100 тие што користите темплејти ви е океј цена, го симинаат темплејтот од пиратски страни го потполнуваат и крај... А знаеш после какви казни можеш да кркаш за тоа? 100еур за сајт се малце реално, ако сакаш професионален сајт значи ни едно парче код не-копирано
Не се согласувам со тебе од повеќе причини.
1. Погодувам дека мислиш на тоа комерцијален темплејт симнат со торент (пиратски). така?
Како можеш така да кажеш, по дифолт незначи дека ако темплејтот е комерцијален па некој ќе го симне со торент, има луѓе кои ги купуваат тие темплејти, а исто така има и бесплатни темплајти.
Ако некој потенцијален клиент сака да користи комерцијален темплејт или бесплатен, се едно, тоа е негово право, тој така си одлучил.
2) Делумно се согласувам дека за професионална (голема) фирма не е ок да користи готови теми/ кодови, не дека е спротивно на некој закон тоа, туку од аспект на имиџот, но некоја мала фирмичка со 5-6 вработени, мислам дека е лудо да плаќа илјадници евра за сајт кодиран од 0, едноставно нема поента. Тоа би му дошло како некој да си купи приватен автобус како лично превозно средство.
3) Цена за ваков тип на работа е многу релативна работа и неможе да се генерализира.
Тој сајт што го посчи дечкото е многу едноставен и мал, би го искодирал од 0 за 2 дена. А на пример, можеби на некој друг веб програмер за истата работа да ја заврши ќе му треба време од една недела. Мене лично дневница од 3000 илјади ми е ОК цена, а на тој што ќе му треба 1 недела време малку се 100 еур, се сложувам. Мислам дека ми ја свати поентата. Се е релативно.