Го има ли ова чудо во ХД некако не ми се гледа DVDrip
Не знам, јас на 480p го гледав.
Дански филм е, малку покомлицирано.....мада не е филм со ефекти или не знам што....мислам дека ок ќе ти биде.
--- надополнето: 29 декември 2013 во 21:42 ---
За мене потребни се и двете работи: техниката на снимање и позадината. Земи го на пример Призонерс, и тој е сниман во мало гратче но доловени се кадри од позадината (шумата, реката, куќите) кои предизвикуваат убаво чувство. Во Out of Furnace имаш техника, немаш сет. Тоа не е критика, не е лошо направено, намерно е направено така. Дејството на филмот е во дупка во која ликовите немаат друг избор освен да работат во локална фабрика или да одат во Ирак и слично... Целта на позадината во овој филм не е да се чувствуваш убаво додека го гледаш туку мачно.
Не е толку дарк Out of Furnace, има и дневни екстериери....баш тоа мислам дека му недостасува на филмот (освен што Вуди никад нема да го сварам као насилник)....му фали малку повеќе мачнина...
Prisoners е многу специфичен. Фантастично сработен, екстериерите се снимани со некој сепија филтер со поголема заситеност, за разлика од сцените кои се снимани надвор кои се изразито ладни. Многу добра финта е што и покрај разноразни рефлектори и дифузери, пак го добиле светлото на обична сијалица во затворен простор - жолто-црвеникава боја......меѓу другото имале и среќа со облачното време кое одговара со дождот (пр. во Se7en цело време врне, а во позадина грее сонце)...
Овој ми е еден од филмовите во технички поглед врвно сработен (со Вуди пак
)...бојата, композицијата на сите кадри, врвно сработено......
и Machinist со Бале да не го забораам...