Цени на станови во Скопје? Колку се реални?

Член од
4 јануари 2008
Мислења
1.739
Поени од реакции
2.874
Скопје уште не доживеало сатурација со градежнава експанзија, пошто све ќоро и сакато цели и мигрира кон таму.
Затоа што се створи тешка централизација на капитал, работна сила и социо-економска експанзија.

И се тоа убаво ама градот пука по шавови. Не можеш да опслужиш толкава маса на луѓе ако не си планирал 30 год уназад
... и што остана од градот кога жител од Мирковци се смета како жител на Скопје.

Е ај да прашам што се смета како попримамливо за живеење:
Влае, Хром Ѓорче <VS> Аеродром, Ново Лисиче, Јане Сандански
Значи подобар пристап до центар, урбанизација, школи, здравствени услуги, институции....
Бонус прашање
Скопје се шири по нивјено. Што ќе биде попросперитетно Скопје:
Накај Даме Груев, Волково или према Долно Лисиче, Драчево.

Фалааа... Парите од тутуно да знам кај да ги затворам.
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
2.178
Поени од реакции
5.162
Со кревањето на минималната плата ретардиве ги кренаа за некој денар и цените на становите :D
Нема врска едно со друго, ова е исто како сега некој експерти што кажуваат дека „големото“ зголемување на минималната плата ќе ги качело и цените на производите. Како до сега да не ги качуваа кога сакаат (често и без некаква причина) во исто време кога кај платите немаше големо придвижување
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
30.719
Поени од реакции
18.938
Нема врска едно со друго, ова е исто како сега некој експерти што кажуваат дека „големото“ зголемување на минималната плата ќе ги качело и цените на производите. Како до сега да не ги качуваа кога сакаат (често и без некаква причина) во исто време кога кај платите немаше големо придвижување
,,,chitaj gi slovata shto ne se gledaat,,,
 
Член од
22 октомври 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво,

Би сакал да прашам, дали некој има искуство со становите на Елена Лука во Аеродром (а, може и на другиве локации). Повеќе ме интересира некој да ми каже од прва рака, т.е. што веќе живее таму, но ако и некој друг има некакви сознанија, нека пише. Ме интересира градбата, квалитетот, изолација и сѐ околу тоа. Особено ме интересира поткровје, зашто ми се допаѓа таа идеја (познати ми се сите ризици со топло-ладно и прокиснување).

Благодарам!

*Доколку ова не е најдоброто место за вакво прашање,ве молам и да ме упатите каде на форумов да го поставам. :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.731
Поени од реакции
3.310
Нешто повеќе за становите во Порта Козле комплексот спроти с.д. Гоце Делчев...
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
32.842
Поени од реакции
48.697
Е ај да прашам што се смета како попримамливо за живеење:
Влае, Хром Ѓорче <VS> Аеродром, Ново Лисиче, Јане Сандански
Значи подобар пристап до центар, урбанизација, школи, здравствени услуги, институции....
Ова им се дел од лошите страни:

Влае, Хром Ѓорче
Несредено урбанистички како населбите подоле, подобар пристап до Албанци

Аеродром, Ново Лисиче, Јане Сандански
позагадено, поголема бучава
 
Член од
8 декември 2019
Мислења
7
Поени од реакции
20
Здраво на сите,

сакам да купам стан во Аеродром или Ново Лисиче, меѓутоа не ми се брза и можам да почекам одреден период, па би сакал да поставам неколку прашања.

Гледам дека во последно време цените на становите во овие населби рипнаа од 900-950 евра на 1050-1150 евра по м2.

Колку се реални овие цени ?

Дали мислите дека ќе продолжат да се движат нагоре или ќе се вратат на првобитната цена ?

Според ваше искуство, доколку се земе стан во изградба, колку евра (отприлика) може да се спушти цената на квадрат ?

Знам дека зависи од многу фактори, ама дали се спушта 20-30 евра или во изградба може да се спушти и да речеме 100-тина евра за плаќање на целиот износ на станот веднаш ?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.860
Поени од реакции
10.223
Гледам дека во последно време цените на становите во овие населби рипнаа од 900-950 евра на 1050-1150 евра по м2.
Да цените се скокнати. И Кисела Вода исто најчесто над 1000 евра. Колку се реални, веројатно зависи од побарувачката.
Според ваше искуство, доколку се земе стан во изградба, колку евра (отприлика) може да се спушти цената на квадрат ?
за стан во градба, повеќето ги спуштаат цените, но едно мора да внимаваш. Да го најдеш профилот на инвеститорот-фирмата, да видиш со прости зборови дали е шалабајзер (да не кажам со вчера отворена фирма, пирамидален инвеститор и да не е поврзан со позајмици од лихвари или преку него, други фирми да перат пари) или сериозен инвеститор. За тоа најдобро е да се ангажира сигурен адвокат кој работи со недвижнини, да ги провери сите информации. Затоа што се случува или да блокира сметка па да останете без имотни и недоградено или да стави материјал кој не е согласно преддоговорот (наместо паркет, ламинат, врати или плочки ш класа, одреден период гаранција по примопредавањето и слично).
Ние заради непроверка на профилот на инвеститорот, со години се тужиме и се влечкаме за доградување делови од зграда и имотни.
За намалени цени, обично даваат на почеток намалување. Пример 850 е/м2, на почеток им давал и за 750, потоа 800, зависно колку му требаат пари, колку е заглавен и од побарувачката во таа зграда.
 
Фала многу на мислењето.

Да да, од тоа најмногу гледам да се заштитам.

Многу нови фирми се појавија веќе немам претстава која е сигурна, која не е..

Некој да не знае повеќе за Порта Инженеринг што ја градат Порта Аеродром ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.378
Здраво на сите,

сакам да купам стан во Аеродром или Ново Лисиче, меѓутоа не ми се брза и можам да почекам одреден период, па би сакал да поставам неколку прашања.

Гледам дека во последно време цените на становите во овие населби рипнаа од 900-950 евра на 1050-1150 евра по м2.

Колку се реални овие цени ?

Дали мислите дека ќе продолжат да се движат нагоре или ќе се вратат на првобитната цена ?

Според ваше искуство, доколку се земе стан во изградба, колку евра (отприлика) може да се спушти цената на квадрат ?

Знам дека зависи од многу фактори, ама дали се спушта 20-30 евра или во изградба може да се спушти и да речеме 100-тина евра за плаќање на целиот износ на станот веднаш ?
Цените се „реални„ онолку колку што продавачот (градителот) смета дека се реални и онолку колку си подготвен да платиш.

Се‘ уште немам видено ниту една економска анализа, која ќе ме убеди дека цените на становите по 1,00м2 се навистина реални и дека цената „држи вода„ затоа што отсликува реален трошок за градење на еден објект.

Се‘ додека градот Скопје е исто што и Македонија...Пардон...Севердонија и се‘ додека внатрешноста стагнира а (народот) се преселува во „нашиот главен град„ од „нашата земја„, се‘ до тогаш цените ќе растат.

Цената по квадрат се спушта онолку колку што ќе се „исценкаш„ со продавачот на станбен или деловен простор-што значи, не многу...Ако платиш „кешарица„, тоа е друга тема.
 
Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
207
Поени од реакции
275
за Саник некој да не знае нешто? Ги бива ли во влае, тафталиџе, ке прават и аеродром...
 
Член од
7 март 2009
Мислења
901
Поени од реакции
552
Зависно од печалбарите дали некогаш ќе се вратат во Македонија зависи паѓањето и растењето на цените на становите. Сега за сега старите си плаќаат сметки и им ги одржуваат. Доколку "скопјаните" се вратат и становите ќе бидат поскапи. Доколку не, ова е сега максимумот што може да биде во поглед кон цената. Периферијата на Македонија више не инвестира во Скопје, сите правац Имачка одат, никој више не го боли патка ни за Скопје ни за државава. Старите ќе умрат, младите ќе го шитнат станот. Ќе си седат странство. Освен туристичките места во Македонија , све ќе падне на цена. Ќе се забаи ова барем десетина години. Премногу провинцијалци има во Скопје кои зедоа кредити и отплаќаат станови. Но више ни провинцијалци не идат, заврши тоа. ЕУ му е мајката.
Јас живеам во Радовиш,во куќа од 100 квадрати по спрат,а на 2 спрата е и плус таван со отворена тераса со прекрасен поглед на планинската убавица Плачковица,имам сопствена гаража и подрум,двор од 1 и пол декар,позади имам објект од 70 квадрати на 2 спрата(го користиме како магацин и работилница,уште поназад имам приватно шеталиште-прекрасно ридче кое има излез на главен пат,за 7-8 минути сум во центарот на градот и тоа пешки....И сега некое скопјанче(баба му од Трубарево,дедо му од Долно Коњари) кое живее во урбана бетонска џунгла во станче од 70 квадрати со една микро тераса мене ќе ме нарекува провинцијалец?!? Па јас сум за 90% од сите скопјани баварски германски гроф бе мамлази низаедни,плус живеам во далеку почиста околина(не во град кој го бираат за најзагаден во цел свет веќе неколку пати),така да одјебете со тие ваши филмови-провинција-Скопје,тоа веќе не пали,убаво си напишал-сега сите правац Немачка,какво Скопје какви бакрачи!
 
Последно уредено:

искрено блазесити. Радовиш иам поминато еднаш двапати пред икс години и ми остави впечаток на мирно чисто средено гратче. Воопшто за добар дел од градовите источниот дел имам такво мислење. Доколку човек има работичка, далеку далеку се посолидни за живеење од ова нашава централа.

На страна тоа, здравје за 9-10тина години кога ќе се пензионирам ќе бараме цени на недвижнини вон Скопје, мир, тишина, рекреативно земјоделство и чиста средина :) и нај што ми се бендиса е што роднини па и комшии со комшии се блиски. Овде некако не е така.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
894
Поени од реакции
1.094
Џевахир моментално мислам дека ги газат сите со цени. Барем реални се. За кеш, го даваат по 650/700е квадрат / од 60 до 70 квадрати стан. А за компарација, спроти Џевахир, Ново Лисиче во новите згради, под 900е нејќат да чујат. Во постарите згради има и за 800е/квадрат.

Според мене, ич не се реални. Ако земеме дека во центар почнуваат од 1000/1100 па нагоре, што повеќе муабет..
 
На врв Bottom