Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.367

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Верувате во хороскопи, натални карти и слично?
За хороскопиве по веснициве несакам да коментирам, но за наталните карти...хммм...мислам дека доколку е изработена од човек кој навистина се разбира од астрологија, наталната карта може да предвиди навистина некои работи.
Ваши мислења или искуства?

Едитирано од модератор (додадено објанувањето од Тоше):

Тоше напиша:
Има 3 основни вида на хороскоп: западен, индиски и кинески. Западниот и индискиот се базираат на просторот и движењето на сонцето, месечината и планетите низ хороскопскиот знак а кинескиот се базира на времето, годишните и месечните циклуси и часовите од денот. Сите три видови хороскоп содржат по 12 знаци, поделени во четири основни групи. Овие три хороскопи можат да се споредат и притоа е кажано дека имаат сличности и дека секој знак од секој хороскоп има свој соодветен во другите два.

Огнени знаци се:
1. Овен (во индиски е меша)
2. Лав (во индиски симха)
3. Стрелец (во индиски данус)

Земјени знаци се:
1. Бик (во индиски вришаба)
2. Девица (во индиски канја)
3. Јарец (во индиски макара)

Водени знаци се:
1. Рак (во индиски карка)
2. Скорпија (во индиски вришчика)
3. Риби (во индиски меена)

Воздушни знаци се:
1. Близнаци (во индиски митуна)
2. Вага (во индиски тула)
3. Водолија (во индиски кумба)
Меѓутоа, покрај ова, во кинескиот хороскоп групите не се делат на земја, воздух, вода и оган туку дрво, оган, земја, метал и вода. Западниот и индискиот хороскоп се разликуваат во период за околу 1 месец, додека кинескиот е базиран на лунарен календар и разликува од претходните хороскопи за недела-две.

* Дојде до забуна со споредбите меѓу западниот и кинескиот хороскоп, така да кинеските знаци се отстранети!

Конкретно ќе се задржам на западниот хороскоп (кај нас што е прифатен) и ќе напишам подетално за секој знак но во некој нареден пост, бидејќи има многу за сите 12 :)

Астролозите хороскопот го делат на 12 целини наречени куќи кои се сфаќаат како 12 сфери на на човечкиот живот и активност. Има повеќе начини за интерпретација на куќите, од кои што најприфатлив е следниот:
1. Првата куќа го означува телото и физичкиот изглед на човекот, и неговото его.
2. Втората ги опфаќа парите и имотот, вредноста и приоритетите.
3. Во третата се комуникациите, браќата/сестрите, соседите и ситуациите сврзани со нив, патувања и транспорт, образование и секојдневноста
4. Во четвртата се домот и семејството, мајката и грижењето за некого или нешто, како и почетокот и крајот на животот.
5. Во петтата се задоволството и одморот (слободното време), празниците, игрите и коцкањето, децата, креативноста, љубовни афери и секс за забава.
6. Тука е работата, задолженијата и задачите. Вработените, работодавците и работното место, здравјето и благосостојбата се исто така тука.
7. Врски, брак и бизнис-партнерства и договори, и за жал непријатели и војна.
8. Раѓање, смрт, почетоци и краеви, длабоки љубовни врски како и даноци, такси, наследства.
9. Патувања во странство, култури, религија, закон и високо образование
10. Амбиција и цели, општествен статус и кариера.
11. Пријатели и познаници, групи, клубови и друштва, особено од хуманитарен карактер.
12. Мистицизам и таинственост. Осамени и изолирани места како болници, затвори и ментални институции, самопожртвуваност.

Од “хороскопски аспект“, постојат 7 класични планети и 3 современи: класични се Сонцето, Месечината, Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн а современи се Уран, Нептун и Плутон.

Сонцето означува лична сила, виталност и остварување на цели, водство, моќ и авторитет, потреба да се искажуваме, креативност, родителство (посебно татковство), самоидентификација, мотивација и гордост, со оваа планета владее лавот.
Месечината означува внатрешни чувства, расположенија, навики, поствест, грижа околу некого и родителство (посебно мајчинство), дом и семејство, инстинктивни реакции на животот, потреба за емоционална стабилност и безбедност, и со Месечината владее ракот
Мекур опфаќа менталитет, комуникација, размислување, занимавање со учителство, училишта, литература, околина, логика и рационалност, владејачки знаци се близнаци и девица
Венера подразбира врски и партнерства од секаков вид, романтична љубов, желба за убавина, хармонија и соработка, личен комфорт, уметност, мода и друштвен живот. Тука ги имаме бикот и вагата
Марс подразбира акција, лична енергија и мотиви, агресивност, сексуалност и страст, спорт, физички активности и натпреварување, тука се спомнуваат овенот и скорпијата
Јупитер означува лично задоволство од успех во нештата, ширење на знаења, аспирации, слобода, осет за правда и морал, религија, филозофија, високо образование, закон, претприемништво, превземање ризик и коцкање, тука владееат стрелците и рибите.
Кај Сатурн се спомнуваат лични ограничувања за работите, одговорност, амбиција, кариера, авторитет и хиерархија, сериозни размислувања за аспектите на животот, капацитет и издржливост за тешка работа, самодисциплина и доверба, тука се јарецот и водолијата.
Уран подразбира бунтовништво и неконвенционалност, внесување нови начини на размислување и однесување, иновации и откритија, идеализам, клубови, друштва, хуманитарни организации, политички движења, посебност, невообичаеност и независнот, тука е повторно водолијата
Нептун означува мистика, осетливост и сочувство, грижа за болни и ментално растроени лица, животни, хуманитарни настани, религиозни институции, болници, затвори, уметничка инспирација, духовност и склоност кон наркотици :) Тука ги имаме рибите :)
Кај Плутон имаме трансформации, почеток и завршеток на животот, секс, смрт, проблеми со моќ и контрола, откривање на тајни, полиција, детективи, хирурзи, минирање и стремеж кон богатство и слава, тука се скорпиите.

И за крај, тука можете да си ја прочитате вашата натална карта.
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Re: Хороскоп?

Мистичен напиша:
Верувате во хороскопи, натални карти и слично?
За хороскопиве по веснициве несакам да коментирам, но за наталните карти...хммм...мислам дека доколку е изработена од човек кој навистина се разбира од астрологија, наталната карта може да предвиди навистина некои работи.
Ваши мислења или искуства?
Верувам онака од занимација колку да прочитам да видам дали нешто ќе ми се случи итн. А не дека вистина ќе се случи тоа што го пишува во хороскопот... заради занимација... а некогаш и во мали случаеви се погодило нешто вистинито. :lol:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Од навика и радозналост секогаш весник кога земам во рака го читам хороскопот... Во ништо не верувам :)
Натална карта ми имаат направено и се изненадив од тоа колку имаше вистина во напишаното...
 

How1TzeR

ШЕВА
Член од
6 февруари 2005
Мислења
367
Поени од реакции
13
Ако не ми е добар хороскопот не работам тој ден ништо. :lol: :hey3:
 

123

Член од
20 април 2005
Мислења
2.156
Поени од реакции
8
Две девојки ми имаа направено натални карти. И кај двете пишуваше слично. И во двете ми пишуваше дека нема шанса да живеам надвор од МК. Ама сепак испдна поинаку... :lol:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.178
Поени од реакции
34.350
Не верувам во хороскоп...
Хороскопот постои за да се пополнат празните страни во весниците, или евентуално празното ќоше на „ојѕирни.ком.мк“ :roll:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Не верувам, ама па секогаш кога читам (од радозналост нема шанси да промашам) ми се трефнува нешто. А натална карта не ми направил никој, но мислам дека треба да има нешто барем во нив ... леле колку сакам! Форчн упати ме некаде да ми направат и мене :molam: :cuc: :wink:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
divine напиша:
А натална карта не ми направил никој, но мислам дека треба да има нешто барем во нив ... леле колку сакам! Форчн упати ме некаде да ми направат и мене :molam: :cuc: :wink:
Мене пред многу години ми ја направи една пријателка од мама, не верувам дека уште се занимава со истото. Знаеш кој прави? Сега ми текна! :pos: :pos: :pos: Брат му од Игор (да ме не видит) од Кичево :pos:
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
3.399
Поени од реакции
19
Појма нема то хороскопо...
А најсмешно нешто беше не знам само во кој весник го читав, нешто вака


`На планот на љубовта ве очекуваат блиски средби со...`

доколку сакате да разберете повеќе јавете се на тел. број 0500 ...
 

Ninja

Кајгана на око
Член од
15 мај 2005
Мислења
623
Поени од реакции
9
Можеби постои некоја вистина во одредувањето на карактерните црти според хороскопскиот знак - секако, со исклучоци заради кои е измислен подзнакот :pos: . Меѓутоа, мислам дека ничија животна линија не е запишана во некаква си поставеност на ѕвездите. Хороскопот постои, пред се, заради онаа наша потреба да се дознае што не очекува во иднина - разбирлива причина од која некој профитира :pos:.

Како и да е, астрологијата има традиција ... не ми е познато од кои дамнешни времиња влече корени, но познато ми е дека Александар Македонски бил лав во хороскоп, а знакот го одредиле некои паметни луѓе околу него и во негово време ... барем така пишуваше во "Роман за еден бог" на Морис Дрион (француски историчар) :pos:

Колку од вашите карактерни црти се соодветни на вашиот хороскопски знак?
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Јас многу, многу не се замарам со тоа, но секогаш кога ќе ме праша некој што се разбира што сум во хороскоп, и ако почне да ми кажува карактеристики ... скоро сите си ги имам ... така да ваљда има нешто:)
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Abe... po karakteristiki sum stoce ( u sekoj vid i forma zavisi od klimata), po potreba pijavica, a najcesto kuce -- a u horoskop neso sasvim treto...
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Цело лето ми пишуваше дека супер ми иде работа,живот анд шит и се дешаваше да скапувам од работа без време зе приватен живот.
Дојде октомври и ми пишуваше дека лошо ме чека кога тоа сменив работа и се тргна на подобро:raz: :lud:
Толку околу хороскопот:baeh:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Читам хороскоп онака, ради реда. Да видам со што ги пополнвет страниците. Некогаш се дешава од напишаното нешто така да испаднит..ама некогаш : ))))))
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
80
Поени од реакции
2
site pod horoskop go podrazbirate onoj dneven,nedelen,mesecen ... horoskop..sto go pisuva po vesnicite i spisanijata..nema vrska toa;)
ima nesto vo osnovnite karakteristiki sto gi poseduva sekoj znak...porano povekje bev zainteresirana za astrologijata...duri im pogoduvav na luge sto se vo horoskop sudejkji spored tie osnovni karakteristiki:)
a vo vrska so natalnata karta,ima i vo toa nesto,samo treba da najdes vistinski covek da ti gi protolkuva rabotite...
pozdrav:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom