Хари Потер

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
@dragonsky на фејсбук секој ден спамира во ХП групата, а овде ни трага ни глас :D
Има и таква работа!? Искрено на фб не седам, но неколку пати сум правел претрага (нормално во “златната доба“ кога седев), и разултатот беше едно големо ништо.
Ќе ти биде тешко да ставиш линк? :)
 
Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Ти кажав еднаш за групава на профил мислам. Ама можда не излегува во search пошто е приватна, треба некој да те додаде. Ако не ти е проблем дај ми мене или на драгонски линк од профилот твој или пак мејлот што го користиш за фејсбук па ќе те аднеме.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
42
Поени од реакции
15
Дали некој знае која е цената на комплетот книги ама на англиски јазик?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Дали некој знае која е цената на комплетот книги ама на англиски јазик?
Не ме држи за збор но мислам 4300- 4400 ден во Рамстор (но тогаш имаше и попуст што значи дека може да биде и поскапа).:)

Инаку Експетро, не можам да ти пратам порака. Така да нека остане за некој друг пат. ;)
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
42
Поени од реакции
15
Благодарам на информацијата:) Претпоставував дека цената е тука некаде...
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.080
Поени од реакции
21.980
Со продолжението шо испадна !??!! ке се снима или не ?!?!?
Башка ке има книга за тоа !?!?!? :cautious: :rolleyes:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Не, пред недела- 2 имало некаков договор за снимање на нов филм (веќе ставив линк пред страна-2). Насловот ќе гласи “Фантастични ѕверки и каде можете да ги пронајдете“ (некаде ќе сретнеш и суштества наместо ѕверки). Тоа е всушност училишна книга (учебник) за прва година и истата е спомната и во првиот дел. (ова веќе го имам кажано) :)
Но настаните би се случувале години пред Хари да се роди, што значи дека нема да има никаква врска со некој идни настани после тие 19 г. :)

Јас ако би снимал, би снимал за животното патешествие на Дамблдор или пак би снимил серија во врска со тоа што било и како било кога Волди бил човек. Потоа тие настани би се надоврзале со првиот дел. Но секој си има различна фантазија. И различни желби. :)
 
Ја прво сфатив дека ова продолжение ке биде по нова книга што ја пишува или ке ја напише Роулинг и дека ке биде пост-Хари Потер циклусов.
А оваа книгава за ѕверкиве мислев да не е како Силмарилион за ЛОТР (вовед пред најпознатото дела на писателот).
 
Не, напиша 1.500 зборови во врска со некое светско во квидич на кое ќе бидат Хари, Рон и Хермиона, после тие 19 г. Затоа што го опишува Хари како човек на кого косата почнала да му обелува.
А за оваа книга доволно зборува насловот. Има слики од некој специфични суштества и кратко објаснување за истите. Баш како еден учебник. Не сум ја читал но сум гледал неколку видеа.
Во скора иднина ќе го ставам зш сеа и баш немам време. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom