Хари Потер

  • Креатор на темата Креатор на темата Unicor777
  • Време на започнување Време на започнување
10520687_10152475768099065_6326873161533083712_n.jpg


Excussssseee me sssssssir

Превземено од Македонската армија на Дамблдор :X3:
 
Ме интересира нешто “што би виделе вие во огледалото на Етиблеж„? Ме интересира чисто онака затоа што кога грубо ја прелистував оваа дискусија не наидов на ова прашање односно не сте имале дискусија околу истово.:)

Минатата сабота гледав едно интересно филмче на МРТ - “Животот на Џоана Роулинг“, па ако некој друг го има гледано истото нека пише збор-два за сликите кои му поминувале низ глава додека го проследувал истиот. :)
 
DOCTOR WHO Star Matt Smith Eyed for Lead in HARRY POTTER Spin-off

Опааа :vozbud:
Ова ви бил одличен избор. Уствари, откако знам дека Мет Смит е кандидат за улогата, со било кој друг избор нема да сум задоволен :D
 
Завршив со серијалот. Филмовите ми беа изгледани и порано. Фино разработена приказна, солидно напишана. Со оглед на тоа, па и на тоа што е наменета за одредена целна група или групи, нималку не зачудува планетарната популарност на книгите. Авторката се има доста посветено на делово, вложила доволно талент, некој од издавачите се смилувал и ете нова франшиза и бизнис вреден милијарди.

Не би било лошо да се реши и на некакво продолжение, иако изгледа дека тоа тешко ќе се случи.
Сличностите и споредбите на Волдеморт со Саурон од LOTR можеби и не се бројни, но не лошо да се спомнат. И двајцата се осудени на некаков полуживот. И двајцата зависат (некој повеќе, некој помалку) од предмети со извесна моќ. И двајцата, донекаде, се инспирирани од Адолф, вториот поради желбата за доминација, а вториот и поради тоа, но и поради идејата за зачувувањете на (ариевската) чистота на крвта и покрај сопствената мешана генеалогија. И двајцата се средени, со помош од страна, се разбира, од противници кои не им се баш рамни во моќта.
Ниту Хари и Фродо не се исклучок. Не ужуваат во наменетите улоги. И двајцата за свој ментор, главен сојузник и помагач имаат стар искусен волшебник кој се жртвува (иако Гандалф се враќа). И двајцата имаат верна дружина со која поминуваат разни премрежја.

Јасно, ова и не е така и толку нагласено за да се изведе негативен заклучок за делото на Ролинг. Други правеле многу поочигледни, погруби позајмувања без нималку талент. Истото важи и за волшебничкиот академски свет, за извесни, крајно необични книги итн.

Крупни забелешки како читател немам. Има некои, не толку битни пропусти Ова се книги најмногу наменети за читатели од 12-13 години до 20+ години. Многумина најверојатно пораснале со Потер, бидејќи и книгите еволуираат во содржината. Сериозноста на книгите варира и евидентна е разликата меѓу првиот и последниот дел. Е сега, сето она со волшебните стапчиња може да биде, и е извор на бекрајни зафрканции. Верувам дека Ролинг се тркалала од смеење кога пишувала некои реченици.
 
Дечки шо цена отприлика држи седмиот дел по книжарнициве и дали воопшто уште го има во продажба?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom