Изненадувачки муабети од Злате, а 5/5 му дава на Тома.
Ако му наоѓаме мани, филмот нема ама баш никакво сценарио. Рамна приказна од почеток до крај. Тома постојано се вљубува и спас бара у коцка и алкохол. Ништо посебно.
Али знае Бјела да извади емоции бре. Да те растужи, да те насмее. Што год фати како режисер да снима сè му е погодено досега.
Монтевидео филмовите и серијата му беа супер (посебно Монтевидео 2ката кога ја гледав у кино, Југославија на првото светско даваат гол, а мене ме мава еуфорија ко у живо да сум на утакмица и да навивам за нив), Сенки над Балканот серијата досега продукциски најзахтевната серија произведена во Србија и една од најдобрите нивни и сега филмов те пука со емоции иако не си фолкер и обожавател на народна музика).
Имаше пар добри фрази ко онаа, парафразирам: "Сречни људи не пишу песме, мораш да се испрљаш јако, дубоко у блато." Песните онака тужни, али текст со смисла бе, да се соживееш, не Жена од султана, Раста краста шундови.
Посебно ме растужи она сцена кога ја пееше песната за Љиљана, а ретко кога ме растужува филм или ми доаѓаат солзи у очи од филм.
Lip sync-от уопште не ми ни сметаше. Се знаеше дека музиката ќе биде на плејбек и глумците не можат да ги доловат оригиналните гласови.
Смешно ми беше кога ја дадоа сцената со Чола и гледаш некој шутрак што ни малку не личи ниту поседува некој шарм ко Чола.
Имаше нелогичности ко електричната пегла у 1950., грешки ко Saka te Makedonia при крај, лоша фризурка, посебно кај женскиве што можеле да ги малце истапираат, исфризираат место перики да им стават, али пак некако и без приказна филмов погаѓа со самите текстови на песните што ги пишувал човекот и не можам да не му дадам помалку од 4/5.
П.С. вака ко нељубител на народњаци испадна дека сум слушнал 80% од песниве што одеа, само што не сум знаел дека се од Тома, Тозовац, Цуне.