- Член од
- 15 април 2019
- Мислења
- 234
- Поени од реакции
- 812
Да де секако сите карактери си имаат различни димензии, поентата е дека таа омраза од некаде доаѓа и поради нешто, никој од карактерите што е во таква омраза и злоба не е во таа позиција поради тоа што е среќен или зрел, тоа дефинитивно. Рачунај Драко колку требало пред се сам себе да се мрази, со оглед на тоа колку беше програмиран да прави се за да ги задоволи своите родители, да нема свое јас... Ако го сметаме Cursed Child за канон (Роулинг вика дека е канон), гледаме колку поинаку го израснува син му Скорпиус, за разлика од начинот на кој тој беше израснат. Инаку омразата кон Хари се јавува како спротивната емоција од привлекување, значи е само привлекувањето кое го имаше на почетокот, извртено на непријатен начин. Сепак има фиксација на Хари, и повторно тоа е поради обид за задоволување некоја потреба. Без разлика дали сакаш или мразиш некој, пак подеднакво многу мислиш на него хахахахНе можам во целост да се согласам. Станува збор за одлично градење на ликовите и за градација на емоциите како ликовите стануваат постари. Драко сака да се зближи во Потер во првиот дел, ама покасно тие емоции прераснуваат во омраза затоа што татко му на Малфој (Луциус) влегува во Азкабан. Ако се вратиме назад, Драко е роден со сребрена лажица во устата, а нивниот прв контакт во книгата е во една продавница, а не пред училишната сала. И од таа конверзација може да се извлече нешто (пораснале во различни околности) . Емоциите започнуваат од еден центар на внимание, љубомора, па потоа прераснуваат во таа крајност. Од друга страна, Хари не е добар ученик, нема контрола над нештата, Малфој е попримерен во тој поглед и го контролира друштвото. Драко, со евентуалниот успех сака да се обиде да го привлече вниманието на татко му.
Постои конкуренција меѓу овие ликови. Тука се гледа антагонизмот, барем во неколку делови.
Мајката на Мајфон е друга приказна. Нема многу податоци за неа, ама во 6ката оди кај Снејп и бара помош. Покажува грижливост, нешто што може да се види и во последниот дел кога го праша Хари во смисол "дали е жив (Драко)"? Неговите родители се различни карактери кои ги споила врската на чиста крв, не е ни чудно тој брак да бил договорен, што става прашалници околу неговата функционалност.
И јас сум жалче, со што сум го губел времето.
Нарциса исто била израсната со тие идеали за чистокрвност, мислам дека не бил договорен бракот (тие во Хогвортс се запознале), ама дефинитивно ги исполнува желбите и на Малфој и на Блек семејството. У секој случај, не ја интересираше ни Волди ни Молди кога стануваше збор за семејството, најбитно и беше да ги заштити Драко и сопругот без разлика на ситуацијата. Иако никогаш не ги изгубија верувањата за чистокрвност, и Нарциса и Луциус се свртеа против Волдеморт на крајот на битката (во филмот е прикажано дека си одат, али всушност го напуштија Волдеморт, останаа во замокот и останаа пост-битката во големата сала).
Ми се допаѓа комплексноста на секој карактер, Хари на пример е прекрасно изграден, гледаме многу различни страни од него, со вербални препуцувања и коментари, исто и Рон со тепачките и Хермиона со ниската емоционална интелигенција. Секој си е и антагонист и протагонист на свој начин :3
Не ме зезај, на памет го знам цел HP loreДа не бидам погрешно разбран. Жално е што ги знам овие работи.