Холивуд без идеи?

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Дали е Холивуд без идеи???Лично јас мислам,да.
Последниве години има се помалку интересни филмови.Се снимаат некои глупи продолженија на познати филмови(Умри машки 4,Луѓе во Црно 2,Рамбо 4,Роки 6...)или римејк филмови кои се поглупи од нивните оригинали од пред 40-50 години.
Денес многу внимание се дава на специјалните ефекти,а приказната на филмот е во втор план.Според мене се почна со Матрикс 1.Многу ретко се снимаат после 2000 г. филмови од типот на Форест Гамп,Покајание во Шоушанк и сл.
За сериски филмови не може да се пожалиме пошто стварно има голем и квалитетен избор од секакви серии.
Ваше мислење филмофили???:toe:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Ништо нека не те чуди, 90% од публиката се пали на крвишта, летачки патики и шиш миш ефенди на мотор.
Изјавата на Тарантино за Кил Бил беше прилично интересна "Мораше да се направи ваков филм и да луѓето гледаат крв што тече ко од цревото со кое си прскам у дворот. Како да ви кажам, тоа го прави кешот"
Реално кажано од негова страна и доволно за тиња идеите на Холивудската продукција.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Јас последниве месеци од поновиве филмови ако имам спуштено 2-3.Никој филм не ме привлекол да го чекам со нетрпение.Спуштам филмови од пред 15-20-30 год.кои се многу поинтересни во приказната од овие денешниве.:toe:
 
П

Паган-др

Гостин
Јас последниве месеци од поновиве филмови ако имам спуштено 2-3.Никој филм не ме привлекол да го чекам со нетрпение.Спуштам филмови од пред 15-20-30 год.кои се многу поинтересни во приказната од овие денешниве.:toe:
Скоро неколку години е ваква ситуацијата кај мене. Последен нов филм што гледав и што му фрлив мерак беше Хенкок. Пред неколку години имаше толку добар избор на филмови што незнаеш што попрво да гледаш. Сега празник е ако излезе некој добар филм.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Се сеќавам 4-5 одд.се јавував во едно охридско радио во кое што делеа кино карти за разни филмови.Петтиот елемент,Луѓе во Црно,Фејс оф,Мистер Бин,Летечки затвор...па со друштво едвај чекавме да дојдит сабота да гледаме филм.И секоја недела имаше добар филм.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Присутен е недостатокот од идеи и се поголемата компјутеризација на филмовите...Нема више некој глумец кој ќе отскокне од останатите и старата фела што снимаше фантастични филмови пред 30 години нема кој достојно да ја замени...Одамна неам изглеано некој добар нов филм што ќе ми привлече внимание и што ќе уживам гледајќи го, напротив такви има се помалце и не глеам некоја светла иднина на филмската индустрија...

Европското тржиште и европскиот филм се повеќе ме интересираат и би сакал на сметка на американските на гледам на пример шведски филмови кои имаат одлична школа и од кои може да се соберат доста ствари...
 

Стеф:]

стифлер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
1.938
Поени од реакции
3
шо ви е бе?!како може без идеи да се,глеас си праат продолженија,секој ден нови филмови искачаат,и се измислуваат.затоа не збори глупости.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Дете,прочитај други мислења пред да истрескаш нешо...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Според мене се штанцаат филмови, преголемиот глад по пари и заработувачка, не знам зашто ама некако ја убиваат убавината на филмовите. Веќе креативноста не е битна, се оди на проверени приказни за кои се знае (претпоставува) дека ќе упалат кај публиката и со тоа ќе добијат пари. Веќе ништо не се сведува на обична забава, сега се е сведено на профит. Јас не велам дека не треба они да сакаат да се продава тоа, ама барем да внесуваат повеќе свежнина и креативност. А не е дека е без идеи. Идеи има постојано, ама... :toe:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.340
Поени од реакции
57.953
Можеби е таков впечатокот најмногу заради тоа што малкуте добри филмови се губат во купишта од ѓубре, но помалку или повеќе, секогаш било така. Барем во последниве 20-30 години.

Како и да е, точно е дека во последниве години бевме сведоци на многу римејк-филмови, и со мали исклучоци, повеќето беа полоши од оригиналите. Во овој дел нови идеи имаше, почнаа да се снимаат “prequals“ наместо “sequals“, значи филмови чие дејство е сместено пред приказната од оригиналниот филм. На пример
Exorcist: The Beginning (2004) како предник на
The Exorcist (1973), потоаBatman Begins (2005) итн... новата трилогија Star Wars која е предходница на првите три филма и која ги врати фановите на овој серијал, а за оваа година се очекува и нов спектакл во филмот Star Trek (2009) кој треба да е “prequal“ на сите предходни филмови (вкупно 10), и да ни го прикаже животот на младите Капетан Џејмс Кирк и вулканецот Спок, и нивните први чекори на Enterprise.

Не смета трејлерот така? :smir:


Понатаму, за мене ново освежување се филмовите на легендарниот Клинт Иствуд, во кои тој се појавува како режисер, актер, или и двете заедно. Сите тие имаат прекрасни приказни и комплетна содржина исто како и
The Shawshank Redemption (1994) кој го спомна Solid.Тука мислам на: Unforgiven (1992), Mystic River (2003), Million Dollar Baby (2004), Changeling (2008) и Gran Torino (2008). Обично со малку пари а понекогаш и со ретко видени актери, човекот прави ремек - дела. Иако можеби не се на тоа ниво неговите филмови
Letters from Iwo Jima (2006) и
Flags of Our Fathers (2006), се работи за нова оригинална идеја (за мене барем), да се снимат два филма со истата приказна, гледана од аспект на двете завојувани страни.

Тука ќе го скратам постот за да имам што да пишувам понатаму :pos2:. Како и да е, според мене, идеи има, но за жал сега публиката има пристап до се, буквално се, па така поминуваат секакви филмови на репертоарот... Бидејќи квалитетот е секогаш само неколку % од вкупниот број на филмови, општиот впечаток е лош. Но, добри филмови и нови идеи, сеуште има.



BTW, и :eek:ftopic:, сега се сетив: Кој сака може да си инсталира додако за Мозила, се вика IMDB Preview, многу фин додаток, одиш над било кој линк за филм на IMDB како оние погоре и ти покажува кои се главни актери и кратка содржина...
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Холивуд има оригинални идеи само што никој не ги гледа тие фимови. Сите секаме нешто проверено да гледаме.
 

Black Night

Galvanize
Член од
25 септември 2008
Мислења
327
Поени од реакции
20
Секогаш има пад во работата. Тоа беше во 2008. Во оваа година ке има многу многу интересни работи за гледање.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
европските и азиските филмови се многу подобри од америчките. Оваму се е веќе видено, ретко кога искача добар филм.
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
во холивуд имаме 7 студија кои го „диригираат“ нивниот стил на годината значи конкуренцијата се адаптира и синхронизира - од тука иде она што сите речиси го споменавте - клише на клише ... + што сакате кога се прават римејкови , продолжувања ... филмови базирани врз стрипови ... нормално е ...

според анкетите во америка највеќе се гледаат мјузикли ( кои се доста лесни за гледање ) акции па од тука изгледа ко да е исцрпено ..
европските и азиските филмови се многу подобри од америчките.
апсолутно се согласувам со постов , но би ги додал и латино американските :smir:
 
Член од
12 март 2007
Мислења
650
Поени од реакции
73
последните неколку години од холививуд нема саглм филм излезено, значи костимирани стрип јунаци од секаков вид, продолженија на продолженијата , римејкови на римејкови, нема инспирација веќе, не дека сите теми се се исцрпени, ама едноставно се е веќе таму клише,шо повеќе ефекти , толку поатрактивен филм(глупости живи),па веќе си имат у холивуд изработено клише за успешен филм, тоа беше отприлика вака : 50 % akcija,10 % романса 10 % triler 10 % ... па луѓето изработиле модел на успешен филм(колку патетично) ништо свежо, нема друг Forest gump, One flew over the coockoo nest , има и исклучоци : у 2007 излезе Inland Empire -филм на еден од мојте омилени режисери David Lynch i за разлика од другите изданија таа година овај беше одличен, lynch ne otstapuva od своите идеи за ништо на светот,па макар и никој де не го гледа филмот у кино.. - за разлика од другите режисери по холивуд ,дека парите се главна преокупација. .. а ја повеќе преферирам европски филмови, ништо слично ,толку совршено нема да се појави у холивуд како пр. filmovite na: Andrei Tarkovski , Federico Fellini,Ingmar Bergam, Jean Luk Godard, Michelangelo Antonioni, Wim Wenders,Aleksandar Sokurov, Daren Aronofski,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom