Чудни македонски зборови

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Огромно мнозинство од сите набројани зборој се турски ( а не македонски, како што кажвит темава). Поголемиот дел од остатокот се само зборој дојдени од ономатопеја на некои појави. Вакви зборој имат милиони, и цело време нивната бројка раастит. Вакви зборој имат толку, колку што имаме јака креативност. Ова и не се некои зборој во права смисла, односно, не се релевантни во вакви теми. Остатокот на наведените зборој се грчки, влашки и слично. Ретко некој наш збор во сите наведени "македонски" зборој, а тие што се наши наведени, воопшто не се чудни.
Очекувам да ги класифицираш тие зборови што според тебе се турски, влашки и грчки и останати во однос на овие кои досега се постирани.

Бидејќи произлегуваш со таква констатација очекувам елаборација на нивната етимологија и соодветна аргументација.
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
ајјјј, тој очекувал......
Немам време со сите да се занимавам, имам и поважни работи, ќе наведам само некои очигледни примери:
Турски: кабает,ќорлемечки,мукает, чикмиџе, демек, ербап, ........ немат потреба од наведвење етимологија, ни јас ни ти не сме лингвисти ни етимолози. Овие зборој и денеска постоет во турскиот јазик и не постоеле пред да дојдет Турците
Грчки: кинисам, сполај ти...исто објаснување како погоре
Влашки: Копиљ исто објаснување како погоре
Наши зборој наведени како чудни, а воопшто не се чудни: лебами на пример. Што е толку специфичен и чуден овај збор?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Овие зборови што ги наведе не претставуваат ниту 1% од сите досега споменати, ниту приложи етимолошко објаснување, нели не сме сите лингвисти па за да поверуваме ни треба соодветна референца, очигледно имаш време за празни постови но немаш аргументација.

Или приложи тоа што побарав или не прави непотребни коментари.
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Сите наведени зборој, кои се собрани чисто по случаен избор ( не очекуваш ваљда сите зборој до еден сега да ги објаснувам) постоет во јазиците кои ги наведов. Во нашиот јазик немает корен, очигледно, зато и не изнесвам етимолошки анализи. Не ми е гајле од каде потеквет, важно во мојот јазик немет корен, и во мојот јазик дошле преку овие јазици (турски, грчки, влашки).
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Наговеем...чуден збор.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.267
Гувее (гувејт - како што би рекол Фикрет)
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.267
Пафта,-и = украсни токи на појасот од женска носија.
Објала = обвивки на потколениците
Сакма = дебела згорна наметка, палто, сако.
Шубара = крзнена шапка.
Шушулко = “будалче“.
З’бан = дел од женска носија.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Рам меморија
Ајфон
Инџекшн
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
гаре - веќе
краклизи - ножици за стрижење волна
миндиљ, пачетка - марама за нос
корубина - кора од лубеница
гуљка - кочан од пченка

.. koga kje se dojde do odreden zakluchok, treba da vi e jasno deka etimologijata e nauka so samo 50% tochnost, a slovenskata etimologija e edna od najnesigurnite nejzini granki, pa zatoa da ne letame so shpekulacii i babini devetini!
За се си има причина, нели... Само тука очигледно нешто се преќутува!:toe:
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
87
Ѕуница = виножито
Ѕуница- Ѕунка

Мене потеклото на овој збор ме води кон потопот :)
И откако на Бог му паднала жал поради истребувањето на се освен предодреденото ...се заветил дека појќе нема да го потопува Светот
Заветил или дал дума ,која ја потврдил со појавувањето на Ѕуницата
Значи зборот Ѕуница го бараме од зборот дума
Дума
Дзума
Ѕума
м-н
Ѕуна +ица
Ѕуница
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.267
1. Шушлек = вид инсект.
2. Шушлек = сув снег.

--- надополнето ---

Сите наведени зборој, кои се собрани чисто по случаен избор ( не очекуваш ваљда сите зборој до еден сега да ги објаснувам) постоет во јазиците кои ги наведов. Во нашиот јазик немает корен, очигледно, зато и не изнесвам етимолошки анализи. Не ми е гајле од каде потеквет, важно во мојот јазик немет корен, и во мојот јазик дошле преку овие јазици (турски, грчки, влашки).
Размисли добро пред да даваш вакви коментари...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom