Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
14 август 2006
Мислења
45.410
Поени од реакции
84.711
Може малку каснам ама ај да пишам што ми се мота низ глава за Мортал Комбат.

Ми се свиѓа идејата да прават филмови по игри, уште не се погодило да направат некоја што ја имам играно ама нејсе. Искрено се надевам дека тој поджанр ќе стане новиот "суперхеројски филмови", иако делува вака ко да се далеку од тоа, зашто квалитетот на филмовиве е светлосни години зад MCU и ним сличните, ама добро има некаква искра на надеж еден ден да гледам League of Legends франшиза во преполно кино со помпезна атмосфера.

Филмов вака ко за Б-левел филм не беше толку лош, ама ми фалеше повеќе акција, подолги кореографии, повеќе дуели. Малку ми го тупеа со прикаската за која што кога почна реков дека нема да се замарам со прикаската тука сум да гледам нинџи како се тепаат, и така. Ама тумач прикаска имаше па, многу време од филмот на тоа замина. Глумата беше очајна, не дека ептен многу очекував, ама ако планираат нешто франшиза, мора малку повеќе да уложат во кастот, деливерито на дијалозите ми беше ептен шит, поарно само да ќутеа и да се тепаа. Сцените со Ханзо скроз беа бедес, мислам дека требаше цел филм да биде на ниво на сцените со него, особено кога се врати како Скорпион, ама американизацијата и тапата глума на филмов не го дозволија тоа. Океј е, фино си поминав со филмов и покрај работиве што го кажав. Вреди да се даде шанса на овој жанр, особено што ептен солидна акција може да се извади, како и хардкор насилство - нешто што во моментов фали.
ова ми личи ко да не си го гледала стариот Мортал Комбат

многу полош од овој (кој е само лошичок)
 
Последно уредено:
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.225
Поени од реакции
8.332
аиии сине лудница, Јуки изгази и ебам тоа веѓата, иде сега 2 дел да се гледа
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.225
Поени од реакции
8.332
Трејлерот потсетува на Кил Бил :)
точно, крадел тарантино идејава
а и Јуки пее по 1 песна во 2 дела

1621279820932.png


Изгледав и 2 дел од крвава снегулка, и 2 дела од мене се 4/5 препорака
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Многу сме биле блиску до "300 3" (Или би бил...3oo? Или 303? или 900?)

Мислам дека човештвото не било подготвено за.................... геј романса филм за Александар Македонски режирана од Знек Снајдер.

Не знам дали некогаш би билo.

Штета.


1621326541847.png

Најверојатно најконтроверзниот филм на сите времиња би бил.


Ќе имаше расправии за тоа чив е, ќе имаше расправии за тоа дали кога би бил македонец Снајдер би гласал за СДСМ или ВМРО, ќе излезеше муабет дека актерот што го глумел Александар имал прабаба од Бугарија, ќе излезеа религиозни здруженија да се бунат за геј секс сцените, ќе излегоа LGBTQIA+ здруженија да се бунат дека секс сцените се само 3 секунди како и во секој филм и требало да биде подолго од само предигра и сцена кај што двајцата лежат, ќе излезеше некој да се залага за тоа како спартанците не биле добро претставени во филмот, ќе излегоа некои од Индија да кажат дека тие се прапрапрапрапраправнуци на Александар и требало од нив да се побараат права за филмот, ќе излегоа некои што ќе кажат дека исто како и Џокер, и овој филм е проблематичен бидејќи ќе мотивира социјални отпадници да пробаат да одат до Индија да го освојуваат светот....

....и секако, на крај филмот ќе направеше 1 билион долари и лоши критики од сите.

Па тек тогаш ќе имаше муабети за "Aлександер Д ГрЕЈт: Snyder's Cut" и како во филмот имало подолги сцени што го прави филмот подобар. Па #ReleaseSnyderTheGreatCut кампањи, па муабети дека имало сцена во верзијата на Снајдер каде Александар остава аманет да му ја чуваат Македонија, па муабети дека имало deleted nightmare сцена каде на Александар на сон му се јавуваат Клеопатра, Флеш, Бетмен и Роршак и му кажуваат како да се бори, па сцена каде Хефестион е љубоморен што Александар инсталирал Гриндр, па муабети дали стварно имало Гриндр апликација во тоа време, па дали Александар би користел Епл или Андроид, па муабети "Од кај знаеш ти дали имало интернет и мобилни телефони во времето на Александар, исфрлена е историјата за учење, можда и имале", па билион други расправии, па ќе излезе филмот на Disney's HBO Netmax+ стриминг сервисот, па тројца македонци ќе уапсат дека го торентирале филмот наместо оригинал да го гледаат онлајн, па после тоа и Black&White верзија ќе излезе, па и верзија каде нема дијалог, па верзија само со грин скрин, па ULTIMATE COLLECTOR'S BOX ќе излезе па...

Не верувам дека светот некогаш ќе биде целосно спремен за ова.

За жал.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.655
Поени од реакции
59.655
Бидејќи постот на Драгонски беше предолг и секако никој не го прочита, да поиграме една едноставна игра. Копирај и пополни:

Најдобар филм на сите времиња е:

----------------------------------------------
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.547
Поени од реакции
29.136
чисто сумљам дека некој му ги чита постовите
Не можеш толку брзо да читаш колку што он може брзо да искуца. Замисли седиш дома и онакви работи ти паѓаат на памет и си викаш фак ит ќе ги напишам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.192
Поени од реакции
10.214
почнувам да му ги читам објавите и после втората реченица си викам fuck, this shit ain't for me. :D
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Мислам дека човештвото не било подготвено за.................... геј романса филм за Александар Македонски режирана од Знек Снајдер.
Јас до тука стигнав па да кажам: историски е познато дека Александар имал геј романса, што било нормално во тоа време.
Ама не сфатив за кој дел човештвото не е подготвено: за филм што е геј романса, за геј романса на Александар или за таков филм режиран од Снајдер?
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.225
Поени од реакции
8.332
Не можеш толку брзо да читаш колку што он може брзо да искуца. Замисли седиш дома и онакви работи ти паѓаат на памет и си викаш фак ит ќе ги напишам.
пред и потоа хахахахахахахаха
1621342180781.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom