100 и Francis 2300

Holly: https://www.chess.com/analysis/game/computer/27943039?tab=analysis

Francis: https://www.chess.com/analysis/game/computer/17830525?tab=analysis

Од бесплатниве уште мака мачам да ги победам Danya(2650) и Danny(2500), првиов е ботот на Naroditsky, личност за која имам најголема почит од шахистиве, ептен ми се едукативни сите негови видеа.
 
Последно уредено:
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.459
Ханс е АлфаЗеро. Ако му се пушти да му помине ова, отиде шахот како натпреварувачки спорт.
Гледам некои тука сакаат докази, докажи дека Ханс мамел. Освен да го фатиш in flagranti, секој друг доказ ќе остава простори за сомнеж.
 
Член од
10 мај 2020
Мислења
56
Поени од реакции
69
Ханс е АлфаЗеро. Ако му се пушти да му помине ова, отиде шахот како натпреварувачки спорт.
Гледам некои тука сакаат докази, докажи дека Ханс мамел. Освен да го фатиш in flagranti, секој друг доказ ќе остава простори за сомнеж.
Според мене треба да јаде бан, и да му се забрани да игра на фиде евенти засекогаш! Ама кој сум јас? И дали има докази? За жал на презумпции не можеме ништо...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom