Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.371
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.150
Поени од реакции
869
Посетете го www.tarot.com, има секакви хороскопи, комбинации, подзнаци и сл.!
 
Член од
9 април 2008
Мислења
29
Поени од реакции
0
Aj gleam se razbiras vo ova pa ke mozes li......

Има една ваква слична тема отворена од Мистичен, но оваа се разликува од неа, затоа ве молам не ја затворајте, или барем може да ја споите со неговата, ако не друго.

Има 3 основни вида на хороскоп: западен, индиски и кинески. Западниот и индискиот се базираат на просторот и движењето на сонцето, месечината и планетите низ хороскопскиот знак а кинескиот се базира на времето, годишните и месечните циклуси и часовите од денот. Сите три видови хороскоп содржат по 12 знаци, поделени во четири основни групи. Овие три хороскопи можат да се споредат и притоа е кажано дека имаат сличности и дека секој знак од секој хороскоп има свој соодветен во другите два.

Огнени знаци се:
1. Овен (во индиски е меша)
2. Лав (во индиски симха)
3. Стрелец (во индиски данус)

Земјени знаци се:
1. Бик (во индиски вришаба)
2. Девица (во индиски канја)
3. Јарец (во индиски макара)

Водени знаци се:
1. Рак (во индиски карка)
2. Скорпија (во индиски вришчика)
3. Риби (во индиски меена)

Воздушни знаци се:
1. Близнаци (во индиски митуна)
2. Вага (во индиски тула)
3. Водолија (во индиски кумба)
Меѓутоа, покрај ова, во кинескиот хороскоп групите не се делат на земја, воздух, вода и оган туку дрво, оган, земја, метал и вода. Западниот и индискиот хороскоп се разликуваат во период за околу 1 месец, додека кинескиот е базиран на лунарен календар и разликува од претходните хороскопи за недела-две.

* Дојде до забуна со споредбите меѓу западниот и кинескиот хороскоп, така да кинеските знаци се отстранети!

Конкретно ќе се задржам на западниот хороскоп (кај нас што е прифатен) и ќе напишам подетално за секој знак но во некој нареден пост, бидејќи има многу за сите 12 :)

Астролозите хороскопот го делат на 12 целини наречени куќи кои се сфаќаат како 12 сфери на на човечкиот живот и активност. Има повеќе начини за интерпретација на куќите, од кои што најприфатлив е следниот:
1. Првата куќа го означува телото и физичкиот изглед на човекот, и неговото его.
2. Втората ги опфаќа парите и имотот, вредноста и приоритетите.
3. Во третата се комуникациите, браќата/сестрите, соседите и ситуациите сврзани со нив, патувања и транспорт, образование и секојдневноста
4. Во четвртата се домот и семејството, мајката и грижењето за некого или нешто, како и почетокот и крајот на животот.
5. Во петтата се задоволството и одморот (слободното време), празниците, игрите и коцкањето, децата, креативноста, љубовни афери и секс за забава.
6. Тука е работата, задолженијата и задачите. Вработените, работодавците и работното место, здравјето и благосостојбата се исто така тука.
7. Врски, брак и бизнис-партнерства и договори, и за жал непријатели и војна.
8. Раѓање, смрт, почетоци и краеви, длабоки љубовни врски како и даноци, такси, наследства.
9. Патувања во странство, култури, религија, закон и високо образование
10. Амбиција и цели, општествен статус и кариера.
11. Пријатели и познаници, групи, клубови и друштва, особено од хуманитарен карактер.
12. Мистицизам и таинственост. Осамени и изолирани места како болници, затвори и ментални институции, самопожртвуваност.

Од “хороскопски аспект“, постојат 7 класични планети и 3 современи: класични се Сонцето, Месечината, Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн а современи се Уран, Нептун и Плутон.

