Фала за анализата.Ти си јарец со риби...интересно.Прво, јарецот е фиксен знак, многу воздржан,конзервативен тип, ладен и претежно близок само со себе си.Овој знак работи со мисли, калкулира, внимава како троши и сака да си го задржи она што го постигнал.Е, сега бидејќи рибата влијае, имаш малку поинаков однос со останатите-пофлексибилен си и имаш желба да бидеш корисен, иако твојата природа не знае секогаш да го изрази тоа.Имаш способност да ги процениш рационално ситуациите и да имаш корист од нив, со што твојата внатрешна логика е фасцинантна за останатите.Склон кон себесожалување и блага депресивност-оваа комб. создава малку тмурен темперамент, но великодушен човек.Има дарба за работа со финансии, и сака да работи сам, и да се вовлече во свој свет кај што самиот ќе постави граници.
Зелено мислевте на долари?![]()
ВОДОЛИЈА
Водолиите се интелектуалци, што значи дека се запознаени со голем дел на небитни нешта. Дочекајте го прекрасното црвено зајдисонце заедно со Водолија и бидете потоа подготвени за долга лекција за планетарни орбити, должина светлосни бранови и групи на честички во атмосферата. Очигледно, Водолиите не се воопшто романтични. Всушност, тие го користат зборот “романтика“ за да ги опишат здодевните активности за време на часовите во средното училиште.
Ако воопшто постои бунтовник со цело срце и душа, тогаш мора да е Водолија. Едноставно сакаат да одат контра сите прифатени идеи и норми. Не е за изненадување тоа што ги измислиле најчудните идеи како лоботомија, брејденс и сладолед со вкус на лосос. Овој слободен дух живее до нивниот 60-ти роденден, а потоа постануваат ексцентрични и тврдоглави.
Тие се незаивсни луѓе, што е културен начин да се каже дека се “недружељубиви“. Речиси е невозможно да се има врска со Водолија или со било кој што се заморува со Водолиите – тоа е една неоткриена социолошка мистерија и има различни теории за нејзино надминување, тоа ќе биде тема на разговор во следното издание на документарец на BBC.
Една чудна работа кај Водолиите е дека сите обожаваат да даваат работи. Ова изгледа напати алтруистично но всушност не можат да се заморуваат со улична продажба. Во политиката, тие се либерали но и апсурдни.
Во љубовта, замислете си како изгледа љубовниот живот на средновековен пустиник во пештера и ќе имате претстава како им е на Водолиите. Единствено нешто што тие го знаат за љубовта е нешто во кое што апсолутно немаат никаква среќа. Всушност, ако Водолија навлезе во интимна врска со некого – тоа целосно се должи на несреќата на другата личност но пак за среќа не трае долго!
Парите се уште еден чуден пронајдок на Водолиите. Кој инаку би учествувал во борба со бикови во замена за неколку златници? Водолиите не се срамат од ништо.
Имаат голема надеж за во иднина – во нешто што се вика Новата Ера на Водолиите. Таму според нив, лежи голем напредок и знаење а да не споменуваме и забавни моменти како ритуали, магични напивки и голи месечеви танци. Се смета дека некаде во иднината ќе донесат таков пронајдок (ќе фрлат магија) со кој ќе ја завртат земјата само со една рака. За да ја избегнете оваа катастрофа, треба да ја скршите магијата што ќе ја фрлат сите Водолии и тоа една по една.