Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Да си кажиме понешто за Shutter Island. Некои го пофалија, некои и не баш. Мене ми се допадна филмот. Ако го оценувам би му дал нешто над 8. (8,1 8,2)

ВНИМАНИЕ СПОЈЛЕРИ. Не читајте ако не сте го гледале.

Некои рековте бил предвидлив, бил досаден.
Абе, филмот има десет пресврти. И сите ги предвидовте? И мене не беше досаден, сите тие сцените со соновите и халуцинациите беа таму за да создадат амбиент и си имаат своја симболика. Не се за џабе ставени.
Првите предвидувања кај гледачот идат негде кај 50тата минута (а не кај 30тата). И да сите помисливме дека овај маршалов е некако повеќе поврзан со болницата отколку што е претставено на почетокот (ќе го видите во бела облека тогаш, па тогаш кај гледачот идат тие мисли). Па после онај ќе му се обраќа со името на потпалувачот. И тогаш идат сомневања. Овие работи режисерот намерно ги ставил така како што се. Или поинаку кажано:
Филмот не тера нас само да мислиме дека е предвидлив.

Прав „психолошки“ трилер.

И да кажам уште за сличноста со Beautiful Mind што ја спомнаа некои. Ами, тоа е позната ментална болест. И сега ете ако направат еден филм каде ја има не значи дека вториот што ќе го направат не е оригинален. И, Beautiful Mind е правен според вистински настани. Тој човек постоел и ја имал таа болест.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Бјутифул Мајнд е дијамнт во историјата на филмската уметност! Иако го почитувам многу, делото на Мартин Скорсезе, мислам дека Шатер Исланд е една цела класа подоле од Прекрасен Ум. Иако не може директно да се споредат пред се не се ист жарн, но генрално гледано сепак доста подобар филм е Прекрасен Ум. Знам дека не ти беше цел да правиш споредба кој е подобар али имам слабост кон тој филм :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Да си кажиме понешто за Shutter Island. Некои го пофалија, некои и не баш. Мене ми се допадна филмот. Ако го оценувам би му дал нешто над 8. (8,1 8,2)

ВНИМАНИЕ СПОЈЛЕРИ. Не читајте ако не сте го гледале.

Некои рековте бил предвидлив, бил досаден.
Абе, филмот има десет пресврти. И сите ги предвидовте? И мене не беше досаден, сите тие сцените со соновите и халуцинациите беа таму за да создадат амбиент и си имаат своја симболика. Не се за џабе ставени.
Првите предвидувања кај гледачот идат негде кај 50тата минута (а не кај 30тата). И да сите помисливме дека овај маршалов е некако повеќе поврзан со болницата отколку што е претставено на почетокот (ќе го видите во бела облека тогаш, па тогаш кај гледачот идат тие мисли). Па после онај ќе му се обраќа со името на потпалувачот. И тогаш идат сомневања. Овие работи режисерот намерно ги ставил така како што се. Или поинаку кажано:
Филмот не тера нас само да мислиме дека е предвидлив.

Прав „психолошки“ трилер.

И да кажам уште за сличноста со Beautiful Mind што ја спомнаа некои. Ами, тоа е позната ментална болест. И сега ете ако направат еден филм каде ја има не значи дека вториот што ќе го направат не е оригинален. И, Beautiful Mind е правен според вистински настани. Тој човек постоел и ја имал таа болест.
Прво, околу спојлерите: внимание, спојлери... не врши работа :) Не може со едно око да гледаме и да прескокнуваме редови. Употребете го копчето, заради нас на Филм и ТВ го имаат инсталирано.

Второ, филмот е предвидлив толку што тоа боли. Види ја мојата рецензија да не се повторувам. И кај има десет пресврти жити се? Еден пресврт има, кога откриваат дека
тој е тој
. Тоа е, нема ништо друго... Работата е што Скорсезе треба да знае дека излегоа безброј вакви трилери минативе години и веќе сме извежбани, или нека сними нешто оригинално и од сосема друг агол како Departed, или нека не ја заебава публиката со филмови кои секој просечен режисер може да ги направи. Ене види го Nine Dead, сосема просечен филм, малку мистерија, еден заплет, еден пресврт, и толку... што е разликата со филмов на Скорсезе?

Во крајна линија, филмот не е така лош, нас не разочара што е филм на режисер од кој очекуваме повеќе. Да не беше глумата на ДиКаприо, филмов ќе беше пропаст.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Второ, филмот е предвидлив толку што тоа боли. Види ја мојата рецензија да не се повторувам. И кај има десет пресврти жити се? Еден пресврт има, кога откриваат дека
тој е тој
. Тоа е, нема ништо друго...
Епа зависи што сметаш за пресврт.
Тој крајниот е главниот.

Работата е што Скорсезе треба да знае дека излегоа безброј вакви трилери минативе години и веќе сме извежбани, или нека сними нешто оригинално и од сосема друг агол како Departed, или нека не ја заебава публиката со филмови кои секој просечен режисер може да ги направи. Ене види го Nine Dead, сосема просечен филм, малку мистерија, еден заплет, еден пресврт, и толку... што е разликата со филмов на Скорсезе?
Можда не сум ги гледал тие. Можда вкус е во прашање.

Јас не велам дека не е нешто ептен оригинален, ама и дека не е нешто ептен веќе видено. Текот на дејствиоето до некаде е познат, ама има доста новини. И тоа ти е сместено во, според мене, оригинално опкружување (болницата). Па така, ако ги поставиме на вага, новините се потешки отколку веќе познатите работи, барем за мене.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Ај завршно мислење. Филмов има измешани критики, тој е еден од тие филмовии. Некои го сакаат некои го мразат.

Според имдб оценката, на поголемиот дел од публиката им се допадна.

Значи и вкусот е во прашање и тоа колку си гледал филмови слични со овај. Двете работи се. Знам едно, тоа е дека му се допадна и на филмаџии поискусни од сите нас овде.
За мене, дури и да не е оригинален и јас се убедам целосно дека не е, пак ќе велам дека е добар филм. Ако ништо друго, добро склопен филм.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Овој што го оценил највисоко вика:

When was the last time you had to wait until the final sentence of a film to understand all the details?

Па, ја би одговорил, кога го гледав Usual Suspects на времето :pos:
Шала, имаше и други филмови, ама за сите овие важи: колку подоцна ќе го укапираш, повеќе ќе ти се допадне. Ако не го укапираш до крај, ќе мислиш дека е брилијантен.

Се разбира, критиките се измешани секаде, па и на форумов :)
 
Член од
18 март 2010
Мислења
10
Поени од реакции
1
Agent Dale Cooper? Anything you like:). Овде се коментират за све живо и диво. Шо ти лежит на душа, тоa.
Pa aj da pokomentirame malku za David Lynch,dodusa poslednive godini ne e aktuelen so filmovi (Inland Empire 2006).Sakam da vidam vo Makedonija kolku e poznat po svoite filmovi ,osven po Twin Peaks(serijata).
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Искрено од Дејвид Линч немам изгледано ниту еден филм, а гледам некој психолошки трилери прај.
Уживање ми е да гледам трилери, и мислам поретко ги има добри шо се.
Дај некој од овај режисер препорачајте?
или па од било кој, некој подобар трилер (да биди целио заплеткан, докрај) .
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524

Од Линч ми останаа уште 3 филма да изгледам (Eraserhead, Straight Story, Wild At Heart), по мое мислење, овие два му се најдобри, па би ти ги препорачал:

Mulholland Dr. (2001)
Lost Highway (1997)

или па од било кој, некој подобар трилер (да биди целио заплеткан, докрај) .
Ако не си гледал некој од овие :

The Usual Suspects (1995)
Fight Club (1999)
Angel Heart (1987)
Jacob's Ladder (1990/I)
Memento (2000)
The Machinist (2004)
Wild Things (1998)

Мислам дека е добра листава :helou:

А овие 2 од Линч што ти ги препорачав, нема да ти бидат отплеткани ни после крајот. :)

Го заборавив Abre los ojos (1997), и римејкот Vanilla Sky (2001) е добар...

и да прашам дали го гледал некој овој шведскиов трилер - Män som hatar kvinnor (2009)
... aka "Millennium: Part 1 - Men Who Hate Women" - International (English title) (series title)
... aka "The Girl with the Dragon Tattoo"
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
и да прашам дали го гледал некој овој шведскиов трилер - Män som hatar kvinnor (2009)
... aka "Millennium: Part 1 - Men Who Hate Women" - International (English title) (series title)
... aka "The Girl with the Dragon Tattoo"
Ја го имам до негде, една третина од филмот (друг го гледаше ја така видов малце). Интересно изгледа. Еве сега си го ставам на приоритетна листа, ќе го изгледам цел денеска или утре.
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Ја го имам до негде, една третина од филмот (друг го гледаше ја така видов малце). Интересно изгледа. Еве сега си го ставам на приоритетна листа, ќе го изгледам цел денеска или утре.
Чекам да му удриш една рецензија деновиве. :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Го гледаше ли некој Bounty Hunter ?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Без да го гледам ти кажувам дека е тиња. :toe:
 
Член од
18 март 2010
Мислења
10
Поени од реакции
1
Искрено од Дејвид Линч немам изгледано ниту еден филм, а гледам некој психолошки трилери прај.
Уживање ми е да гледам трилери, и мислам поретко ги има добри шо се.
Дај некој од овај режисер препорачајте?
или па од било кој, некој подобар трилер (да биди целио заплеткан, докрај) .
Sega jas vaka kako za tebe ke ti preporacam po koj redosled da gi gledas tie so se psiholoski trileri( a Lynch inaku ne se zadrzuva samo na eden zanr,ostava gledacot vo nekoj od filmovite sam da si go donese zaklucokot,pa zatoa i treba da gi gledas povekepati ):
prvo ti preporacvam da pocnis so Blue Velvet (1986)-filmov e klasika, Denis Hooper ima nezaboravna uloga kako negatvec;potoa mislam bi trebalo da odis
so serijata Twin Peaks,pa posle nea filmot Twin Peaks:Fire Walk With Me(1992), mora prvo serijata da ja gledas pa posle filmot(iako dejstvieto vo filmot e pred dejstvieto voserijata)oti nema da go imas toj efekt sto e potreben;pa izmegu tuka bi mozel da go izgledas Wild at Heart(1990)iako ne e bas nekoj psiholoski triler,kolku da se zagrees za naredniot so idi vo mojot redosled, vo taka narecenata TRIOLOGIJA (jas si ja imam nareceno taka ,iako filmovite ne se povrzani megu sebe) : Lost Highway (1997) , Mulholland Dr (2001) i Inland Empire (2006). E posle koga ke se naviknis na stilot na D. Lynch (a ima mnogu sto ne se naviknuvaat),mozes da go gledas Eraserhead (1977); i drugite veke ne mozime da gi stavime vo zanrot trileri : The Elephant Man (1980), Dune (1984) -Sci fi i The Straight Story (1999). Inaku Lynch e 3 pati nominiran za Oscar za najdobar reziser,i 1 za scenario.Isto taka e poznat po toa deka ne saka da sorabotva so holivudskite producenti a i tie so nego,no sepak e mnogu cenet vo svetot na filmot. Na primer mu bese ponuden da go rezira Star Wars:Episode VI -Return of the Jedi (1983) ..... A isto e poznat i po svojot stil,za koj na primer vo filmovi kako Donnie Darko, Vanila Sky itn. velat deka sodrzat Lynchian elements.....Napisav referat ,no tolku za David Lynch zasega od mene.Inaku za mene Best living director !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom