Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Само што го изгледав пак, кое ремек дело, која глума, кои кадри еј... :cuc:. Спектакл!

movie_5575.jpg
 
Тоа што е мрачно и меланхолично не значи дека не е убаво, ете пример на прекрасно

tumblr_mwyz4pIlCe1r5fazco1_1280.jpg


Декстер си имаше многу поголеми маани од боите и контрастот на сликата ;)

Не се разбираме. Филм снимен во дупка не може да изгледа визуелно убаво, без разлика на боите. Дупка си е дупка.

Инаку се разбира дека со добар сет може да се постигне истовремено и мрачна атмосфера и визуелно одличен филм.
 
Не се разбираме. Филм снимен во дупка не може да изгледа визуелно убаво, без разлика на боите. Дупка си е дупка.

Инаку се разбира дека со добар сет може да се постигне истовремено и мрачна атмосфера и визуелно одличен филм.


Тешко е да се дефинира што преставува визуелно задоволувачки филм т.е. сетап - местоположба на снимање. Не е секогаш е поврзано со еден парамтеар од севкупната обработка, него би рекол дека повеќе е склоп на неколку битни сегменти од продукцијата, како и сценографијата на еден филм, завршувајќи со филтерот кој го преферира режисерот како што кажа Vespertine.

Поентата ми е дека не се само Cloverfield, i'm A Legend, Avatar, Pacific Rim визуелно прекрасни филмови, може и буџет филм од 100.000 евра да ми изгледа совршено визуелно. Релативен поим е кој секогаш ми бил тежок за доловување, има милион ситници кои ми влијаат на впечатокот....

На пример кадрите од птичја перспектива во The Killing, перфеткна температура - без гадни филтри кои ги прават текстурите матни, мелахонично - перфектна атмосфера - мистерија = милина!
 
За мене потребни се и двете работи: техниката на снимање и позадината. Земи го на пример Призонерс, и тој е сниман во мало гратче но доловени се кадри од позадината (шумата, реката, куќите) кои предизвикуваат убаво чувство. Во Out of Furnace имаш техника, немаш сет. Тоа не е критика, не е лошо направено, намерно е направено така. Дејството на филмот е во дупка во која ликовите немаат друг избор освен да работат во локална фабрика или да одат во Ирак и слично... Целта на позадината во овој филм не е да се чувствуваш убаво додека го гледаш туку мачно.
 
Прва слика од Бен Афлек од новиот филм на Дејвид Финчер Gone Girl според истоимениот роман. Тие што ја читале книгата веќе знаат за која сцена станува збор во сликата, искрено очекувам филмот да е дури подобар од книгата, ок беше книгата но малку ме разочара, па со оглед на тоа што Финчер е задолжен сигурен сум дека ќе излезе врвен филм. Премиера 03.10.2014

gone-girl-ben-affleck.jpg
 
Она што мисли Псајсајд е чисто ради другиот вид на продукција т.е нивниот квалитет/камера што за големи резолуции добива noise/grainy effect, а тој grainy ефект кога ќе мине низ рипови и рипови е се поголем и полош. Обично на големото платно и колку-толку-на-тв не се примеќа, али на писи монитор разликата е преголема.

А Ио само изиграва знаственик. :D

П.С Тhe Great Beauty многу добар! Конечно сум му седнал. (y)
 
Не се разбираме. Филм снимен во дупка не може да изгледа визуелно убаво, без разлика на боите. Дупка си е дупка.

Инаку се разбира дека со добар сет може да се постигне истовремено и мрачна атмосфера и визуелно одличен филм.
pan's labyrinth нели беше во дупка/пештера и пак излгедаше убаво, ради костимите ваљда
 
После два дена полека почна да се опоравува од ќотекот... :D

Хобитот изгледан. Два збора: Evangeline Lilly :love:

Другото стандард, и небитно...
 
Си го чувам Love Actually за нареднaта недела. :)
Нема друг филм налик на Love Actually ?

Има ама тапа се. Valentine's day, new year's eve се први што ми текнуваат. Во еден од овие и Ането глуми ако те интересира :D
 
Гледај го Mr.Nobody тогаш.
--- надополнето: 29 декември 2013 во 15:50 ---
Има ама тапа се. Valentine's day, new year's eve се први што ми текнуваат. Во еден од овие и Ането глуми ако те интересира :D
Имаше и еден New York нешто имаше во насловот, копија на Love Actually, тешка тапа. Нема ништо слично а добро, колку што знам.
 
Back
На врв Bottom