Дали денеска наидовте на интересна фотографија која ви остана во? Слободно споделете ја тука. Не би било во ред доколку постираме само фотографија според мене најдобро би било да постираме по една фотографија дневно и вооедно да напишеме нешто под неа во врска со фотографијата што е тоа што ја прави фотографијата да биде на денот и како ја доживуваме истата и сл.
Оваа фотографија ја најдов случајно на интернет и навистина премногу ми се допадна. На оваа фотографија навистина би сакал да го доживеам и јас истото што е на сликата, би сакал да бидам таму и да возам по тој пат или едноставно да погледнам нагоре кон ѕвездите, да го доживеам тоа одлично чуство, затоа сакам да ја споделам со вас бидејќи оваа фотографија за мене е Фотографија на денот.
Која е вашата фотографија на денот?