Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
Џемс Бонд новиот, No Time to Die, го има негде да се симне? :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.861
„Тома“ испадна нешто ко што му е „Трето полувреме“ на @Anon - најлошиот филм за кој давам чиста десетка. Лоша шминка, лош lip-sync , претерано многу патетика, непотребно скокање низ времето... Али брате, емоции до бескрај! Плус го имаат толку добро рекреирано духот на времето, што буквално секоја сцена (заедно со сценографија) беше импресивна. Значи ако барате добар филм да гледате, немојте да го пуштате ова. Ама ако сте постари од 35 години, ако песните на Тома Здравковиќ ви значат нешто и ви обележале дел од животот, или ако сте боем барем трошка од тоа колку што бил тој - ова е a must watch за вас.

„Не мери се живот по броју година на који га развучеш, већ колико живота ставиш у сваки дан” :cuc:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Трето полувреме е многу лош филм ако сме реални, ама некои филмови работат на емоции. Исто за Србите на пример, Дара од Јасеновац е одличен филм затоа што емотивно ги погоди, инаку филмски гледано, филмот е разочарување на деценијата. Некои теми се големи и кога некој ќе реши да прави филм, треба навистина да си ја одработи задачата. Треба да има и буџет, и актерска екипа, саундтрак, костимографија, сценографија... се треба да е перфект затоа што некои филмови еднаш се прават.

Од овие причини сум среќен што се откажаа од правење филм за цар Самуил и битката на Беласица, што беше во план пред неколку години. За такво нешто да испадне добро треба буџет и мадиња. Подобро нека најдат начин да ја увалат скриптата на Холивуд, приказната е за епски блокбастер. 14000 ослепени војници се враќаат дома, are you f****** kidding me? Би развалил филмот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.771
Не знам ни една песна од Тома Здравковиќ.
(Дотако' сам дно живота, од него ли е?)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Изненадувачки муабети од Злате, а 5/5 му дава на Тома. :D

Ако му наоѓаме мани, филмот нема ама баш никакво сценарио. Рамна приказна од почеток до крај. Тома постојано се вљубува и спас бара у коцка и алкохол. Ништо посебно.

Али знае Бјела да извади емоции бре. Да те растужи, да те насмее. Што год фати како режисер да снима сè му е погодено досега.
Монтевидео филмовите и серијата му беа супер (посебно Монтевидео 2ката кога ја гледав у кино, Југославија на првото светско даваат гол, а мене ме мава еуфорија ко у живо да сум на утакмица и да навивам за нив), Сенки над Балканот серијата досега продукциски најзахтевната серија произведена во Србија и една од најдобрите нивни и сега филмов те пука со емоции иако не си фолкер и обожавател на народна музика).

Имаше пар добри фрази ко онаа, парафразирам: "Сречни људи не пишу песме, мораш да се испрљаш јако, дубоко у блато." Песните онака тужни, али текст со смисла бе, да се соживееш, не Жена од султана, Раста краста шундови.

Посебно ме растужи она сцена кога ја пееше песната за Љиљана, а ретко кога ме растужува филм или ми доаѓаат солзи у очи од филм.

Lip sync-от уопште не ми ни сметаше. Се знаеше дека музиката ќе биде на плејбек и глумците не можат да ги доловат оригиналните гласови.

Смешно ми беше кога ја дадоа сцената со Чола и гледаш некој шутрак што ни малку не личи ниту поседува некој шарм ко Чола. :D

Имаше нелогичности ко електричната пегла у 1950., грешки ко Saka te Makedonia при крај, лоша фризурка, посебно кај женскиве што можеле да ги малце истапираат, исфризираат место перики да им стават, али пак некако и без приказна филмов погаѓа со самите текстови на песните што ги пишувал човекот и не можам да не му дадам помалку од 4/5.

П.С. вака ко нељубител на народњаци испадна дека сум слушнал 80% од песниве што одеа, само што не сум знаел дека се од Тома, Тозовац, Цуне. :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Сречни људи не пишу песме
Да се надоврзам, пред некој ден гледав документарец за Ерик Клептон. Кога некој ќе ми го спомне Ерик Клептон две песни ми паѓаат на памет одма: Лејла, и Tears in Heaven. Во документарецот кажува дека првата ја напишал кога бил во безнадежно заљубен во жена му на Џорџ Харисон, и многу пател кога го отфрлила. Втората ја напишал кога трагично го загубил синчето.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Да се надоврзам, пред некој ден гледав документарец за Ерик Клептон. Кога некој ќе ми го спомне Ерик Клептон две песни ми паѓаат на памет одма: Лејла, и Tears in Heaven. Во документарецот кажува дека првата ја напишал кога бил во безнадежно заљубен во жена му на Џорџ Харисон, и многу пател кога го отфрлила. Втората ја напишал кога трагично го загубил синчето.
За Tears in heaven мислам дознав во коментари на Јутјуб еднаш кога рандом ја слушав песнава, али стои муабетон. Најдобрите песни што се создадени биле напишани кога авторите биле во депресија, тага, доживеале некоја животна несреќа, невозвратена љубов...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom