Од Де Јонг до Касемиро.
Додека не доведат квалитетни луѓе за спортска политика, никогаш нема да ги биде.
Рагник беше исмеван, но грешка им е што не го оставија како што беше планирано да го реорганизира тој дел од клубот, особено затоа што не најдоа соодветна замена.
На крај, оставија на тренер, кој мораше да се потпира на стари врски, а и да удоволува на тие што го водат клуб. Исходот е катастрофален.
Уште една година фрлена во вода, а уште не ни почнала асално сезоната.
Веќе прашање е колку време ќе треба да ги стигнат Арсенал и Тотенхем, Њукасал е во налет, Челзи не очекувам толку да се распадне во наредниот период како што некои прогнозираа.
Ајде, некој од овие и да падне, сепак тешко е дури три клуба, а толку му треба на Манчестер за да дојде до место во ЛШ. За прво место е глупо да се зборува.
Не знам дали веќе се свесни клубот и навивачите во каква лоша ситуација се? Сега е толку оголено колку стануваат непривлечна дестинација.
Многу тешко ќе можат да им конкурираат на врвните клубови, без разлика колку пари ќе понудат за некој фудбалер. Мора целосно да сменат пристап.
Најидиотски воден клуб, дури бетер и од Барса со претходното раководство, италијанските клубови што паднаа, колку и да беа лошо водени, глупо е да ги споредуваш, затоа што за разлика од Манчестер, немаа пари.