Ај сеа кажи зошто Суарез отиде во Ливерпул на времето? Свесен си какво дно беше Пул во тој момент? Имам уште милијарда вакви примери ама излишно е да набројувам. Некогаш има и други фактори во игра освен јачината на клубовите во дадениот момент, пример во ПСЖ би бил само дел од тимот во кој главни ѕвезди се Нејмар, Мбапе, Икарди и компанија, а во Интер ќе биде носител на средниот ред и најдобар играч покрај Лукаку и Лаутаро. Немој да ме сфатиш погрешно, не дека би му било лошо во ПСЖ или дека нема да постои таму, само пробувам да ти доловам логика зошто би прифатил да оди во Интер, ако воопшто прифати.
Муабетот ми е дека не секогаш играчите прифаќаат и се тепаат за најдобрите 3-4 тима во Европа во даден момент, туку дека има и други фактори.