Сонцето означува лична сила, виталност и остварување на цели, водство, моќ и авторитет, потреба да се искажуваме, креативност, родителство (посебно татковство), самоидентификација, мотивација и гордост, со оваа планета владее лавот.
Месечината означува внатрешни чувства, расположенија, навики, поствест, грижа околу некого и родителство (посебно мајчинство), дом и семејство, инстинктивни реакции на животот, потреба за емоционална стабилност и безбедност, и со Месечината владее ракот
Мекур опфаќа менталитет, комуникација, размислување, занимавање со учителство, училишта, литература, околина, логика и рационалност, владејачки знаци се близнаци и девица
Венера подразбира врски и партнерства од секаков вид, романтична љубов, желба за убавина, хармонија и соработка, личен комфорт, уметност, мода и друштвен живот. Тука ги имаме бикот и вагата
Марс подразбира акција, лична енергија и мотиви, агресивност, сексуалност и страст, спорт, физички активности и натпреварување, тука се спомнуваат овенот и скорпијата
Јупитер означува лично задоволство од успех во нештата, ширење на знаења, аспирации, слобода, осет за правда и морал, религија, филозофија, високо образование, закон, претприемништво, превземање ризик и коцкање, тука владееат стрелците и рибите.
Кај Сатурн се спомнуваат лични ограничувања за работите, одговорност, амбиција, кариера, авторитет и хиерархија, сериозни размислувања за аспектите на животот, капацитет и издржливост за тешка работа, самодисциплина и доверба, тука се јарецот и водолијата.
Уран подразбира бунтовништво и неконвенционалност, внесување нови начини на размислување и однесување, иновации и откритија, идеализам, клубови, друштва, хуманитарни организации, политички движења, посебност, невообичаеност и независнот, тука е повторно водолијата
Нептун означува мистика, осетливост и сочувство, грижа за болни и ментално растроени лица, животни, хуманитарни настани, религиозни институции, болници, затвори, уметничка инспирација, духовност и склоност кон наркотици :) Тука ги имаме рибите :)
Кај Плутон имаме трансформации, почеток и завршеток на животот, секс, смрт, проблеми со моќ и контрола, откривање на тајни, полиција, детективи, хирурзи, минирање и стремеж кон богатство и слава, тука се скорпиите.

И за крај, тука можете да си ја прочитате вашата натална карта.
Pa ke mozes li da mi objasnis kakva vrska ima znakot ako e zemjen voden vozdusen ili ognen
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Pa ke mozes li da mi objasnis kakva vrska ima znakot ako e zemjen voden vozdusen ili ognen
Ете јас од општа култура некое “поврзување“ ќе изведам.
Обично огнените знаци ги поврзувам со епитетите: импулсивност, гордост, динамика, дружељубивост...И овие знаци се такви: лидери, иницијативни, отворени во кумуникација.

На земјените знаци им го препишуваат меланхоличниот темпермент. Тие се: промислени, калкулативни, сериозни, вредни работници, реалисти и материјалисти, почесто интровертни... Ова како некаков пресек од особините на биковите, јарците и девиците.

Воздушните знаци од своја страна пак се: идеалисти го сакаат естетското, убавото, дружелубиви се, комуникативни, интелектуални. Имаат широк спектар на интересирања, креативни се. Затоа се и доста променливи и динамични за разлика од земјените кои се постојани и ги сакаат рутините и навиките. Во оваа група спаѓаат:вагите, близнаците и водолиите.

Водените: Риби, скорпии, ракови... Овие се окарактеризирани како емотивни, (посебно раковите) кои се топли и ориентирани кон семејството, рибите се опишуваат првенствено како интиутивни, непостојани, сонувачки расположени. Скорпиите меѓу нив се можеби најсилните и најборбените, амбициозен знак кој е ориентирн кон успеси. Генерално оваа група на знаци има потреба од љубов и емоции за да може да се чувствува исполнето и да функционираат нормално.

Ова генерализирање секако дека не смее да се земе здраво за готово со оглед на тоа дека во детерминирњето на карктерниот профил на една личност во астрологијата во предвид се земаат голем број други битни моменти како подзнак, месечина и сл, кои исто така многу влијаат во одредувањето на тоа каква комбинација од карактерни особини ќе одговараат за конкретната личност.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.150
Поени од реакции
869
ПОДАРОЦИ СПОРЕД ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

Oвните многу сакаат да примаат подароци; всушност тие се како мали деца во слаткарница. Сакаат возбуда, бои. Кај нив изненадувањата се секогаш хит и не вложувајте многу труд околу пакувањето – тие се премногу нестрпливи за да го забележат тоа!
Не одете со празни раце кај Овен (доколку имате покана од негова страна) – понавредливо од тоа за него нема!
За нив најубави подароци се тие асоцирани со главата, лицето и мозокот па барајте нешто такво :) Не им подарувајте нешта што би ги натерале да почнат ново хоби. За нив подароци се: рачни часовници, скии, шапки, очила за сонце, машина за еспресо и капучино, Полароид камера, шминка, билети за спортски натпревар, ваучер за сам да си купи нешто или ваучер за на козметичар, вокмен, сложувалка.

