Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Стварно не е повеќе ист квалитетот на филмовите што треба да исполнат Оскаровски стандард за да бидат номинирани. Претходно Оскаровските филмови стварно имаа една друга тежина, квалитет и драж што останаа во историјата како класики. И сега има филмови што се двојат од оваа норма но во глобала ми делува како да квалитет е значително намален.

Но не сум сигурен, можеби сум подостарел и размислувам од една носталгична призма.
Јас се сложувам со тебе... Иритантни трендови, фурање на некои нови текови... Ми пречи дури и споредбата на Френсис со Мерил Стрип. Мерил Стрип има моќ на трансформација за разлика од Френсис која во голема мерка заради личната физиономија има погодени улоги. Не велам дека е лоша глумица ама 3 оскари? Се појавува на Оскари како избркана од дома... Немам ништо против сопствени ставови ама ајде во некоја следна фаза нека почнат во тренерки да одат дека се посебни и необавезни.
Сакам да кажам, сменети се многу работи: од квалитет на филмови, вреднување на фимските улоги па се до пристапот на глумците кон самиот „Оскар“. Недостиг на гламур и големи имиња си го прави своето.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.204
Поени од реакции
10.234
Се прашувам дали пред снимање на сцената специјална дезифенкција направиле на стапалото на Салма :D
Ма каква дезинфекција сестро златна.

Надалеку е прочуено дека ноџето на Селма е слатко као чоколада и тоа од најскапите со млеко од магарица што се правени. За мирисот пак, да не ти кажувам, како во рајска градина исполнета со најубавите цветови од сите страни на светот.

Не дека јас знам, ми кажуваше Милчо, му расправал Квеки на слава кај Мики Џегерица. :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Quo Vadis Aida.

Лепа села, лепо горе останува убедливо на првото место на најдобри балкански филмови.

Ок е филмот. Превише CGI (што е во ред, и беше добро), премалце акција, премалце шокирачи моменти, премалце убиства, премалце хорор, малце емоции, превише трчање на Аида и премногу болење кур од Обединетите Нации.
Најлицемерната организација, заедно со НАТО, Европската унија и САД кога се работи за нешто балканско.

Е сеа, со оглед на тоа што ликот на Аида е измислен, мене не ми е јасно што режисерката сакаше да ни прикаже тука? Пошто ова автоматски паѓа у вода и ми е гајле за трагедијата на едно семејство што ни е прикажано во филмов а во реалноста се изгубени над 1000 семејства.
Дали централна тема е лицемерието на ОН или ужасот предизвикан од паравојската на република Српска на чело со Генералот Ратко Младиќ?
Првото ок, јасна е улогата на овие миротворци од запад. Па колку се криви србите, толку се криви и овие педерчиња холандски за целиот масакр и крвопролевање во Сребреница.
Другото, освен последната сцена каде се гледаа пушки како пукаат низ прозор, друго нешто и не можевме да видиме за да толку не допре и ни остаи кнедла у грло ко што првично беше презентиран филмов тука на форумов.

Филмот се сконцентрира на емоциите и тажната судбина на жените од Сребреница некаде последните 15-20 минути. Претходно саат време беше чисто трчање натака навака, празни преговори, селектирање и пакување на народот и изнесување од базата и ништо друго особено.
И при снимка на јутуб за состанокот помеѓу Младиќ и трите претставници од кампот каде убаво се гледа дека на жената претставник апсолутно ниеден војник не ја допира ниту пак нешто лошо и коментира, у филмот гледаме дека ја фаќаат по нозе и цицки. Глуп детал, ама замараат, ок ете силувале, уау, првпат видено во војна.

Што знам, ок е, се согласувам со номинацијата за Оскар мада Сребреница е тема за многу поемотивен и појак филм.
Лепа села лепо горе иако има и комични моменти сепак појако го претставува тој однос на србин и бошњак пред и за време на војната.

Ничија земља е сосема друга тема.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Времето изминативе 10тина дена во Маврово не беше баш погодено за надворешни активности, па освен што се вратив у пуна форма за гледање филмчиња, со мала гордост можам да пишам дека официјално си го довршив мојот личен каталог за филмови (поголемиот дел го имав направено пред едно 6 години).
Уредени ми се по жанр, по декада, а здравје следен одмор кога ќе имам сакам и по региони/држави.
Уште многу филмови за гледање, многу за репризирање, преценети, потценети..
Ако некој го интересира, тука ми се листите:

Top of the Genres
Best of the Decades

i love movies
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Проверив баш кој добил Оскар таа година, Томи Ли Џонс за The Fugitive, не сум го глеал филмов и никад нема да го глеам.
Не умарај, пропушти еден натпревар од мртвине Интер, или пак на Ватфорд со Мацари и изгледај го филмов.
Не го ни изгледал филмот, а попува тука бем ти крлежот скапан :sakasuste:
Скиреа знаеш дека од тогаш ти го памтам ова, исто и филмов цело време стоеше у букмаркс и цело време ми се моткаше пред очи. Што е најтрагично ете некако му дојде редот, го симнав и стоеше така симнат недела дена може. :D

мртвите Интер велиш, а? хехехееххе

Иначе за Fugitive, ок филм, класична акција од тоа време, тоа е тоа.

Збориме за Оскарот на Томи Ли Џонс во споредба со Леонардо Ди Каприо за Whats Eating Gilbert Grape. Криминално украдена наградата на Лео.
Нема шанси Томи Ли Џонс да е боље таа година.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Уште оваа и следната страна ни останаа да ја завршиме играта на вато наш голем маж, никој не го пиша Ла Ла на 2016 кога бевме :( (гранде ти имаш апсолутна вина за ова не ли пратиш малку???)

ТЕНЕТ (2020) - не памтам дали нешто требаше да се пише збор-два за филмовиве, ама ете број 1 ми е од ланската година.


@wot тебе те чекам на следната страна да ја завршиш играва како што ја заврши ватовата форумска кариера :(
 
  • Хаха
Reactions: wot
Џ

Џонтра Волта

Гостин
@Shawn Spencer објасни ја 3.5ката на летербокс за Quo Vadis, Aida? и хаха реакцијата на мојот пост за истиот филм и истата оценка што ја иам дадено како и ти.

ОДМА! :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.204
Поени од реакции
10.234
@Shawn Spencer објасни ја 3.5ката на летербокс за Quo Vadis, Aida? и хаха реакцијата на мојот пост за истиот филм и истата оценка што ја иам дадено како и ти.

ОДМА! :D
Го изр'ка, го исплука филмот, со плунка, со шлајм со сè, а на крајот му даваш 3.5/5. :D

Толку плукање да му удрев ја, ќе му дадев некоја мртва двојка, не 3.5 што ми е оцена за добар филм.

Аида кога го гледав, го гледав без да трепнам, ти што викаш трчале навака-натака ја не се согласувам. Убаво беше замислено сето тоа трчање. Не беше некое мртвило и не знам зошто би очекувал акциони сцени во драма.
Режисерката сакала да изнуди емоции, а не да ти дигне адреналин со Рамбо сцени и експлозии и кај мене изнуди емоции и кај тие сцени кај што беа кај оној Србинот на договори и кога се молеше Аида за фамилијата кај Холанѓаните, и кога комшивката ја молеше Аида да и го спаси синот.

За разлика од Another Round што беше само добар филм, али не изнуди ништо кај мене, дури и досаден ми беше на моменти.

Aко бирав јас, нит Another Round, нит Аида ќе имаа номинации. На нивно место ќе беа иранскиот Sun Children и тајванскиот A sun, a оскарот ќе му го дадев на Better Days.
Сите три филма со универзална содржина, за разлика од локал патриотскиве воени/поствоени драми.

За Ничија земја и "талентираниот" Данис Тановиќ не сакам ни да трошам зборови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom