Ако ги споредиш апаратите, Фуџито може да ти е добар избор (
http://www.dcviews.com/_fuji/s3400.htm - голем ISO range, двоен стабилизатор, добар сензор, мануелен фокус (има прстен на објективот што е изгледа за тоа, не сум сликал со ваков па да ти кажам сигурно).
На друго место е Никонот, на однос цена и што добиваш за таа цена. Има добар објектив (никор), стабилизатор, солиден сензор, итд итд.
Не би го зел Пентаксот прво заради огромната цена која ја има, друго најдолгиот shutter speed е 4 секунди, нема bulb, што е малце глупаво на толку скап апарат. Почнува од 26 мм, Фуџито од 24 (поширок е за пејсажи, блендите се исти на минимум f3.1). Исто и Фуџито има 28x оптички зум, Пентакс 26 што е нијанса помалце. Сметај дека кога ќе додадеш торбица, картичка и батерии на Пентаксот ќе дојдеш до 23000 денари отприлика што и не е баш малце за таков апарат.
Совет за крај, заштеди уште нешто пари или пак за овие најди некој стар Никон Д60, Д3000, Д3100, Канон 450Д кои се барем DSLR, подобри фотки вадат и може да научиш многу повеќе од нив отколку од полу-идиотчињата што си ги постирал погоре. Горенаведените апарати се поскапи туристички апаратчиња, entry level DSLR апаратите се помоќни од нив на многу нивоа.