Биковите сакаат скапи подароци, но тие се учтиви и нема да ви укажат доколку им однесете нешто поефтино. Затоа е најдобро да однесете еден главен поголем подарок и неколку поситни, како на пример букет цвеќе и 3 мали чоколада.
Рачно исплетен џемпер, домашни колачиња, сопствено изработена скулптура или слика се исто така перфектен подарок, но не ги залажувајте со половично изработени нешта. Ако сепак сакате да поминете поефтино, купете им поголема кутија со чоколада.
За нив интересни подароци се и перници, постелнина, влечки, чаршафи, а исто така сакаат и дијаманти и злато.

Близнаците за жал, мразат кога некој одлучува место нив. Сепак, исто така мразат кога ги прашувате што сакате да им однесете за роденден (поскоро сакаат да бидат изненадени). Тие не ги сфаќаат пресериозно подароците, туку само како начин да се помине времето занимавајќи се со нив. Тие сакаат книги, џебни сметачи, сет од пенкала, компјутерска галантерија, автомобил :) Исто така, добри подароци се и претплата за нивното омилено списание или платено 2-3-дневно патување, мобилни телефони. Не се заморувајте со тоа што сте им однесле лани, за да не се дуплирате и годинава, тие сакаат да имаат и резерви :) А и тежнеат кон губење на нешта. Можете и да им однесете повеќе мали подароци спакувани на различен начин. И после се, најдобро е да им однесете пари, кога веќе не знаете што друго.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.150
Поени од реакции
869
Ако имате познат Рак кој собира нешто (што во најчест случај е така), автоматски ви е решен проблемот. Колекцијата на Ракот мора да расте. Иако роденденската прослава не се одржува на самиот роденден, не заборавајте и тогаш и тогаш да им се јавите и да им честитате. Ако се решите двапати да му отидете (и на прославата и после на точниот роденденски датум), не одете празни ни на двата датума. Сакаат покуќнина, но само ако би можеле да ја користат (пример, не им носете миксер ако не ги бива во кујната).
А всушност не можете да заклучите што е тоа што го немаат. Сепак, ако им однесете нешто што веќе го имаат, ќе ви речат дека баш тоа сакале утредента лично да си го купат!
Тие не го ценат само подарокот, туку и начинот на кој им е подарен. Нив подраго им е да им кажувате колку не можете без нив отколку тоа да го правите со подароци. Мразат кога се добива погрешен впечаток за подарокот (пример, им носите малечок подарок во преголема кеса)

За Лавовите поцеремонијална е ситуацијата кога го давате подарокот, отколку самиот подарок. Треба убаво да му го предадете а не само да му го тутнете. Обично на родендени Лавот седнува на чело а сите гости околу него или барем да го гледаат него :pos: Сакаат цвеќиња и огромни честитки и златести хартии на подароците :pos: Сакаат уметнички дела, светли бои но никако и бижутерија. Не заборавајте да го ставите неговото име на картичката.

Сите мислат дека на Девиците не им се битни подароците што е сосем погрешно. Тие се практични и сакаат практични работи што го олеснуваат секојдневието (правосмукалка, соковник, или цела кујна па). Ако поради финансиски причини сте спречени да однесете поголем подарок, пак одберете нешто практично, како сет од ножеви, вилушки и лажици или завеси :pos:
И вклучете го и упатството за употреба, тие го читаат и тоа. Ако им однесете и букет, не се претерано радосни, па затоа не се трошете без потреба за големи букети. Носете им секоја година со горе-долу слична цена, тие не сакаат варијации во цените на подароците.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.150
Поени од реакции
869
Вагите сакаат накит, нешто што ѕвечка или ѕунѕурка, привезоци за клучеви, мобилни телефони и слично. Ама не им го носете само тоа, однесете барем и букет цвеќе и не некој мал, како на пример само една роза.
Не се ограничувајте само на еден подарок. Тие ценат дека сте се потрошиле за нив. Можете да го поканите на ручек/вечера во ресторан, прошетка во парк, или возење со брод, а можете и сами да им направите торта и да им ја однесете, или да им направите ручек или вечера (ова се однесува особено на жените-Ваги). Горе-долу важи и за мажите-Ваги, и тие сакаат елеганција и убаво спакувани подароци и скапи додатоци. Сакаат подароци кои по некој начин би ги потсетувале на личноста која им ги подарила.

За Скорпиите сексот е најбитен, а подароците се и тие тука. Тие толку сакаат да добиваат подароци што понекогаш си подаруваат сами на себе. Сепак ова не ве ослободува од обврската и вие да им подарувате, без разлика дали има или нема причина (а особено се радуваат кога нема причина). Ама немојте да им заборавате родендени, имендени и слични (не)битни датуми, ќе ви го памтат за цел живот. Ќе има секако и други подароци ама ќе ви го памтат баш тој што не сте им го дале.
Не им носете отпакувани подароци, тие сакаат мистерија. И плус, сакаат на само да ги отвораат подароците (значи нема да ги отворат пред вас, пред сите). Ако се работи за жена-Скорпија, тие сакаат облека (фустани особено), кристални топки, предмети поврзани со кинеска-јапонска култура и слично, а ако е маж-Скорпија, се што ја истакнува неговата сила, вреди.

Билет за патување на Хаваите е одличен подарок за Стрелците, особено доколку претходно не биле таму. Доколку вашиот/вашата сакан/а е Стрелец, дајте му/и на знаење дека сте само вие двајца на патувањето, инаку ќе бидете изненадени од придружните личности на патувањето :pos: Ако се мислите што да му подарите на Стрелец од патување во странство, идеални подароци се: кокос, препариран пердув од некоја егзотична птица или ѓердан од школки. Исто така, атласи и книги за далечните земји би биле добар подарок. Тие многу сакаат да читаат книги, особено со филозофска содржина.
Многу сакаат да им се пишуваат посвети и песни на картичките кон подарокот, па потрудете се и околу тоа.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.150
Поени од реакции
869
Јарците, како и Девиците, сакаат практични подароци. Необичен сувенир, или голем букет цвеќе нема да ги остави рамнодушни. И во моментот не можете да процените дали им се допаѓа подарокот или не. Ако после некое време го видите како стои на видно место во нивниот стан, значи им се допаднал :)
Ако се работи за Јарец-член на семејството, интересен подарок би биле влечки, плишана играчка, мало тепихче или палто – тие сакаат да им биде топло.
Сакаат некаде нивното име да стои на подарокот. Значи, и да им подарите најобичен пепелник со нивното име на него, ќе го сакаат до крај на животот!
Доколку станува збор за Јарец не близок со вас, тогаш најубаво е да му однесете нешто друго што ја одразува вашата почит кон него.

Водолиите сакаат необични и смешни подароци. Ако планирате да им однесете чајник, потрудете се тоа да го направите со некакви смешни гестикулации или смислете песна за него :) Но и да не ви текнува, тие самите ќе измислат. Нека не бидат подароците тривијални. Не сакаат ефтини тракатанци, туку посебни, што кажуваат дека се избрани со внимание и специјално за нив.
И, се што има врска со универзум, галаксија, вселена, планети – одлично за Водолиите. Можете да им однесете стаклени предмети, фигури, играчки, но не стандардни мечиња или сл. Всушност, се што е невообичаено.

Рибите сакаат предмети поврзани со духовност, спиритуализам, креативност. Тие го сакаат убавото и магичното во дизајнот и презентацијата. Интересни подароци се сет од бои за сликање, билети за во театар, книга. Збунувачки е да го најдете ПЕРФЕКТНИОТ подарок за Рибите. Исто така интересни подароци се и шише вино, или парфем, како и ваучер за во спа-центар или масажа.
Како и да е, за мажите најчесто идеален подарок е: колонски води, парфеми, чевли или билети за во кино, а за жените: свеќи, лосиони за тело, музички инструмени, соновници, аквариум, и книга.
 

BlaCk FiRe

`Going NoWhere`
Член од
21 март 2008
Мислења
637
Поени од реакции
18
Билет за патување на Хаваите е одличен подарок за Стрелците, особено доколку претходно не биле таму. Доколку вашиот/вашата сакан/а е Стрелец, дајте му/и на знаење дека сте само вие двајца на патувањето, инаку ќе бидете изненадени од придружните личности на патувањето :pos: Ако се мислите што да му подарите на Стрелец од патување во странство, идеални подароци се: кокос, препариран пердув од некоја егзотична птица или ѓердан од школки. Исто така, атласи и книги за далечните земји би биле добар подарок. Тие многу сакаат да читаат книги, особено со филозофска содржина.
Многу сакаат да им се пишуваат посвети и песни на картичките кон подарокот, па потрудете се и околу тоа.
АХХАХАХАХАХХАХАХАХАХАХАХ Јако !!!!!

Леле како би идел летово на Хаваии... :vozbud:
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Билет за патување на Хаваите е одличен подарок за Стрелците, особено доколку претходно не биле таму. Доколку вашиот/вашата сакан/а е Стрелец, дајте му/и на знаење дека сте само вие двајца на патувањето, инаку ќе бидете изненадени од придружните личности на патувањето :pos: Ако се мислите што да му подарите на Стрелец од патување во странство, идеални подароци се: кокос, препариран пердув од некоја егзотична птица или ѓердан од школки. Исто така, атласи и книги за далечните земји би биле добар подарок. Тие многу сакаат да читаат книги, особено со филозофска содржина.
Многу сакаат да им се пишуваат посвети и песни на картичките кон подарокот, па потрудете се и околу тоа.
Јас сум стрелец, и да, ова е баш точно!!!Посебно со делот за филозофките книги. Обожавам да патувам и со мене да си имам книга која ке ме занесе во размилсување...
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
За Лавовите поцеремонијална е ситуацијата кога го давате подарокот, отколку самиот подарок. Треба убаво да му го предадете а не само да му го тутнете. Обично на родендени Лавот седнува на чело а сите гости околу него или барем да го гледаат него :pos: Сакаат цвеќиња и огромни честитки и златести хартии на подароците :pos: Сакаат уметнички дела, светли бои но никако и бижутерија. Не заборавајте да го ставите неговото име на картичката.
Па горе долу ми погодиле:pos:сакам убаво сакувани подароци и изненадувања.Букети сакам,а златната хартија не е задолжителна.Бижутерија баш напротив обожавам и никогаш не можи да згреши некој ако ми донеси бижутерија т.е накит.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
За Лавовите поцеремонијална е ситуацијата кога го давате подарокот, отколку самиот подарок. Треба убаво да му го предадете а не само да му го тутнете. Обично на родендени Лавот седнува на чело а сите гости околу него или барем да го гледаат него :pos: Сакаат цвеќиња и огромни честитки и златести хартии на подароците :pos: Сакаат уметнички дела, светли бои но никако и бижутерија. Не заборавајте да го ставите неговото име на картичката.

хихиии, да, да, да, неќу бижутерија, ама сакам церемонии
Јебеш ме, сакам внимание.Точно!
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Ај некој нека ми каже.. Јас сум Вага(Девица), тој Јарец(Овен)????

(Пазете шо пишувате во брак сме:pos:)
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
239
Поени од реакции
5
Ако може некој нека ми каже за Стрелец со подзнак Бик(јас) и Водолија(он)? Ајд пришиејт дет.:pipi:
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Зошто мразам Ракови.

Оти посклет створења не постојат.
Како да не те нервираат кога се толку безобразни во докажување дека се секогаш во право, дека знаат точно што ти треба а и ти знаеш дека нивното е правилно иако сеуште не си свесен, мораат да ти помогнат по нивно и точка!
Ако не го прават тоа, дефинитивно се занимаваат со полирање на своите најпрекрасни карактери.
Значи имаат свој живот и многу си го сакаат, но кога ќе се приближат до твојот веднаш забораваат на нивниот и почнуваат да те преуредуваат тебе.
А па од друга страна се меки и плачливи, безобѕирно и грубо ќе ти се мешаат у штипки ќе се мешаат ќе се мешаат и ќе се мешаат, ама кога ќе им свикаш погласно, ќе ја памтат огромната навреда и болка наредните 4 реинкарнации.
Аиии, посклет створења навистина не постојат.
 
Член од
2 јуни 2008
Мислења
36
Поени од реакции
0
KAZUJTE MI ODMA SVE ZA BIK I ZASO OOOOO ZASO NIKAD NE MOZAM DA SI BIDAM SO VODOLIJA...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom