Денеска наидов на оваа фотографија каде што хумани луѓе помогнаа на ова кученце да продолжи со неговиот живот.
Целиот текст:
Уште едно невино суштество би било жртва на човечката суровост да не би била организацијата на љубители на животните "Anima" од Суботица. Тие докажале дека се вистински херои и дека со игнорирање на проблемот тој само се продлабочува.
"Добивме повик надвор од градот, дека на една напуштена фарма во исушен бунар се наоѓа кученце во многу лоша состојба, фрлено во длабочина од 10 метри", објасниле од организацијата на својата Фејсбук страница.
Како да го извлечат преплашеното животинче од толку голема длабочина без опрема? Со помош на пријател! "Глечер вертикал" се приклучил во операцијата за извлекување на кученцето.
"Кога стигнавме видовме дека кучето е во многу лоша состојба, исплашено, дезориентирано и екстремно ослабено. Дадо, храброто момче од компанијата "Глечер Вертикал" ја припремил својата опрема и се спуштил во бунарот. Малото исплашено кученце на почетокот не било подготвено за соработка, 'ржело и не дозволувало да му се приближат после се' што преживеало", објаснуваат спасувачите.
По некое време и покрај тоа што било преплашено почувствувало дека му мислат добро и се смирило.
"Сфати дека само сакаме да му помогнеме и ни дозволи да го извлечеме. Истоштено замавнуваше со својата опашка. По својот херој кој му го спаси животот го добил името Дадо и веднаш бил пренесен на ветринарна. Таму е добро згрижен, прима терапија и моментално закрепнува. Случајот го пријавивме во полиција и очекуваме да се најде сторителот на ова грозоморно злосторство. Тоа што особено не вознемири е дека во бунарот имаше уште еден скелет на куче... изгледа дека неговото завивање не го слушнал никој кој би се загрижил доволно за да побара помош. Сега се бориме за критичната состојба на Дадо кој поминал најмалку 10 дена без храна и вода и цврсто веруваме дека љубовта која му ја нудиме ќе ги избледи сите лоши сеќавања и трауми", велат овие благородни луѓе.