Ценовник за веб услуги

Член од
9 октомври 2011
Мислења
20
Поени од реакции
4
имам готов дизајн, ми треба само да се изработе во флеш или хтмл5 или боотстрап...
страната конструкцијата би изгледала вака(дизајнот не го откривам само црно на бело како би изгледала страницата)
Како што е на сликата, е сега вака, овие квадратчиња ке има слики... и кога ке притиснете на копчето next квадратчињата со некаков ефект летат на лево а од десно доаѓаат други следни квадратчиња(како што е насоката на стрелките) а на копчето back се враќат на почеток првите графи квадратчиња... е тоа е главната страна, треба уште една страна која кога ке ја отвореш сликата да се отвора нов прозорец кој ке биде посебна страна каде ке има стрим од видео и би изгледало вака:
Значи само логото останува и стрелка за назад кон почетната страна, така на секоја сликичка пренасочува до оваа страна само видеото да е различно...
Значи пак да напоменам, дизајнот го имам, имам лого позадина копчиња се, јас пробав да ја направам ама не ми функционира, не се многу разбирам од команди во Dreamweaver-от и ефекти.... колку ке ме кошта значи само имплементацијата на дизајнот на 2 страни, јас другото ке си го средам со ставање на видео... да се разбирав за 1 саат ке го направев ама ете... индексот во хтмл го имам али сликичките не ми се на точното место во квадратчињата и ред други глупости... ако ми се исплаќа ке си платам и глава да не ме боле, ако не пак од почеток и полека ама сигурно за недела две ке ја направам али немам стрпление...
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Дечки,
Ај ве молам дајте ми совет од која компанија да земам домејн и хостинг. И колку место би ми требало да закупам на сервер. Прв пат го правам ова. Страницата јас си ја правам, бизнисот исто така е приватен. Не би требало да зазема повеќе место од еден обичен портал (само што тоа што го правам не е портал). Значи ќе има слики, видеа и текст.
Тенкс
 
k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.808
Поени од реакции
4.280

Прво домејн бараш со .com .com.mk или што , второ од обичен до обичен портал има разлика али во глобала би ти бркало работа секој основен пакет горе долу од било која хостинг компанија
 
За домејн (.мк) ми кажаа, само Марнет продава. Сите други компании што нудат се во соработка со нив. Сакав инфо за хостинг, дали е паметно од Македонија да барам, зошто многу се жалат од подршката откако ќе го платиш хостингот. Најдов и од странство, 5 долари месечно, 1 бесплатен домејн, бендвид но лимит, 100гб простор, 100 маила, што не е и така лошо.
 
Г

Грејвдигер

За .мк домени имаш само во МарНет и најдобро ти е сама да идеш да си регистрираш, бидејќи другите зимаат уште некоја дополнителна пара. УХост на пример бараат скоро дупла цена за они да ти регистрираат домен. Што се тиче хостингот, единствено добро искуство со кои сум имал се МкХост, додека странски може да ги пробаш HostGator и host1plus.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Дечки,
Ај ве молам дајте ми совет од која компанија да земам домејн и хостинг. И колку место би ми требало да закупам на сервер. Прв пат го правам ова. Страницата јас си ја правам, бизнисот исто така е приватен. Не би требало да зазема повеќе место од еден обичен портал (само што тоа што го правам не е портал). Значи ќе има слики, видеа и текст.
Тенкс

Од мене имаш предлог за странски хост - Godaddy. Веќе 2-3 години работам со нив и сум немал никакви проблеми, а имаат и одлична техничка поддршка.
Во врска со типот на хост што треба да го избереш, прво мораш да наведеш информации од типот дали страната ќе биде обична (статичка веб страна) или динамичка веб страна (пример вордпрес џумла итн) каде што ќе има регистрации, додавање објави/слики итн итн.
Дали страната што сама си ја правиш користи .net технологии или пак php/mysql ? Во зависност од тоа, ќе треба да одбереш и соодветен windows односно linux хостинг.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864

Искрено сум имал многу проблеми со странски хостинг препродавачи, затоа сега преферирам хостинг од фирми од македонија, ако зеза со техничката подршка барем близу е, можеш на врата да му отидеш :). Jaс ти ги препорачувам Ухост, Максхост и Eхост, некој ги спомна МКхост но не им чини хостингот, за 2-3 пати е поспор од споменатите предходно. Поздрав
 
k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.808
Поени од реакции
4.280
Овие наши хостинг компании се тешка категорија , со иклучоци можда нешто има квалитет , а за супорт многи побрзо ќе добијаш од странски хостинг од колку од наш тоа е факт ,

Јас лично сум имал искуство со македонска хостинг компанија не спомнувам име кај шо имаше префрлено сајт кај нив , сајт со многу посети , и падна цел сервер , значи буквално падна
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Ако некој може да ми каже колку би ме чинело да ми изработат страна со домејн blabla.com . Истата да биде на македонски и италијански јазик
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
72
Поени од реакции
12
Јас можам да понудам домејн (со исклучок на македонските) и хост. За цена лесно ќе се договориме , некоја симболична цена не е проблем. И онака имам вишок. Доколку си заинтересиран пиши ми ПП.
Исто така оваа понуда важи и за сите вебдизајнери , кои се заинтересирани за соработка.
Цена за регистрација на домејн - 500 денари год.
Цена за хостинг - По договор.
Хостинг + Домејн = многу добра цена.
 
Цената добра а хостингот каков е?
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
72
Поени од реакции
12
Цената добра а хостингот каков е?
малку закаснето одговарам :)
Не разбирам баш во која смисла мислиш каков е .
Се работи за linux хостинг , се најдува во УСА , не се дозволени било какви нелегални работи (porn,warez и слично)
За побрза комуникација со мене ќе ве молам пишете ми на маил trsaso @ gmail.com
страни кои се најдуваат на хостот : pcela.info , albedoinzenering.com.mk , couponpreview.com .... да не ги набројувам сите .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom