- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 86
- Поени од реакции
- 6
Tonchie, благодарам за советот.... сепак тоа за полначот ми е јасно, знам дека ако апаратот има литиумска батерија мора да има и полнач, доколку е со АА алкални батерии во тој случај нема полнач со апаратот, туку тие го даваат гратис ако сакаатДрак, добредојде на форумов.
Како прво реченица која највеќе ми влезе во око: Во АМC во случај да купиш апарат со алкални батерии даваат и гратис полнач.
- Ако ти придава литиумска батерија МОРА да ти даде полнач. Замисли купуваш мобилен телефон без полнач за батерија, ?А
И провери си по интернет што се треба да има во пакувањето. Да не ти фали некое кабле или нешто слично. Уствари батали АМЦ. Јас од таму ни мауспад не би купил, а не па нешто посложено.
До 100 евра, јас топло ти го препорачувам Canon PowerShot A495, го имаш во Pix+.
Или евентуално Nikon CoolPix L22.
Ги препорачувам затоа што имам гледано фотографии направени со канонот и се сосема коректни за тие пари дадени за опрема. Никонот е негов директен конкурент. Е сеа не знам каква е состојбата со Самсунг во Македонија, може и нивни модели да разгледаш. Останатите производители или не нудат апаратчиња до 100 евра или поарно со камерата од мобилниот да фотографирам отколку со такви играчки.
Кога сме кај батериите. јас препорачувам АА rechargeable батерии, затоа што за 1000 денари си купуваш 4 батерии со полнач и со нив се убиваш од чкрапање. Лесно се наоѓа полнач за такви, ако ти го заборавиш својот, или ако ептен зачкрипи можеш во било која поголема продавница да купиш алкални батерии и да завршиш работа. Литиумските батерии не држат толку долго колку овие претходните. И плус мораш да имаш специјален полнач за нив. Ако цркне батеријата не ти се исплати да купуваш нова бидејќи во тој случај повеќе ќе ти се исплати да купиш целосно ново апаратче.
Толку од мене, нека надополнат и другите со по некој корисен совет.
И за крај не купувај од АМЦ.
Како и да е јас се одлучив на литиумска батерија, само уште да одберам помеѓу: Canon A3100 и Nikon Coolpix S2500. Цената им е слична, и двата апарати се со литиумска батерија, 12MP, 4 x Optical zoom, но мислам дека Canon-от има многу повеќе функии.
Помогнете да ја решиме оваа дилема, ако може побрзо :salut: