Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.904
Поени од реакции
6.199
- Секогаш треба да се биде добар. Без оглед дали некој ќе ви се заблагодари или не, ќе ве памети или не, дали ќе возврати или не.

- Животот е како молив, секој ден е сè пократок. Потрудете се да нацртате нешто убаво додека сè уште има од него.

- Ако мрачиш, мрачно е. Ако сјаеш, сјајно е. До тебе е.

- Добрината е преценета, односно обезвреднета!

- Ако некој не може да најде време за вас, не вреди ни да го чекате.

- Понекогаш, без оглед на тоа колку сте мили, колку сте љубезни, колку сте грижливи, колку сакате, тоа едноставно не е доволно за некои луѓе.

Дел од мудростите на Небојша Глоговац.
Кое глумчиште беше...
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Може не донесоа Формула1, али ете го Холивуд.:pos:

Прегледај го приврзокот 341276
А зошто ти е смешно ако градат филмски студија во Скопје?
Гледав интервју со него на ТВ пред месец можда, Миланка Рашиќ зборуваше со него преку некоја платформа (скајп можда) и го кажуваше Малкович истово.
Јас па се израдував :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.187
Поени од реакции
10.204

Зашто неверојатно ми е да се случи нешто толку добро во земјава и сите помпезни најави досега неславно завршиле.

‘Свеж’ пример - Битола филмски град.

Пред три години во Битола беше најавено дека холивудски филмаџии ќе го откупат тој дел од касарната. Во посета на градот тогаш дојде продуцентот Перси фон Лепински, добитник на Оскар за документарен филм, и најави дека холивудска компанија ќе изгради филмско студио и ќе снима игран филм со светски позната филмска ѕвезда, како Мерил Стрип. Битолчани уште ги чекаат и студијата и Мерил Стрип.
Статијава од кој е изваден цитатот е од 2017 година, а муабетите за филмскиов град пишува дека се од 2013, иако мислам дека и од пред 2013 се збореше тоа.
После 10 години, ни Ф од филмскиот град нема во Битола, камоли холивудски филмови да се снимаат.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.187
Поени од реакции
10.204
Кој и да сака да прави такво нешто, нашиве ќе му побараат рекет, и ко ќе види со кој си има работа, пат под нозе и ќе си замине. Засекогаш.
Ем тоа, ем прекрасните патишта и хигиена, одма ќе го разубедат.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.544
Поени од реакции
29.116
Не сум сигурен дали 2015 или 2016 беше, ама имавме 3ца гости еден од Јапонија и двајца од Сан Франциско, од оние скаути за локации што бараат за филмови. Сите тројца го кажаа истото, имате преубава држава со одлични локации за снимање ама инфраструктурата ви е катастрофална, тоа е најголем проблем. Нема теорија да се донесе сериозна екипа и опрема тука. Јапонецот беше толку разочаран што викаше не ми се верува дека ќе ме платат за доаѓањево тука.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.944
Поени од реакции
23.771

Ама на која инфраструктура па во Малта се имаат снимено такви филмови?
Тука кога се снимал Гладијатор уште коњи шетале по улиците.
Минхен, филмот на Спилберг, сцената во која има детонација на бомба во хотелската соба е снимен буквално во хотелот од кој ми гледа терасата, можам и слики да ви пуштам ако не ви се верува. Хотелот и ден денес изгледа онака како што е во филмот, а во филмот сцените од хотелот се сместени во 1973(?) Значи катастрофа, дупки улиците, ужас. Се чудев кога го гледав филмот како го избрале токму ова место за снимање на филмот.

1660120779143.png

1660120793633.png

Истотака местото каде е снимена сценава е во катастрофална состојба денес, а можам да замислам како било 2004та или 2005та кога го снимале филмот...

1660120069739.png

Попај филмот со Робин Вилијамс е сниман во еден уџум скриен залив, каде патот додека да стигнеш е толку тесен што има место за едвај една кола а иде во двата правци. :facepalm: Не си свесен кои борби ги имав кога отидов да го посетам. Има една мала ширинка и таму чекаме да се разминеме. Го гледаш дека иде од далеку и се тргаш малку на страна иначе чорба, се заглавивте.

Не знам како успеале овде во тоа време да направат и цело селце за потребите на филмот, ептен непристапно...

1660120193917.png

Гледав и како се снимаше "13 Hours : The Secret Soldiers of Benghazi" и улицата вака изгледаше тогаш. Сликата од гугл мапс е само една година по снимањето на филмот, сега малце ја потсредија.

1660120517654.png

Да не зборам уште многу други филмови кои се имаат снимено тука, ама според мене тоа со инфраструктурата на јапонецот е само изговор, односно мислам дека како Македонија во околината има и други држави со слични убавини па пре би иделе Бугарија, Романија, Србија затоа што нивната големина и филмска историја има повеќе да понуди.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
сите помпезни најави досега неславно завршиле.

‘Свеж’ пример - Битола филмски град.
нашиве ќе му побараат рекет
одлични локации за снимање ама инфраструктурата ви е катастрофална, тоа е најголем проблем. Нема теорија да се донесе сериозна екипа и опрема тука
Сè е ова точно, плус Малкович кажа тогаш на интервјуто дека е во процес на барање пари за да го направи студиото, така што да - може да се откаже или да се оддолжи.
Ама па за инфраструктурата, ете примерите на SK-92 сите се со лоша инфраструктура или непристапни места? Може па рекет не им барале таму, барем една пречка помалку имале? :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.205
Поени од реакции
42.949
Не сум сигурен дали 2015 или 2016 беше, ама имавме 3ца гости еден од Јапонија и двајца од Сан Франциско, од оние скаути за локации што бараат за филмови. Сите тројца го кажаа истото, имате преубава држава со одлични локации за снимање ама инфраструктурата ви е катастрофална, тоа е најголем проблем. Нема теорија да се донесе сериозна екипа и опрема тука. Јапонецот беше толку разочаран што викаше не ми се верува дека ќе ме платат за доаѓањево тука.
што и фали на инфраструктурата, да не очекуваат некој да им прави аутобан до мариово за снимање филмови?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.544
Поени од реакции
29.116
У случајов со Јапонецот повеќе збореше за авионски пристап, хотелско сместување и слично. Тогаш не постоеше ни Хилтон ни Мериот. Ниту пак имаме спремни студија што би изнајмиле опрема, тоа значи дека ќе треба да бараат од регионот или да носат нивна што е прескапо. Јас навивам да се отвори, ама голем скептик сум.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom