Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
А зошто ти е смешно ако градат филмски студија во Скопје?
Гледав интервју со него на ТВ пред месец можда, Миланка Рашиќ зборуваше со него преку некоја платформа (скајп можда) и го кажуваше Малкович истово.
Јас па се израдував :)
Зашто неверојатно ми е да се случи нешто толку добро во земјава и сите помпезни најави досега неславно завршиле.

‘Свеж’ пример - Битола филмски град.

Пред три години во Битола беше најавено дека холивудски филмаџии ќе го откупат тој дел од касарната. Во посета на градот тогаш дојде продуцентот Перси фон Лепински, добитник на Оскар за документарен филм, и најави дека холивудска компанија ќе изгради филмско студио и ќе снима игран филм со светски позната филмска ѕвезда, како Мерил Стрип. Битолчани уште ги чекаат и студијата и Мерил Стрип.

Статијава од кој е изваден цитатот е од 2017 година, а муабетите за филмскиов град пишува дека се од 2013, иако мислам дека и од пред 2013 се збореше тоа.
После 10 години, ни Ф од филмскиот град нема во Битола, камоли холивудски филмови да се снимаат.
 
Кој и да сака да прави такво нешто, нашиве ќе му побараат рекет, и ко ќе види со кој си има работа, пат под нозе и ќе си замине. Засекогаш.
Ем тоа, ем прекрасните патишта и хигиена, одма ќе го разубедат.
 
Не сум сигурен дали 2015 или 2016 беше, ама имавме 3ца гости еден од Јапонија и двајца од Сан Франциско, од оние скаути за локации што бараат за филмови. Сите тројца го кажаа истото, имате преубава држава со одлични локации за снимање ама инфраструктурата ви е катастрофална, тоа е најголем проблем. Нема теорија да се донесе сериозна екипа и опрема тука. Јапонецот беше толку разочаран што викаше не ми се верува дека ќе ме платат за доаѓањево тука.
 
Ама на која инфраструктура па во Малта се имаат снимено такви филмови?
Тука кога се снимал Гладијатор уште коњи шетале по улиците.
Минхен, филмот на Спилберг, сцената во која има детонација на бомба во хотелската соба е снимен буквално во хотелот од кој ми гледа терасата, можам и слики да ви пуштам ако не ви се верува. Хотелот и ден денес изгледа онака како што е во филмот, а во филмот сцените од хотелот се сместени во 1973(?) Значи катастрофа, дупки улиците, ужас. Се чудев кога го гледав филмот како го избрале токму ова место за снимање на филмот.

1660120779143.png

1660120793633.png

Истотака местото каде е снимена сценава е во катастрофална состојба денес, а можам да замислам како било 2004та или 2005та кога го снимале филмот...

1660120069739.png

Попај филмот со Робин Вилијамс е сниман во еден уџум скриен залив, каде патот додека да стигнеш е толку тесен што има место за едвај една кола а иде во двата правци. :facepalm: Не си свесен кои борби ги имав кога отидов да го посетам. Има една мала ширинка и таму чекаме да се разминеме. Го гледаш дека иде од далеку и се тргаш малку на страна иначе чорба, се заглавивте.

Не знам како успеале овде во тоа време да направат и цело селце за потребите на филмот, ептен непристапно...

1660120193917.png

Гледав и како се снимаше "13 Hours : The Secret Soldiers of Benghazi" и улицата вака изгледаше тогаш. Сликата од гугл мапс е само една година по снимањето на филмот, сега малце ја потсредија.

1660120517654.png

Да не зборам уште многу други филмови кои се имаат снимено тука, ама според мене тоа со инфраструктурата на јапонецот е само изговор, односно мислам дека како Македонија во околината има и други држави со слични убавини па пре би иделе Бугарија, Романија, Србија затоа што нивната големина и филмска историја има повеќе да понуди.
 
Не сум сигурен дали 2015 или 2016 беше, ама имавме 3ца гости еден од Јапонија и двајца од Сан Франциско, од оние скаути за локации што бараат за филмови. Сите тројца го кажаа истото, имате преубава држава со одлични локации за снимање ама инфраструктурата ви е катастрофална, тоа е најголем проблем. Нема теорија да се донесе сериозна екипа и опрема тука. Јапонецот беше толку разочаран што викаше не ми се верува дека ќе ме платат за доаѓањево тука.

што и фали на инфраструктурата, да не очекуваат некој да им прави аутобан до мариово за снимање филмови?
 
Починала Anne Heche, по тешка сообраќајка :(

Веројатно сите ја паметиме по главната улога во Six Days, Seven Nights кај што му беше партнерка на Харисон Форд. Филм што го растурија од вртење Сител, а неколку пати сум го начекал и на Фокс.

416742b0-0ec3-11eb-9ffd-c00db02a6842
 
Рано е да се прогнозира за фаворити за Оскари ама изгледа го имаме првиот кандидат за Златна малина. Одамна немам видено полоша глума од онаа на Крис Еванс во The Gray Man. Никогаш не сум го сметал за добар актер ама ова беше кринџ до максимум.
 
Најдобриот актер на светот пунел 79 години денес. А никој да пише... И вие сте биле филмаџии. Среќен нека му е роденденот на Де Ниро, и уште многу јаки филмови да гледаме со него.
 
Уште еден коментар за Bullet Train, многу луд и добар филм! Да искочи на торент ќе го репризирам пак обавезно. Дефинитивно Гај Ричи вајбс имаше. А, прочитав и коментар дека му фалел Тарантино на филмов. Не ти треба Тарантино завршница ако цел филм е Тарантино. На моменти се осеќав ко да го глеам Kill Bill.

9/10
 
Back
На врв Bottom