Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

T

Tetro

Гостин
Shame(2011)
Жанр- драма​
Режија: Стив Меквин
Сценарио: Аби Морган, Стив Меквин
Улоги: Мајкл Фасбендер, Кери Мулиган, Луси Вотерс, Џејмс Беџ Дејл
Јас сум фрапирана од филмов!...Позитивно се разбира!...Ова е филмиште, ремек-дело право...!​
Ќе почнам од визуелните ефекти и сценографијата кои се перфектни и обрнувано е внимание дури и на најситниот детал...Глумата е феноменална, посебно на главниот лик во филмот кој мислиш дека е створен единствено во овој филм да глуми и за оваа улога е незаменлив...Музиката е исто така полн погодок...! Немам зборови за режисерот на овој филм, секоја му чест поготово за неговиот перфекционизам за да ги доведе во совршен ред и најситните детали... :cuc:
Е сега за приказната малку...:)
Филмов е за 18+ заради експлицитните и вознемирувачки сексуални сцени...Овој филм не е како оние холивудски срања во кои на крајот секој ќе си го најде патот што му одговара или сите среќно ќе си живеат...​
Брендон е 30 и нешто годишен човек кој живее во елитно преградие на Њујорк, во свој стан, потполно сам...Тој работи во успешна компанија и е деловен човек и во пријателски односи со својот шеф...​
Под сакото и краватата на Брендон се крие суштество зависно од секс, суштество кое бара секс во секоја прилика, пригода...Слободно време кога не е на работа тој го поминува со проститутки кои ги плаќа и после добиената услуга ги фрла како искористено хартиено марамче за нос или па виси пред лап топот гледајќи порнографски сајтови или мастурбира во купатило или ги листа своите порно магазини и сл...Тој не е сексуален манијак или психопат, едноставно како што има потреба за вода и воздух, така тој има потреба и за секс...​
Еден ден во неговиот стан доаѓа сестра му ненајавена и со најдобри намери према него...Од тој момент на него му се урива светот, бидејќи не ќе може од неа да ги извршува секојдневните "активности" во станот...​
Брендон е страшно осамен човек, кој живее во свој свет каде што единствена цел му е да ги остварува сексуалните фантазии и да ги задоволува невидените нагони за добар секс и постојано да пробува нешто ново и да експериментира...При крајот на филмот тоа "експериментирање и желба за ново" ги преминува границите...Во однос на сексот Брендон е ослободен од секаква предрасуда...​
Тој не верува во институција брак и смета дека брачните партнери само го губат времето заедно, досадувајќи се...​
Ваквиот начин на живот на Брендон е самоуништувачки кон него како личност, кон неговиот асоцијален и речиси непостоечки емотивен живот и го турка во све подлабока бездна на осаменост...Тој е свесен за сето тоа, но не може против истото...Свесен е и пати и тоа може да му се забележи на лицето.Шефот на работа му наоѓа еден куп порно клипови во компјутерот, сестра му го фаќа во тоалет како мастурбира и сл...​
Режисерот ја соголува неговата интима до коска!
Од мене оцена 10/10 и напоменувам стриктно за 18+...​
Вака убаво раскажан филм, немам потреба да го гледам, нели. :(
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Вака убаво раскажан филм, немам потреба да го гледам, нели. :(
Нема врска, не е раскажан...Јас го опишувам само главниот лик и ја доловувам суштината на филмот, а за случките низ филмов и за крајот немам спомнувано...Ти гледај го па после ќе кажеш...На zamunda и на rarbg.com го имаш... :)
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Go gledav Man on a ledge pred malku, gledajte go, dobar film, nema neshto specijalno ama dobar e, i malce predvidliv dali namerno ili jas sum mnogu pameten ne znam, znam deka Bene nema nikogas da go sfati, osven so italijanski prevod :D
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479

It's in 3D now! I hope they'll see the iceberg this time
 
H

HoT IcE

Гостин
Дечки ме мрзи да барам тема и да лутам по форум по други теми, па овде ќе прашам.
Зошто неможам да гледам филмови на Кинотека? Што е тоа iLivid, сигурно ли е, и како ќе помогне тоа? o_O
 

SydBarrett

Oh by the way, which one's Pink?
Член од
19 март 2012
Мислења
70
Поени од реакции
35
Дечки ме мрзи да барам тема и да лутам по форум по други теми, па овде ќе прашам.
Зошто неможам да гледам филмови на Кинотека? Што е тоа iLivid, сигурно ли е, и како ќе помогне тоа? o_O
Кинотека ти е живо срање, ретко убав филм, башка многу кочат а во последно неам ни отворено за да гледам.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Јас предлагам да се отворит тема, read only, и да се објаснет сите благодети на денешнава технологија(читај: СПУШТАЊЕ ФИЛМ ПРЕКУ ТОРЕНТ).

Кинотека....
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
M. Фајфер владееше со ликот. :)
Нолан на почетокот викаше дека нема место за Кетвоман (и за некои други ликови) во неговиот "пореален пристап", ама го притиснаа изгледа.
Добро ми изгледа нејзиниов костим (иако не е како тој на Хејл Бери :P ) едноставно али добро, само маската обична што ја носи не ја копчам, секој ќе ја препознае...?
На Бетмен костимот ич не ми се свиѓа... премногу линии и облици, и вратот му изгледа слаб, сега добро тоа е ради функционалност али помоќно изгледа Бетмен со дебел врат :D (како М. Китон у кецот, има изјавувано дека не можел уопште да го врти вратот :) ).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom