Фудбалски/трансфер дискусии

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.311
Manchester United are interested in signing Casemiro from Real Madrid, as they're finding it difficult to sign Frenkie De Jong.

(Source: @marca)
Добар одговор на ова има :D

BREAKING: I'm interested in going on a date with Margot Robbie, as I'm finding it difficult to date Natalie Portman.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.050
Поени од реакции
6.657
Автоматски споено мислење:

колку желби само....... подобри од рабио има во секој премиер лигаш, нека го купат пола брентфорд и уште некој колач од брајтон и волвс да закрпат бар нешто годинава..... реално
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.841
Поени од реакции
24.272
Нема недопирлив играч во Реал за правата цена. Касемиро е круцијален играч за Реал, се виде тоа многу убаво минатата сезона против Сити првата утакмица каде што секој напад беше шанса за гол на Сити.

Но, доколку изрази желба, Реал нема да го држи со сила, истото го направија со Озил, Ди Марија, Рамос, Роналдо и Варан, од поновиве. Е сега, Јунајтед ќе треба да ги понуди истите пари како за Де Јонг или повеќе од причина што Касемиро има договор до 2025та, Анчелоти не сака да си отиде а и е топ 5 играчи на неговата позиција.

Не би му било проблем од Модрич и Крос да се префрли на МекТоминеј и Фред, ниту па да игра ЛЕ зашто ем ќе му истурат цела планина пари ем е веќе изреализиран како фудбалер (се што може да се освои на клубско ниво има освоено, по повеќе пати).
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.762
Поени од реакции
13.410
Од Де Јонг до Касемиро.:confused:

Додека не доведат квалитетни луѓе за спортска политика, никогаш нема да ги биде.

Рагник беше исмеван, но грешка им е што не го оставија како што беше планирано да го реорганизира тој дел од клубот, особено затоа што не најдоа соодветна замена.

На крај, оставија на тренер, кој мораше да се потпира на стари врски, а и да удоволува на тие што го водат клуб. Исходот е катастрофален.

Уште една година фрлена во вода, а уште не ни почнала асално сезоната.

Веќе прашање е колку време ќе треба да ги стигнат Арсенал и Тотенхем, Њукасал е во налет, Челзи не очекувам толку да се распадне во наредниот период како што некои прогнозираа.

Ајде, некој од овие и да падне, сепак тешко е дури три клуба, а толку му треба на Манчестер за да дојде до место во ЛШ. За прво место е глупо да се зборува.

Не знам дали веќе се свесни клубот и навивачите во каква лоша ситуација се? Сега е толку оголено колку стануваат непривлечна дестинација.

Многу тешко ќе можат да им конкурираат на врвните клубови, без разлика колку пари ќе понудат за некој фудбалер. Мора целосно да сменат пристап.

Најидиотски воден клуб, дури бетер и од Барса со претходното раководство, италијанските клубови што паднаа, колку и да беа лошо водени, глупо е да ги споредуваш, затоа што за разлика од Манчестер, немаа пари.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.521
Поени од реакции
62.374
Jунајтед ти е како да ставиш таксист да вози авион, и да се надеваш дека нема да го лупне авионот од земја. Така некако иде назначувањето на раководните лица и оние кои ја креираат трансфер политиката. Играчи бираат на еци-пеци-пец.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom