Чудни македонски зборови

Член од
27 април 2006
Мислења
26
Поени од реакции
2
Завршуваат на ум, зашто се со латински потекло од грчки (Λύκειον - ликеjон) - гимназион во античката Атина.
Добро Радев, и ајде сега етимолошки објасни ги на грчки тоиест на латински да те видам!

ГИМНАЗИУМ - ги множи умовите
ГИМНАЗИОН - ги множи он

Еве уште еден, МУССЕЛЕУМ - му зеле ум или му селе ум, и да не заборавиме дека истиот (Музеј - Musseum ili Mauzolej) го гради Александар Македонски.

Баш таа транскрипција од грчки па од латински а без етимолошко потекло нам ни прави проблеми, иста е и работата и со толкуваната историја од прогрчки историчари кои ние ги земаме здраво за готово.

Поздрав.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Мошне

Не е чуден, ама не се среќава многу кај другите словенски јазици.:toe:
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Шеколка (се шеколка = србите би рекле : “се врпољи“)
Драпање (мајтапење), драпач = мајтапчија
Акање - талкање, “се ака к’о пусто гојдо“ (говедо) (се ака = се шиба некаде)
Сајкалење = уважување, почитување ( не го сајкали многу = не го ферма многу = не го есапи многу за жив...) - ете уште еден чуден збор : ферма
Џа = таму, “бришка“ таму да те нема...
Ко џа = прилично големо (коџамити)
Гургут = “стуткан ко гургут“, повлечен и малку загулен човек (и пак чуден збор : загулен = глупичок, простичок човек). мислам дека гургут е вид гулаб или некој друг вид птица, ама не држете ме за збор...
Баланѕа = вага, кантар
Избрндаен = извалкан на лицето, обично со храна
чатија = покрив, дрвената конструкција од покривот,
чатма = штица, греда, талпа
талпа = дебела штица
кркање = јадење
калем = молив
плајваз = молив, или налив (пишувалка, германски : [FONT=&quot]bleiweis[/FONT][FONT=&quot])[/FONT][FONT=&quot]
[/FONT]
[FONT=&quot] Пеза = потсмев
пуздер = претепан, испартален од ќотек
пердашење = тепање,
пуза = жар
[/FONT]
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Сакам да прашам (можеби малце ќе скршнам од темата), дали постои (толковен) речник на македонскиот јазик кој ги содржи сиве овие зборови. За половина, ако не и повеќе, од нив првпат слушам, што може да се смета и за нормално, во секој крај од Македонија се говорат разни наречја. Но сепак, би било страшно овие зборови засекогаш да се заборават.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Ашлак = неранимајко
Непрокопсан = некој “за никаде“, невоспитан, недомаќин
Шамата = кавга
Шандан = свеќник (или фонтана беше ? заборавив:toe:)
Намуцураен = налутен, го “дигнал носот“, навреден...
Росоклија = ?
Шашлив = “крив“ во очите.
Букагија = алка за на нога со синџир - за во зандана
Бедевија = коњ “арап“, името му доаѓа од “бедуин“, (бедуински - арапски коњ)
Распаќе = раскрсница (мислам дека ова е поправилно име отколку “раскрсница“, но сепак, “раскрсница“ е во поширока употреба...)
Ѕунѕурки = украси што висат и светкаат (Ѕинѕувки).
Ѕрцки = очи, Ѕрцала = наочари (Хрватите за огледало викаат : зрцало)
Цувка = засушена содржина од нос.
Цуцулка = капа во вид на фишек, купаста форма
Клечка = мало стапче
Чкорче, Чкорка = стапче за потпалување, кибритче
Чпирт, Шпирт = кибрит
Секало = обично се користеше порано за именување на запалката, повторно мислам дека е подобра опција отколку запалка (или не дај боже : упаљач). Запалка е само превод на српската именка.
Смутка = расипано јајце (сматок)
Сурутка = потсирено, “расипано“ млеко
Цвика = течноста што останува после стврднувањето на млекото кога се прави сирење.
Шпартање = бесцелно шетање или бесмислено чкртање по хартија
Чочоманка = Влаинка ли беше, Војвоѓанка ли ?...
Ќускија = права метална прачка.
Ќос (ав) = некој што е без без брада и мустаќи, вродена генетска мана
Чкулав = сакат или со недоразвиена нога или рака, или со крив ’рбет (недоволно способен човек)
Шашма (шашарма) = збунетост, дезориентираност (во главата)
 
Член од
17 февруари 2008
Мислења
24
Поени од реакции
1
Вреден -на македонски означува работлив,додека пак на бугарски означува штетен-ист збор но со различни значења.Ајде сега кажете ако знаете од кај произлегува коренот на зборот јас не знам :helou:
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Вреден -на македонски означува работлив,додека пак на бугарски означува штетен-ист збор но со различни значења.Ајде сега кажете ако знаете од кај произлегува коренот на зборот јас не знам :helou:
Па изгледа за Бугарите ако си вреден си штетен бидејки на Блгарите не им се работи. :)
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Имаме и ние збор каде се користи зборот вреден со таа конотација : ПОВРЕДЕН = ранет, оштетен.
Па имаме : НАВРЕДЕН (повредена суета)
Можеби има и други ама во моментов не се сеќавам, а и не ме “влече“ да се замарам со него.
Инаку, зборот вреден не значи само “работлив“, туку и означува мерка. Некој или нешто е вредно. Вреден прстен, вреден човек, вреден имот и сл.
Други чудни зборови :

Стија = змија лутица.
Прзница = колерик, избувлив човек, кавгаџија.
Дрехалник = помошна просторија, “вешерница“ (дреха = облека)
Мане = мелодија. Понекогаш така се вика музиката која се свири помеѓу две строфи кои се пеат.(“Удри едно мане“ = засвири една мелодија...)
Карабина = куќа изградена и покриена, но без врати, прозорци, немалтарена и без други “додатоци“.
Каратаван = таван или покрив направен со ковени штици на гредите и полнеж од земја, јаглен и сл. помеѓу гредите.
Вражање = баење, магија. Понекогаш се употребува за да се опише бесцелно замислено шетање низ собата или друг простор, тоа е остаток од забележаните движења од набљудувачите кои што ги изведувале шаманите при некогашните магиски ритуали.
Вражуле = Ѓаволски производ, добиен со вражање - магија.
Бразлетна = белезица.
Кркамба = испреметеност, испомешаност, испретуреност (на предметите, или зборовите).
Млака = место каде што се цеди вода (од земјиштето или од карпите)

--- надополнето ---

Коџамити = големичок, пораснат (ко џа = бајчки - и бајчки е чуден збор)
Поџомити = кобајаги (па и кобајаги е чуден збор)
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Вреден -на македонски означува работлив,додека пак на бугарски означува штетен-ист збор но со различни значења.Ајде сега кажете ако знаете од кај произлегува коренот на зборот јас не знам :helou:
Има многу зборој вака на бугарски шо нема шанси да ги преведиш, пример во битола викаме „Жими (мајка, се, брат, детство ...)“ е ова незнам колку време му објаснував шо значи. Или „Ми прајш форес“ ко ќе јајш пример нешто.

А и обратно има, зборој бугарски шо нема македонски синоним, во моментот „понеже“ и „обаче“ ми текнуват.

Има многу ама па сеа ко за инает не ми текнуват.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Сојка - мал нож, многу често тие со завијување на сечилото или што се преклопуваат во дршката.

Мене овој збор ми е доста чуден.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
За истиот предмет (нож на преклопување) има и друг израз : “чакија“.
Или : Чакмак = секало, за палење оган.
“Жими“ е истиот збор : “живми“, односно : “жива ми мајка, брат, се ...“. Демек, “се колнам во животот на брат, сестра, мајка ...“, а Пислак најверојатно има врска со зборот “Пеза“ = лутина или Пис = лутина.
Дунстер = незналица
Лејка = црпка, тиква за црпење. Се вика и дека некој во главата е ко “лејка“ или “црпка“, односно дека е празен, шуплив, во главата...
Саргија = простирка плетена од вид трева. Ех, тоа Саргаско Море...
Зимбил = исто така од вид трева (или слама) плетена торба.
Пусулче = ливче со кратка порака, писменце.
Трештил (да бега) = “удрил“ да бега.
Глуво доба = среде ноќ
Пакост = штета
Сичките = сите
Нунко = кум
Пишман = предомислен, се двоуми, се кае
Делија = јунак
Шака = шега.
Здравица = наздравување
Руба, руво = облека
Метанија = клањање, поклонување
Мушафере = разговор
Откина = избега, одбегна
Дејгиди, дејди = ова не знам како да го толкувам, ама сите го знаете...
Тарапана = ковница на пари
се Загнал = се стрчал
Прсна да бега = исто како : “трештил да бега“
Куменџија = златар
Подбивање = потсмевање
Битиса = се изгуби, го снема, заврши
Диван = кауч,
Чардак = покриена тераса
Пленење = заробување, плен = ограбено нешто, пленик = роб, заробеник
Целивање = бакнување, Целувка = бакнеж (и вид слатко правено од белка на јајце и шеќер)
Ќердосување = стапување во брак
Маџир = доселеник
Пулење = гледање
Гергев (ѓерѓеф) = мал дрвен обрач врз кого се затега платното кое се вези (всушност тоа се два обрачи, помал и поголем кои го стегаат платното).
Опита = праша
Преѕвони = прекрши
Срдење = лутење
Пизма = лутење
Севда = мерак, љубов
Меана = не треба коментар...
Лаур = ненаситник
Дијанија = нешто (или некој) диво, нешто без контрола, “дива дијанија“ (диво животно) - од тука се вика и Божицата на ловот : ДИЈАНА.
Му текна = се сети
Пранга = ланец, оков
Лелајка = детска лулка
Крошна = детско креветче, од исплетени прачки
Далдиса, Калдиса, Балдиса = се умори
Копиле = дете родено од родители кои не се во легален брак
Калабалак = голем собир (од предмети или луѓе)
Мужде = подарок (најчесто ситна пара) за оној кој носи добри вести.
Буза = усна, муцка
Рилка = исто - усна
Лажичка = место на стомакот, веднаш под ребрата
Простум = исправено, стоење на нозе.
Внедоапица = зачуденост, изненаденост, стаписаност
Кабает = вина, кривица
Конак = попатно одморалиште (денес би се нарекло : мотел)
Мамење = лажење
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Огромно мнозинство од сите набројани зборој се турски ( а не македонски, како што кажвит темава). Поголемиот дел од остатокот се само зборој дојдени од ономатопеја на некои појави. Вакви зборој имат милиони, и цело време нивната бројка раастит. Вакви зборој имат толку, колку што имаме јака креативност. Ова и не се некои зборој во права смисла, односно, не се релевантни во вакви теми. Остатокот на наведените зборој се грчки, влашки и слично. Ретко некој наш збор во сите наведени "македонски" зборој, а тие што се наши наведени, воопшто не се чудни.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Огромно мнозинство од сите набројани зборој се турски ( а не македонски, како што кажвит темава). Поголемиот дел од остатокот се само зборој дојдени од ономатопеја на некои појави. Вакви зборој имат милиони, и цело време нивната бројка раастит. Вакви зборој имат толку, колку што имаме јака креативност. Ова и не се некои зборој во права смисла, односно, не се релевантни во вакви теми. Остатокот на наведените зборој се грчки, влашки и слично. Ретко некој наш збор во сите наведени "македонски" зборој, а тие што се наши наведени, воопшто не се чудни.
Значи ние толко добро владееме со својот јазик, што нема за нас чудни зборови освен тие увезените... така?
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Јас велам дека од сите набројани зборој како "чудни македонски" многу ретко се најџвит некој што е воопшто македонски. А тие што се македонски и не се толку чудни. Не велам дека немат чудни македонски зборој, некои кои се подзабораени или слично, ама овде не сум сретнал ни еден таков.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom