Само се прашувам дали ќе им дозволат денес на Вејнс Браќата да направат hard R-rated comedy како во старите добри времиња.
Има тука ептен прашалници.
Прво - дали студиото ќе им даде одврзани раце знаејќи дека тие беа клучот за успесите на франшизава.
Второ и можеби побитно - дали Вајансовци уште можат да бидат добри, ипак времето е непоразено и имаа пар обиди после франшизава ама ништо поуспешно. Вака по интервјуа и настсапи и слично Марлон ми делува ок ама ќе видиме во филм форма како ќе биде (и како што кажа, да видиме што ќе направи студиото)
Од друга страна пак, дали нивниот хумор би бил интересен и во 2025/26 и дали ќе може сепак се тоа да изгледа свежо.
А има материјал за свежа пародија, овие хорори што сега се успешни не се слешери. У меѓувреме имаше и тренд на found footage што го утнаа и би било добро и тоа да се чепне. Ама новиве хорори се онака, за белци што им е срам да искажат дека се плашат од хорори
Би било добро да го пецнат Ари Астер, кој доби шанса за нешто посериозно благодарение на филм.........за дегенерик црнец кој си го злоставува својот успешен татко црнец и ја трауматизира својата мајка (логично исто така црнкиња)
....за откако ја доби шансата да прави долгометражни филмови целосно да го батали ова и да прави исклучиво филмови со белци
Се надевам ќе ги вратат актерите од првата екипа.
Уште од сега ја замислувам сцената со Ана Фарис кај што ја глуми типката од Мидсомар