Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

Член од
12 ноември 2009
Мислења
86
Поени од реакции
6
Драк, добредојде на форумов.
Како прво реченица која највеќе ми влезе во око: Во АМC во случај да купиш апарат со алкални батерии даваат и гратис полнач.
- Ако ти придава литиумска батерија МОРА да ти даде полнач. Замисли купуваш мобилен телефон без полнач за батерија, ?А
И провери си по интернет што се треба да има во пакувањето. Да не ти фали некое кабле или нешто слично. Уствари батали АМЦ. Јас од таму ни мауспад не би купил, а не па нешто посложено.


До 100 евра, јас топло ти го препорачувам Canon PowerShot A495, го имаш во Pix+.
Или евентуално Nikon CoolPix L22.

Ги препорачувам затоа што имам гледано фотографии направени со канонот и се сосема коректни за тие пари дадени за опрема. Никонот е негов директен конкурент. Е сеа не знам каква е состојбата со Самсунг во Македонија, може и нивни модели да разгледаш. Останатите производители или не нудат апаратчиња до 100 евра или поарно со камерата од мобилниот да фотографирам отколку со такви играчки.

Кога сме кај батериите. јас препорачувам АА rechargeable батерии, затоа што за 1000 денари си купуваш 4 батерии со полнач и со нив се убиваш од чкрапање. Лесно се наоѓа полнач за такви, ако ти го заборавиш својот, или ако ептен зачкрипи можеш во било која поголема продавница да купиш алкални батерии и да завршиш работа. Литиумските батерии не држат толку долго колку овие претходните. И плус мораш да имаш специјален полнач за нив. Ако цркне батеријата не ти се исплати да купуваш нова бидејќи во тој случај повеќе ќе ти се исплати да купиш целосно ново апаратче.

Толку од мене, нека надополнат и другите со по некој корисен совет.

И за крај не купувај од АМЦ.
Tonchie, благодарам за советот.... сепак тоа за полначот ми е јасно, знам дека ако апаратот има литиумска батерија мора да има и полнач, доколку е со АА алкални батерии во тој случај нема полнач со апаратот, туку тие го даваат гратис ако сакаат :)

Како и да е јас се одлучив на литиумска батерија, само уште да одберам помеѓу: Canon A3100 и Nikon Coolpix S2500. Цената им е слична, и двата апарати се со литиумска батерија, 12MP, 4 x Optical zoom, но мислам дека Canon-от има многу повеќе функии.

Помогнете да ја решиме оваа дилема, ако може побрзо :salut:
 

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
Разлика помеѓу никон д5000 и никон д3100?
што би било подобро ?
и што мислите за оние Manufacturer refurbished производи ? ги бива или јок ?
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.307
Поени од реакции
3.696
Бидејќи стариот апарат ми откажа доверба, заинтересиран сум да земам нов и ми треба совет бидејќи не се разбирам многу од фото опрема.
Сакам да земам фотоапарат (буџет до 200-250 евра) и разгледував неколку модели:

Nikon CoolPix L110, Nikon CoolPix L120


FujiFilm FinePix S2950, FujiFilm S1600


Canon PowerShot SX130IS


Ваши искуства, предлози?
Го имам канонот 130 , во послено време најдобро потрошеноте 13500 + 1000 за полнач со 4 батерии, мемориска 2гб и “торба“...
за хоби сликање совршено...
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Има ли кај нас (и каде) футрола за апарат, која не пропушта вода т.е. да можам да сликам под вода со апаратов.

Имам SONY DSC-H20


Барам нешто вакво:

 

merlin

Мадридистика...
Член од
29 јуни 2006
Мислења
543
Поени од реакции
119
Здраво на сите и од мене.
Сакам да земам некој дигитален апарат, некој поефтин бидејќи ми треба чисто онака за аматерски слики, значи до кај 100 евра. Се распрашував по некои луѓе и ми рекоа дека најдобро би било да земам Canon, Nikon, Kodak, не дека другите (како Samsung, Panasonic, Sony...) се лоши, но сепак имало разлика. Ми рекоа дека квалитетот на сликате не зависи од резолуцијата (Mp) туку од леќата, секако за тоа немам појма. И како главен проблем ми е дали да биде со алкални или литумска баретија. Некои велат дека литумската батерија траела многу подолго време, но можела да се расипе, а тешко били да се најде потоа иста таква. :toe:

Јас имам во предвид еден Canon A310, 12Mp, 4x Optical zoom со литиумска батерија. (Во АМC во случај да купиш апарат со алкални батерии даваат и гратис полнач)
Па затоа другари ќе ве замолам ако сакате да дадете некој совет за која марка и со каква батерија е подобро. Благодарам :salut:
Друже. И ја барам истото :) И ја имам слушано од други дека не биле многу важни мегапикселите.. туку леќата, резолуцијата (штотијазнам). Кога сме кај батериите... не би ти препорачал обични батерии (значи да си земеш со литиумска) затоа што иам Samsung S85 со обични ... е сеа дали е до него или до батериите... сум се изнамачил...затоа сакам нешто ново (нешто исто како што бараш ти)

п.с. оф.топик: Самсунгот мој се заглави објективот ... ставај му и нови батерии, џабе! има веќе два-три дена... коа ќе стегнеш On се пушта звукот за Low Battery (и со нови батерии) и ни црно ни бело ... така си стои ..чаре?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.496
Поени од реакции
8.017
А какви батерии ставаш во него. Алкални од продавница или батерии кои може да се надополнуваат (по можност SANYO со капацитет над 2000 mAh).

Јас купив такви за самсунгчето на сестра ми, и се убива од фотографирање. Можда треба да и купам уште една картичка бидејќи оваа што ја има ја полни со едно полнење на sanyo батериите.
 

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
дечки имам двоумица..

Nikon d40
Nikon d80
Canon Eos1000D

anyone?
 

merlin

Мадридистика...
Член од
29 јуни 2006
Мислења
543
Поени од реакции
119
А какви батерии ставаш во него. Алкални од продавница или батерии кои може да се надополнуваат (по можност SANYO со капацитет над 2000 mAh).

Јас купив такви за самсунгчето на сестра ми, и се убива од фотографирање. Можда треба да и купам уште една картичка бидејќи оваа што ја има ја полни со едно полнење на sanyo батериите.
Абе од коа се заглави, право да ти кажам му стаив нови од продавница Panasonic ААА (демек со слика на нив со фотоапаратче) иам и едни Варта на полнење...ќе пробам и со нив... ама не верувам ... изглеа чарето е нов :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.496
Поени од реакции
8.017
Првиот СЛР апарат на Zewlean Icarus познат во андерграунд круговите на македонските уметници, мислам дека сеуште фотографира со него.
Како и секаде, така и во SLR апаратите има класна разлика, а D80 е повисока класа од ентри левел D40 и 1000D.

Патем ако се палиш на бројки земи со го 120ката :) Потоа ако сакаш напредок, ќе се одлучиш за некој SRL апарат :)
 
П

Пепси_

Гостин
Дигитален фотоапарат BENQ
-14 mpix
-оптички зум 5x
-супер макро 5cm
-ISO 100-6400
-видео 1280x720 (720p)
-HDR технологија

Па стручњаци што мислите за овие перформанси од оваа марка на дигитален апарат за цена од 4 илјади денари (на промоција им бил со гаранција од 1 година) ?
Да се зима или не ? Добар е што мислите вие ? Јас не се разбирам многу но сакам да слушнам мислења дали е добар за овие пари (искрено мене ова марката ми мати есапот) и продавачот вели деха HD снимал/сликал :) така некако ако го разбрав добро. Па чекам искрени информации што побрзо. :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
JAs mislam vo nikoj slucaj no ti si znaes. Sum videl aparatite od 4000denari kakvi sliki vadat pogledni na pc i sporedi so nekoj so isti performansi ama 8000denari i se ke ti stane jasno
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Дигитален фотоапарат BENQ
-14 mpix
-оптички зум 5x
-супер макро 5cm
-ISO 100-6400
-видео 1280x720 (720p)
-HDR технологија

Па стручњаци што мислите за овие перформанси од оваа марка на дигитален апарат за цена од 4 илјади денари (на промоција им бил со гаранција од 1 година) ?
Да се зима или не ? Добар е што мислите вие ? Јас не се разбирам многу но сакам да слушнам мислења дали е добар за овие пари (искрено мене ова марката ми мати есапот) и продавачот вели деха HD снимал/сликал :) така некако ако го разбрав добро. Па чекам искрени информации што побрзо. :)
-14 мегапиксела е солидно, не знам каков процесор има да знам каква слика вади

-Тоа оптички зум изглеа никој не го сфаќа ко шо треба
Кажи ти колку се отвара објективот во милиметри (пр. 18-55mm значи дека при најодзумирано факторот е 18, при најзумирано факторот е 55 (ќе го наречам фактор иако може не е точниот збор) кога ќе поделиш поголемиот број со помалиот го добиваш оптичкиот зум 55/18=3.3 = мојот DSLR од 25.000 денари има само 3.3 оптички зум. поентата ми е - НЕ ЗНАЧИ НИШТО тоа колку пати оптички зум има)

- Макро од 5 сантима не е СУПЕР макро али ај, солидно е

- ISO-то е океј, и не се палете на исо пошо повеќе од 400 нема да користите (800 преку сила) пошто многу шум ќе ви има сликата

- Видео резолуцијата е солидна дефинитивно, тоа што треба да дознаеш е со колку ФПС е снимката при таа резолуција

- HDR технологија? не капирам шо е ова, ваљда не слика 3 слики одма и ги прави HDR (high dynamic range)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom